Македонија
21 новозаразен од коронавирус, починал еден човек
Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 893 теста, а регистрирани се 21 нов случај на Ковид-19: Скопје – 15, Битола – 3, Кавадарци, Кичево и Виница – по 1.
Од вкупниот број позитивни (21) не се регистрирани реинфекции.
Регистрирани сe 89 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 53, Битола – 16, Прилеп – 6, Велес – 4, Кавадарци и Куманово – по 3, Штип – 2, Кичево и Тетово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Прилеп (72г). Починало во болнички услови.
Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“’, дополнително не се регистрирани починати лица.
Направени се 893 теста преку: ИЈЗ-44, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-24, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-1, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-20, Авицена-0, Биотек-32, Систина-25, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-10, Генеа-0, Никоб лаб-146, ВФВ медикал-13, Ели медика плус-7, Ројал медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид лаб–16, Жан Митрев Струмица–3, Нова лаб дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 552.
Досега во земјата направени се вкупно 2.012.168 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.229, бројот на оздравени пациенти е 299.391, на починати е 9.277, а бројот на активни случаи изнесува 561.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 145.362, Активни 304
Куманово 16.627, Активни 11
Битола 15.235, Активни 97
Прилеп 14.125, Активни 21
Тетово 13.447, Активни 10
Кавадарци 10.625, Активни 19
Велес 9.757, Активни 17
Гостивар 9.573, Активни 4
Охрид 8.825, Активни 17
Струмица 8.048, Активни 8
Штип 8.011, Активни 10
Кичево 5.607, Активни 9
Кочани 5.072, Активни 2
Струга 4.715, Активни 4
Гевгелија 4.398, Активни 2
Неготино 3.677, Активни 3
Ресен 2.712, Активни 1
Свети Николе 2.624, Активни 1
Радовиш 2.528, Активни 3
Крива Паланка 2.413, Активни 0
Делчево 1.971, Активни 2
Дебар 1.673, Активни 0
Берово 1.645, Активни 5
Валандово 1.485, Активни 4
Виница 1.389, Активни 2
Пробиштип 1.265, Активни 0
Богданци 1.019, Активни 0
Кратово 963, Активни 1
Крушево 926, Активни 0
Демир Хисар 828, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 2
Македонска Каменица 523, Активни 1
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 346, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Македонската телевизија: Испративме порака до тимот на Пендаровски да се изјаснат за дуелот, а во одговорот стоеше дека не можат му ја организираат агендата
Од Македонската телевизија ги отфрлаат информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ.
„Вечерва во 20:15 на Македонската телевизија наместо дуел меѓу двајцата претенденти за шеф на државата, ќе има интервју само со кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова. Нејзиниот опонент Стево Пендаровски не дојде да ги соочи ставовите во дебатата на јавниот сервис.
Македонската телевизија, на 26 април 2024 година, упати покани за предизборно соочување до кабинетите на кандидатите кои влегоа во вториот круг од претседтелските избори, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова.
Јавниот сеервис како датуми ги предложи – 1 мај (среда), 2 мај (четврток) и 6 мај (понеделник).
Во зависност од предизборните активности на кандидатите за претседател, оставивме можност дебатата да се снима во текот на денот или да се реализира во живо во вечерен термин, а конечната одлука за датумот ќе се донесе во договор со кабинетите на двајцата кандидати за претседател.
Од тимот на Гордана Силјановска Давкова, следниот ден, 27 април, известија дека го прифаќаат 2 мај-четврток како термин за дуел со можност за снимање во попладневен термин“, појаснуваат во реакцијата.
„Од тимот на Пендаровски немаше одговор до вчера, 1 мај. Јавниот сервис испрати порака до тимот на Пендаровски да се изјаснат за дуелот, а во одговорот стоеше дека не можат му ја организираат агендата и дека не можат да успеат. Во духот на професионалноста, јавниот сервис понуди и одделни интервјуа за двајцата кандидати, но од тимот на Пендаровски известија дека нема простор ни за тоа иако јавниот сервис во телефонски разговор остави можност за кој било од наредните денови до изборниот молк.
