Македонија
До консензус за државниот грб со жестоки дебати
Пародија е последниот комунистички министер да застане зад владиниот предлог за симнување на ѕвездата петокрака од грбот, рече Владо Бучковски од СДСМ на денешната собраниска Комисија за политички систем на која се разгледуваше владиниот предлог за државниот грб
Министерот за правда Михајло Маневски го бранеше владиниот предлог за грб кој претставува поле опкружено со житни класје кои се поврзуваат на врвот, испреплетено со плодови од афион и тутунови лисја, што се поврзани на дното со лента прошарена со народни мотиви, а во полето се оцртува планина во чие подножје тече река, а зад планината изгрева сонце.„Се симнува само ѕвездата петокрака како израз на идеолошката определба од претходниот период“, изјави Михајло Маневски, министер за правда.
Бучковски го поддржа ставот на неговата партија да се прифати предлогот, но го кажа своето мислење, и рече дека, ѕвездата не е симбол на комунизмот, туку српот и чеканот,. таа според него е симбол на нешто убаво, весело, светлина, радост и оптимизам.
„Ако сакавте да ја смените идеологијата, што не ја обоивте ѕвездата во жолто, па ќе бевте поблиску до Европа“, рече Бучковски.
Опозицијата смета дека не е време да се разговара за државниот грб сега, туку за Европа и економската криза, а не да се одвлекува вниманието на граѓаните од важните работи.„Барем ставете го и лавот и орелот наместо ѕвездата, и одбележете ја оваа ваша епоха, оваа ваша идеологија. Бидете барем мажи до крај“, рече Владо Бучковски од СДСМ.За Бучковски не е јасно како марксистите и ленинистите од ДУИ, како што рече, најдоа пречка во ѕвездата која ја има на многу знамиња и грбови и симболизира радост, оптимизам, љубов и слога.„Марксистите и ленинистите на ДУИ, мислам дека во секој политички субјекти имаше и марксисти и ленинисти, но и други“, рече Рафиз Алити од ДУИ.
За Силвана Бонева од владејачката ВМРО-ДПМНЕ можеби ова не е најсреќното решение, меѓутоа е резултат на максимално можна поддршка за која се обезбеди широк.
Граѓаните ќе имаат две години да ги сменат личните документи со новиот грб, а парите со старото решение ќе важат уште пет години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции
Поранешниот министер за правда, Кренар Лога, објави дека се повлекува од партискиот живот и од сите функции што ги извршувал во Алијансата за Албанците.
Лога истакна дека ова не била лесна одлука, бидејќи во партијата вложил енергија, срце и душа. Тој се заблагодари на соработниците, членовите и активистите, наведувајќи дека во изминатите десет години запознал посветени луѓе и искрени пријатели.
Во објавата, Лога се извини на сите што можеби се почувствувале повредени од негов збор или однесување, нагласувајќи дека секогаш ги кажувал своите ставови без да ја пресметува цената.
Тој потсети дека бил генерален секретар, а потоа и потпретседател на Алијансата за Албанците, и им се заблагодари и на гласачите на Европскиот фронт и Националната алијанса за интеграција.
Лога зборуваше и за своето семејно и политичко потекло, опишувајќи ја средината во која израснал, обележана со притисоци и прогони во поранешниот југословенски систем.
Во пораката наведе дека Северна Македонија заслужува да биде слободна и еднаква држава за сите нејзини граѓани и повика на заедничка одговорност во градењето на земјата.
На крајот, Лога порача дека ќе остане меѓу граѓаните, но отсега на послободен и независен пат, како што рече, како солист што можеби ќе има тешкотии да игра сам, но ќе го направи тоа со слободен дух и со љубов кон луѓето.
Македонија
„Супорт Кочани“ ја реализира четвртата пратка компресивна облека, вредна 452.537 денари, за засегнатите од пожарот
Граѓанската иницијатива Support Kocani продолжува со поддршката за засегнатите лица од пожарот во Кочани и ја финализираше четвртата испорака на специјализирана компресивна облека. Новата пратка, која веќе е доставена до Општата болница во Кочани, претставува значаен чекор во обезбедувањето континуирана терапија и квалитетна рехабилитација.
Овој циклус на донации опфаќа 44 парчиња компресивна облека, изработени по индивидуални мерки за 14 пациенти, со вкупна вредност од 452.537 денари. Средствата се обезбедени исклучиво преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и странство, што уште еднаш ја потврдува силната солидарност кон повредените.
„Поддршката што ја добиваме од заедницата ни овозможува континуирано да им помагаме на засегнатите и да обезбедиме навремена медицинска опрема. Особено им благодариме на компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000 за нивната соработка и професионална услуга,“ истакнуваат од Support Kocani.
Иницијативата и понатаму останува посветена на транспарентност и грижа за сите погодени од трагедијата, со цел да им се обезбеди постојана поддршка во процесот на заздравување.
Македонија
Свечено менување на државното знаме: децата прашуваа за работата на првата жена-претседателка
Во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме на којашто присуствуваа деца од градинките „Весели цветови“ и „Срничка“ од Скопје, ученици од скопските основни училишта „Кузман Шапкарев“ и „Кузман Јосифовски Питу“ и деца и претставници на Здружението за образование и истражување „Несил“.
По завршувањето на свечениот чин, околу 230 деца во придружба на двасетина наставници и претставници, ги разгледаа просториите на Кабинетот. Младите посетители покажаа интерес за работата на претседателката. Ја прашаа: Какво е чувството да се биде првата жена – претседателка на државава? Дали е потешко да се биде претседателка или професорка? Како тече еден нејзин работен ден? Љубопитните гости пројавија желба да ги дознаат нејзините лични афинитети, како и интересните спомени од младоста.



Сиљановска-Давкова им предочи дека вршењето на политичката функција бара знаење, посветеност и култура на дијалог. Ги советуваше да учат, да размислуваат критички и да другаруваат.
Децата ѝ подарија цвеќе, албум на цртежи и благодарница на турски јазик.
Церемонијата на свечено менување на знамето се одржува секој втор петок во месецот, со учество на Баталјонот за почести при македонската армија и ја симболизира почитта кон знамето и државата.

