Македонија
Собранието го ратификуваше Договорот за демаркација на границата кон Косово
Македонското Собрание со 72 гласа за и 11 против го ратификуваше Договорот за физичка демаркација на границата меѓу Македонија и Косово
Македонските пратениците на 76-тата седница го поддржаа договорот откако претходно тој ги мина рапсравите на Комисијата за надворешна политика и на Законодавно-правната комисија. Пред гласањето пратениците од ЛДП и Нова алтернатива ја напуштија седницата.Пратеничките групи претходно се договорија обраќање да има само по еден нивни претставник за да може седницата да заврши до полноќ.Силвана Бонева од владејачката ВМРО-ДПМНЕ рече дека денешната седница е можност да се даде придонес за затворање на прашањето кое долго време беше отворено со Косово како голем економски партнер на Македонија при што имаме голем суфицит.„Со предлог законот имаме можност да го решиме проблемот со нашата северна граница која досега претставуваше проблем. Со балансирање на граничната линија двете земји најдоја заеднички јазик и ги надминаа недоразбирањата“, рече Бонева и посочи дека Македонија со решавањето на ова прашање го покажува својот капацитет за изнаоѓање решенија.Според Бонева со прифаќањето на демаркацијата ќе се напредува на патот кон ЕУ и НАТО, каде се потребни држави кои имаат внатрешни капацитети да ги надминат проблемите, нагалсувајќи дека со решавањето на овој проблем, Република Македонија ќе биде една од ретките држави во регионот која ги има решено сите проблеми со границата.„Демаркацијата на границата со Косово, ќе биде силен доказ за добрососедските односи што ги гради Македонија и нејзината волја да ги решава отворените прашања со компромис. Решавањето на граничната линија,ќе значи неутрализирање на структурите кои недефинираноста на границата ја користеа за политичка манипулација и притисок, како и сите милитаристички и дестабилизирачки фактори од минатото кои ја користеа недефинираноста на границата за оправдување на нивните дејствувања.“ рече Бонева.Андреј Жерновски од опозиционата ЛДП, рече дека е потценувачки отсутството на премиерот Никола Груевски на денешната седница и објаснувањето на пратениците од власта дека отстапките за граничната линија се минорни и дека на делот што ќе го добие Македонија ќе се гради хидроцентрала, на како што рече, 3.000 метри надморска висина. За Жерновски, измената на границата е неуставна бидејќи со анексите на договорот се отстапуваат 650 метри што е повеќе од дозволените 150 метри територија, заради што е потребно да се организира референдум. Тој обвини дека со се дава територија на друга држава и дека неговата партија демаркацијата ќе ја постави пред Уставнито суд. На Жерновски му реплицираше министерот за надворешни работи Антонио Милошоски кој потенцираше дека за Република Македонија е од особено значење и национален интерес прашањето на демаркација на границата со Косово што поскоро да биде затворено на начин кој произчегува од Спогодбата од 2001 г. и во согласност со уставните норми на Република Македонија и меѓународните регулативи кои се однесуваат на демаркирањето на граничните линии.„Во целина ратификацијата на овој договор ќе значи дека Република Македонија ќе направи исчекор напред во осигурувањето на своите граници и во запазувањето на својата целовитост, со што ќе се придонесе за нашата стабилност и за нашата безбедност, но исто така и за регионалната стабилност. Сметам дека затворањето на ова прашање со поддршка од законодавниот дом на Република Македонија ќе значи додадена вредност за начинот на кој Македонија приоѓа на прашањата што се од национален и државен интерес“, рече Милошоски кој додаде дека затворањето на граничната линија и нејзината демаркација не значи ништо друго освен нејзино физичко и техничко одбележување кое се постигнува со заемна согласност меѓу двете држави. И пратеничката Бонева реплицирајше на излагањето на Жерновски, при што рече дека погрешно е толкувањето дека се менува границата, туку се прави физичка демаркација согласно состојбите на теренот и заради тоа нема потреба од референдум.Џевад Адеми од ДУИ посочи дека секое затоврање на големо прашање отвора нови перспективи.„Секогаш на Балканот кога се решавале отворени прашање се воделе крвави борби. Денеска двете држави испраќаат пораки дека конфликтните прашања на Балканот ги решаваат со преговори и договори. Ние ја претставуваме новата визија на еден поинаков Блакан. Само пред десет години за граничните линии на Балканот се пролеваше река крв“, рече Адеми.Адеми смета ова е доказ дека работите во Македонија се менуваат и додаде дека физичкото затворање на границата отвора нова перспектива за двете држави.„Успешното менаџирање на овој проблем праќа порака на меѓународната јавност дека ги елиминираме нашите проблеми на патот кон Европа каде се бришат границите“, нагалси Адеми.