Македонија
Македонија денеска во исчекување на извештајот на ЕК
Македонија од своето осамостојување во 1991 година како стратешки цели на државата ги определи приклучувањето во Европската унија и во НАТО
Последниот голем настан во низата односи меѓу Скопје и Брисел се очекува денеска со објавувањето на новиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија во приближувањето до ЕУ.Што значи членството во ЕУ за Република Македонија?Членството во Европската Унија е стратешки интерес на Република Македонија од нејзиното осамостојување. Oд воспоставувањето на дипломатските односи со ЕУ во декември 1995, Република Македонија се легитимираше како партнер од доверба и вистински сојузник на Европската унија, при тоа не прескокнувајќи ниту една институционална етапа во приближувањето кон Унијата: од склучување на Спогодбата за соработка, преку Спогодбата за стабилизација и асоцијација, до стекнувањето на кандидатскиот статус.Во декември 2005 година, со стекнувањето на статусот земја-кандидат за членство во ЕУ, Република Македонија влезе во клучна фаза од процесот на европската интеграција. Одлуката на Европскиот совет за доделување на кандидатскиот стаус беше политичко признание за напредокот кој го постигна Република Македонија во остварувањето на реформските процеси и во градењето на отворено, демократско општество.Целта на Република Македонија на среден рок е целосно да ги исполни европските стандарди за функционална демократија и просперитетна пазарна економија, оспособена да ги преземе обврските од членството во ЕУ. Агендата за пристапување на државата во ЕУ е рефлектирана во Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (законодавни измени и мерки за институционално зајакнување на краток и среден рок), Претпристапната економска програма (мерки за исполнување на копенхашките економски критериуми) и Националниот план за развој (инвестициони приоритети за остварување на развојните цели на државата).Главните краткорочни цели на Владата на Република Македонија во односите со Европската Унија се отпочнување на пристапните преговори и либерализација на визниот режим на ЕУ кон граѓаните на Република Македонија.Хронологија на односите меѓу Македонија и ЕУВо очекување на извештајот со мала хронологија потсетуваме на досегашните клучни настани во односите меѓу Македонија и Европската унија:
-22 декември 1995 година – Скопје и Брисел воспоставија дипломатски односи – 10 март 1996-та – Македонија стана полноправна членка на ФАРЕ програмата.- 20 март 1996-та – почнаа преговорите за склучување Спогодба за соработка меѓу Македонија и ЕУ, како и за Спогодбата за транспорт.- 1 јануари 1998-ма – стапи во сила Спогодбата за соработка меѓу Македонија и ЕУ. Спогодбата за транспорт стапи во сила во ноември 1997 година.- 11 март 1998-ма – потпишана Спогодбата за трговија и текстил.- 22 март 1998-ма – во Скопје се одржа првиот состанок на заедничкиот Совет за соработка меѓу Македонија и ЕУ.- 24 јануари 2000-та – ЕУ ги усвои директивите што се однесуваат на подигнување на нивото на соработка меѓу Македонија и ЕУ и на формалното започнување на преговори за потенцијално членство во ЕУ.- март 2000-та – Брисел воспостави Делегација на Европската комисија во Македонија, со што односите се подигнаа на амбасадорско ниво.- 5 април 2000-та – официјално започнување на првата рунда преговори меѓу Македонија и ЕУ за Спогодбата за стабилизација и асоцијација.- 24 ноември 2000-та – на маргините на Самитот во Загреб беше парафирана Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ.- декември 2000-та – Македонија вклучена во регионалната КАРДС програма за 2002-2006.- 16 февруари 2001-ва – парафирање на Времената спогодба за регулирање на трговските одредби од Спогодбата за стабилизација и асоцијација. – 9 април 2001-ва – во Луксембург потпишана Спогодбата за стабилизација и асоцијација и Времената спогодба за трговија и трговски прашања меѓу Македонија и ЕУ. – 22 март 2004-та – Македонија во Даблин го поднесе барањето за членство во ЕУ, за време на ирското претседавање со Унијата.- 1 април 2004-та – стапи во сила Спогодбата за стабилизација и асоцијација, по ратификувањето од страна на сите земји-членки на ЕУ. – 6 септември 2004-та – Владата ја усвои Националната стратегија за европска интеграција.