Македонија
Без струја утре дел од насебата Горно Лисиче и неколку села
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/5feea7eb-629e-4f6b-b92f-6d45401d5271-266.jpeg)
Без струја утре од 08.30 до 15.00 часот ќе останат дел од потрошувачите во село Сарај кон автопатот Скопје – Тетово и селото Љубин, како и населбата Горно Лисиче на улиците „Тодор Чангов“ и „Ѓорѓи Капчев“
Во време од 09.00 до 11.00 часот струја ќе немаат и објектите „Ефес Трејд“ во село Визбегово и „Ратко Митровиќ“ на улица „Скупи“ во Злокуќани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Продолжува потрагата по Миле Тодоров кој исчезна пред осум дена
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/mile-ischeznat.jpg)
Миле Тодоров дал отказ на работното место во Кавадарци и се упатил кон Неготино. Бил облечен во работничко одело,бело палто и црн елек. Последен пат бил забележан на 30 јануари во селото Марена, во Кавадарци. Од тогаш му се губи секаква трага.
Веќе осум дена трае потрагата по 28-годишното момче од Неготино.
Полицијата досега го најде само неговиот мобилен телефон кај реката Луда Мара.
Тој е спортист, висок околу 185 сантиметри, со кратка коса.
Се апелира, доколку било кој има сознанија за случајот, веднаш да ја извести полицијата.
Македонија
Брат министер, брат началник, татко советник – ќе реагира ли Антикорупциска на скандалите на ВМРО-ДПМНЕ, прашува СДСМ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/03/antikorupciska-2.jpg)
„Државната комисија за спречување корупција итно треба да постапи во случајот Андоновски и непотизмот кој царува во Владата на Мицкоски. Таткото на министерот за дигитална трансформација, Љупчо Андоновски е советник во Владата. Братот на министерот пак, Игор Адноновски е началник во АНБ. Значи цела фамилија, едниот брат министер, другиот брат началник во АНБ а таткото Советник во Влада“, велат од СДСМ.
„Ова ли е „департизацијата“ што ја ветуваше ДПМНЕ? Дали ова е „мерит системот“ кој го најавуваа?
Не, ова е јасен доказ за непотизам, судир на интереси и злоупотреба на државните институции за партиски и лични цели.
Додека илјадници млади и способни граѓани ја напуштаат државата во потрага по работа, држаните функции се резервирани само за роднините на актуелните и поранешните функционери на ДПМНЕ.
Ќе реагира ли Антикорупциска на скандалите на ВМРО-ДПМНЕ?
Македонија мора да биде праведна и правна држава – а не држава на непотизам и корупција!“, соопшти СДСМ.
Македонија
СДС и Филипче да кажат дали и колку пари и плаќале на судијката која го ослободи од затвор возачот убиец, бара ВМРО-ДПМНЕ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/11/filipce34.jpg)
„Деновите поминуваат, дилемите се редат, а СДС и Филипче глас не пуштаат. Со нивниот молк уште повеќе ја зголемуваат недовербата на граѓаните во правосудните институции и ги зголемуваат, но и потврдуваат, сомнежите дека СДС на власт целосно ги политизираше“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и Венко Филипче веќе не треба да се кријат. СДС и Венко Филипче треба да излезат и јавно да кажат дали и колку пари и плаќале на судијката која го ослободила од затвор возачот убиец?
Или пак отстапениот деловен простор од семејната куќа на Даниела Алексовска Стојановска за општински штаб на СДС во Ранковце е донација од страна на судијката за партијата на Филипче?
Согласно македонските закони, СДС можеле да го изнајмат деловниот простор од куќата во Ранковце, сопственост на судијката Алексовска Стојановска, за таму да смести партиски штаб и за тоа да платат кирија.
Исто така, и судијката на СДС можела да и го отстапи деловниот простор од сопствената куќа без надомест, нешто што ќе потпадне под поимот донација.
Затоа СДС и Венко Филипче мора да кажат каков однос имала партијата со судијката која зад затвор, за трговија со дрога, го ослободила убиецот на младата Фросина. Дали СДС и плаќале кирија на судијката, ако да колку и зошто ја избрале токму нејзината куќа?
Или пак станува збор за подарок, односно донација за СДС од страна на судијката Алексовска Стојановска, во форма на отстапување на деловен простор од семејната куќа, без за тоа да бара паричен надомест?
Каква и да е поврзаноста од можните опции меѓу СДС и судијката Даниела Алексовска Стојановска, едно е сигурно, таа врска е многу длабока и целосно ја компромитира судската власт која треба да биде една од трите независни власти.
Исто така, овој случај на партиско судско тесно поврзување, дополнително ја намалува и така нарушената доверба на граѓаните во правосудните органи.
Затоа, имајќи го во предвид сето ова, го повикуваме Судскиот совет да ги земе во предвид сите аргументи и Алексовска Стојановска да ја разреши од позицијата судија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.