Игор Ивановски од СДСМ во реплика истакна дека никој нема против затворањето на стратешкото прашање за разграничување со Косово, но тоа де не е на штета на Република Македонија. Според него со овој договор се менува официјалниот договор од 2001 г. за демаркација на границата што е депониран во Обединетите нации, а кој е потпишан од поранешните претседатели на Македонија и на СРЈ, Борис Трајковски и Воислав Коштуница. Неговиот колега Менде Диневски, пак, рече дека СДСМ е за затворање на границата со Косово, но согласно членот 5 и членот 74 на Уставот на Република Македонија. Имер Селмани од Нова демократија истакна дека на денешната седница се дебатира и за иднината на Македонија и додаде дека демаркацијата на границата со Косово е чекор што го прави Македонија за да затвори уште едно отворено билатерално прашање.„Со потпишувањето на овој догвор Република Косово ја признава Република Македонија под уставното име со што паѓаат во вода тврдењата дека Косово нема храброст да го направи тоа“, рече Селмани, нагласувајќи дека се надева оти набрзо ќе може да се надмине и спорот со јужниот сосед. Според Селмани, и во расправата на косовскиот Парламент имало двоумење кај пратениците дека Косово со демаркацијата и отстапува територија на Македонија.Игор Ивановски од име на СДСМ уште еднаш зборуваше нагласувајќи дека пратеничка група смета дека демаркацијата на Границата со Косово е стратешко прашање, но е против тоа да се носи со кршење на Уставот.„Во Косово демаркацијата се донесе со двотретинско мнозинство, а кај нас ќе се носи со една третина. Денеска немаме техничка демаркација на границата, туку промена на граница и размена на територии за која треба да се одржи референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат“, рече Ивановски нагласувајќи дека на Косово му се подарува суштинска и стратегиска територија а се добива, како што рече – беспаќе на 2.700 метри надморска висина.На почетокот на седницата опозицијата искажа процедурални забалешки дека станува збор за промена, а не за физичка демаркација на границата, а за такво изласување е потребно двотретинско мнозинство. Побараа присуство на седницата на премиерот Никола Груевски, да се обезбедат топографски карти и објаснување од надлежните служби за безбедносните аспекти врз државата.Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски одговори дека Договорот е за физичка демаркација, а не за промена на границата и оти Законот за негова ратификација се носи со обично мнозинство. Вељаноски рече дека премиерот Груевски е поканет заедно со членовите на Владата, но нивното присуствто зависи од нивните можности. Претставник на Владата беше министерот Антонио Милошоски. Договорот за демаракција на границата претходно цо сабота претпладне го ратификуваше и косовскиот парламент во повторено гласање откако при првото не го доби потребното двотретинско мнозинство. Сепак, во повторното гласање, Договорот го поддржаа 81 пратеник, доволно за негова ратификација. Пред првото гласање, на пратениците им се обратија претседателот Фатмир Сејдиу и премиерот Хашим Тачи кои оценија дека Договорот е од државен интерес за Косово и ќе помогне за намошен развој на добрите односи меѓу двете држави. Договор меѓу Македонија и Косово за демаркација на границата го поздравија ЕУ и САД со оценка дека тоа е знак на зрелост, орговорност и меѓусебно почитување, што ќе придонесе за добрососедските односи и за регионалната стабилностДемаркацијата на македонско-косовската граница почна на 30 јуни лани на тромеѓето меѓу Албанија, Косово и Македонија на местото Шерупа на Шар Планина на околу 2.100 метри надморска височина, во правец на граничниот премин Стрезимир-Рестелица на крајната западна точка на 150 километарската граница. Техничкиот дел од демаркацијата го вршеше заедничка Комисија под меѓународен мониторинг. Обележувањето на границата е според Договорот за опис и протегање на државната граница од 23 февруари 2001 г.а, потпишан со тогашна СРЈ во Скопје и е во согласност со планот на Марти Ахтисари. Со почнувањето на работата на Мешовитата македонско-косовска комисија за демаркација на државната граница кон Косово потпишан е Протокол за соработка на двете страни чиј составен дел е Договорот за опис и протегање на државната граница. Процесот што требаше да трае една година беше забавен поради реакциите на жителите на пограничното село Дебелде кои не се согласуваа дел од нивното земјиштето да остане на територијата на Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ
Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не се цени според системот на напредок, односно како се совладуваат предизвиците, туку целиот овој процес на приклучување кон Европската Унија се темели на билатерални прашања и самото тоа го нарушува кредибилитетот на самата Европска унија за што се повеќе политичари во Брисел се свесни. За нас само, како земја кандидат не важи мерит бејс не важи пристапувањето, за нас важи билатерализација на пристапниот процес, рече претседателот на Влада и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната конференција на Паневропската унија во Македонија на тема „Европската иднина на Западен Балкан: Политичка интеграција, регионална соработка и економска отпорност во време на глобални предизвици“.