- 1 октомври 2004-та – претседателот на Европската комисија, Романо Проди и го предаде Прашалникот на Владата на Република Македонија во Скопје. – 14 февруари 2005-та – Владата ги предаде одговорите на Прашалникот од Европската комисија на претседателот на Комисијата Жозе Мануел Баросо во Брисел. – 9 ноември 2005-та – Европската комисија го објави мислењето за кандидатурата на Македонија за членство во ЕУ. – 17 декември 2005-та – Претседателството на Европскиот совет во Брисел на Македонија и додели статус на кандидат за членство во ЕУ.Македонија и оваа есен се надева дека ќе ја надмине фазата на земја кандидат и со денешниот извештајот на Европската Комисија, очекува да добие препорака за датум за преговори. Дури и да се добие долгоочекуваниот датум за преговори тоа е постапка која што трае неколку години, велат експертите.Различни очекувања меѓу политичките субјекти на власт и во опозиција, околу претстојниот извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ. Опозициските партии се скептични дека извештајот ќе биде позитивен. Владеачките партии се оптимисти со објаснување дека Владата го исполнила најголемиот дел од критериумите поставени од страна на Европската Комисија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика
Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика.
Истовремено, се препорачува одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер.
„Министерството ги става на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон: +389 75 268 736, електронската адреса: [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Вашингтон: +1 (202) 758-7798 или на е-маил адресата: [email protected].
Министерството континуирано ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста“.
Македонија
Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење
Во периодот од 16 до 22 февруари 2026 година, преку системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите каде што се поставени камери, регистрирани се вкупно 4.910 сообраќајни прекршоци.
Најголем дел од прекршоците, односно 4.691, се однесуваат на управување возило со брзина поголема од дозволената. За минување на црвено светло евидентирани се 16 прекршоци, што претставува намалување од 51,5 отсто во споредба со претходната седмица, кога биле регистрирани 33 прекршоци. Во првата недела од месецот биле констатирани дури 163 прекршоци за минување на црвено светло, информира МВР.
За управување возило со измината важност на сообраќајната дозвола, констатирани се 203 прекршоци.
Во истиот период изречени се вкупно 117 мерки „забрана за управување со возило“, што е намалување од 20,9 отсто во однос на минатата седмица. Во првата недела од месецот биле изречени 288 вакви мерки.
Од вкупно 117 изречени мерки минатата седмица, 16 се за минување на црвено светло, а 101 за брзо возење. Од нив, 75 се за брзина поголема од 80 километри на час во населено место, 19 за надминување на дозволената брзина за повеќе од 10 километри на час, и седум за брзина поголема од 170 километри на час во ненаселено место.
Надлежните апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел заеднички да се придонесе кон побезбедни патишта.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Местени тендери и аванси во Државната лотарија, Груби ќе се соочи со правдата
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција изјави дека време е за одговорност и дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби ќе се соочи со правдата.
„По година и пол бегство, денеска на граничниот премин Блаце уапсен е Артан Груби, поранешен прв вицепремиер и министер во владата на СДС и ДУИ“, изјави Петрушевски.
Тој рече дека Груби важи за олицетворение на криминалот и корупцијата предводена од СДСM и ДУИ и додаде дека конечно ќе се соочи со правдата.
Петрушевски посочи дека, криминалот на Груби достигнал минимум 500 милиони денари или над 8 милиони евра, а дека постојат индиции оти сумата може да надмине десетици милиони евра.
„Дополнителен криминал на Груби заедно со неговиот другар Бајрами, тогашен директор на Државната лотарија освен што местеле милионски тендери, е исплаќање на аванси на деловни соработници“, рече Петрушевски.
Тој обвини дека СДСМ знаела за милионскиот криминал, но молчела за да ја одржи коалицијата на власт.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека борбата против криминалот и корупцијата останува нивен приоритет и дека секој кој се огрешил пред законот, порано или подоцна ќе се соочи со правдата.

