Македонија
Акција за заживување на скопски Сарај
Околу осумстотини ученици од 21 скопско средно училиште на Град Скопје учествуваа во спортските натпревари, што се одржаа во рамките на манифестацијата „Заживеј го Скопје, заживеј го Сарај“ во Спортско рекреативниот центар Сарај
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ги поздрави присутните средношколци и им порача идната година да се соберат во уште поголем број, за да се оствари целта на оваа спортска манифестација и Сарај спортски да заживее.„Драги средношколци, ми претставува задоволство што имам прилика да присуствувам на овој спортски настан зашто сметам дека на ваквите средби се продлабочуваат вашите пријателства и воедно се создаваат нови. Би сакал да ви најавам дека Град Скопје подготвува спортски настан со уште поголеми размери. Идната година во месец мај во нашата држава ќе се одржи спортска Олимпијада на која ќе учествуваат средношколци од цела Македонија. Токму затоа ќе ја искористам оваа прилика за да ви препорачам да ја искористите оваа учебна година за подготовки и веќе во мај да имате формирани екипи за претстојната Олимпијада. Целта на Градот Скопје е да создава здрави генерации, а тоа можеме да го постигнеме само со активно учество во спортските настани, зашто иднината на нашата земја е во рацете на младите луѓе кои спортуваат и го чуваат своето здравје во ова урбано и модерно време, истакна Трајановски.Манифестацијата е дел од проектот „ДА за пријателството – НЕ за насилството“, а има за цел да придонесе за подобрување на мултиетничките односи меѓу учениците од Средните училишта на Град Скопје.На присутните во СРЦ „Сарај”, добредојде им посака и Градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, кој го изрази своето задоволство од реализацијата на овој проект за заживување на Сарај. Манифестацијата започна со атлетската крос-трка од СУГС ,,Кочо Рацин,, до СРЦ “Сарај”, , а средношколците, групирани во екипи од по пет момчиња и пет девојчиња од секое училиште, се натпреваруваа во неколку спортски дисциплини: крос, одбојка на песок, ракомет, кошарка и фудбал, влечење јаже и полигон – игра со пречки.„Зживеј го Скопје, заживеј го Сарај“, се одржува вторпат во организација на Град Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