После сето ова, Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ“, се додава во напишаното од страна на Македонската телевизија.
Македонија
Спасовски: Просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра, грантови за млади и зголемени плати во здравството
Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, се сретна со граѓаните од Чучер Сандево.
„СДСМ е рамо до рамо со граѓаните, сите на 8 мај за број 1“, порача тој.
Со СДСМ, како што рече, е можен европски животен стандард, со просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра”, рече Спасовски, наведувајќи мерки за младите од Програмата за европска иднина.
“Програмата за млади предвидува по 200 евра за прво вработување за млади до 26 години, субвенции и поволни цени за купување сопствен дом за млади до 29 години, како и гарантирана плата за млади, додека грантовите за отпочнување на сопствен бизнис за млади, се зголемува на 8.000 евра”, истакна Спасовски, додавајќи дека платите во здравството ќе продолжат да раснат.
„Платите на медицинскиот персонал значително ќе се зголемат. Специјалистите ќе имаат до 180.000 денари плата, општите доктори, до 120.000 денари. Медицинските сестри, до 90.000 денари.
СДСМ нема да се откаже од унапредување на работничките права, раст на платите, подобро платени работни места” рече Спасовски.
Македонија
Мицкоски од Гостивар: ДУИ ги злоупотребува Албанците, врз митот за права, направија милиони, ќе одат во опозиција и ќе одговараат за криминалот
Македонија се наоѓа пред сериозна одлука а изборите кои следат во себе не го носат изборот која партија ќе победи, туку каква иднина ќе се одбере, за себе и за своите семејства. Главниот проблем, е што државата е одземена од рацете на народот. Контролата е во стотина души кои управуваат со се во земјава, без одговорност, со многу криминал и корупција, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Гостивар.
Мицкоски додаде дека нема поголем тендер од кој артановци, бујаровци, и зечевци не собираат процент.
– Тука во Гостивар на пола пат од Тетово се сликаа со лопатите, наместија бини, сечеа ленти за нови автопати дел од коридорите 8 и 10д, еве помина година дена, дупка не ископаа, не па автопат да изградат. Повеќе од 300 милиони евра исплатија во ветар. Таму подизведувач е омилената фирма на ДУИ, бидејќи ДУИ управува со државата наместо народот, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека Артан, Бујар и Талат си се послужуваат со Македонија, затоа што имаме слаб СДСМ кој дозволувајќи го тоа скапо си ја купува власта, и деновите поминати во фотелја.
„И овие денови ги слушам оние обвинувања кои се редовен декор секогаш кога ДУИ е нападнато, поради криминал и корупција. Нападното е затоа што се фатени како ја ограбуваат Македонија. И не ги ограбуваат само Македонците. Ги ограбуваат сите, и Македонците и Албанците и Турците и Србите и Власите и Бошњаците, ја ограбуваат Македонија. Фатени во грабеж, обвинуваат дека сме имале против Албанците и затоа сме ги напаѓале“, изјави Мицкоски.
Посочи дека има против ДУИ кои ги злоупотребуваат, меѓу другото и Албанците и нивната мака.
– ДУИ која врз митот права за Албанците, и Артан, и Али направија милиони евра за себе, имаат имот како шеици од Саудиска Арабија, додека албанскиот народ гладува и се сели од Македонија. Најголемата злоупотреба овие дваесет години е состојбата со правата на Албанците кои овие криминалци од ДУИ се обидуваат кога се фатени во криминал да ја наметнат како тема. Секогаш кога тие зборат за ова, на своето конто си редат по уште еден милион народни пари, нагласи Мицкоски.
Оценио дека ДУИ тоа го прават затоа што се исплашени и знаат дека им доаѓа крајот на своето владеење.
– Ќе одат во опозиција, а таму ќе мора најпрвин да одговараат за криминалот, а потоа да се реформираат, рече тој.
Мицкоски нагласи дека бранот е создаден, иако работата не е завршена, мора да се излезе на гласање во вториот круг за да се победат сите сценарија на СДСМ и ДУИ заедно и дека таквите сценарија се победуваат само со голема излезност.