Мицкоски направи споредба на билатералниот спор помеѓу Хрватска и Словенија кој се реши во рамките на неколку месеци откако тогашниот Европскиот Совет јасно кажа дека спорот ќе се решава откако Хрватска ќе ги заврши преговорите и ќе биде дел од Европската Унија, со што тогаш ќе има рамен терен и тогаш ќе има арбитражен спор во чии рамки ќе се бара решението на тој спор ќе се бара и билатералното решение меѓу двете земји.
Таквото нешто, додаде Мицкоски, за нас не важеше и сè уште не важи затоа што Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки коишто од внатре го уценуваат интегрирањето во рамките на Европската Унија и тоа не се цени според тоа каков напредок имаме, туку се цени според тоа дали ќе го смениме Уставот, знамето, банкнотите.
„И колку повеќе ова го игнорираме, толку потежок ќе биде тој пат и толку повеќе ќе имаме препреки пред нас. Колку повеќе сме свесни за овие предизвици и за неуспесите на политички гарнитури од минатото, толку потешко ќе ни биде“, истакна Мицкоски, додавајќи дека ова се историски моменти во политиката и историските моменти знаат да траат и со децении, а понекогаш и со векови.
„Затоа еден народ, една нација треба да е мудра и трпелива, да не носи избрзани одлуки, ниту пак одлуки под притисок. Затоа за еден народ и една нација, нема поголемо зло од корумпирани таканаречени лидери на таа нација, мекотели, луѓе коишто се мекото ткиво на нацијата и коишто, за жал, се изнагледавме во минатите години и децении на македонската политичка сцена. И тие се тие коишто не доведоа до оваа ситуација во којашто денеска се наоѓаме, наместо да преговараме за вредности, за владеење на правото и за некои други стандарди, ние денеска преговараме за билатерални прашања коишто не водат никаде. Просто и едноставно е, нема никој жив од средниот век за да ни каже како било. Наместо да гледаме во иднината ние се враќаме во десеттиот и единаесеттиот век, уште толкуваме чии биле оние тогашни учители во тоа време и нивните ученици. А, за жал нема сè уште живи помеѓу нас коишто од тогаш можат да ни посведочат како и која била вистината. Но, има живи коишто можат да посведочат како било пред неколку децении, сè уште има живи и тие во нивните сведоштва ја пренесуваат вистинската вистина, не онаа измислената и напишаната. А, тоа дека овој народ, македонскиот народ си има своја традиција вековна, култура, наследство. Отсекогаш бил на правата на историјата, отсекогаш бил за сојузниците, никогаш не коленичел. Да, често пати знаел да биде на грб во многу востанија низ историјата, но никогаш не коленичел. Овој народ ја бранел вратата на Европа со векови, верувал во тие европски вредности и ќе продолжи така за да може денеска Европа да биде тоа што е. Јас сум убеден дека и во годините коишто следат и по мене, и по тие по мене ќе имаме луѓе и водачи на оваа нација, народ и држава коишто ќе бидат свесни за своето минато вековно и ќе знаат тоа вистински да го вреднуваат и ценат. И местото на овој народ и оваа држава е во Европа“, потенцираше, меѓу другото, претседателот Мицкоски.
Македонија
АХВ: Уништени над 1 тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна
Илјада и десет килограми небезбедна „здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство кај 14 оператори во рамки на 373 контроли спровдени неделава, кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна, соопшти АХВ.
Со контролите утврдено било дека 14 оператори воопшпто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата.
За утврдените недоследности со контролите, биле издадени 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни, во вкупна вредност од 20.550 евра.
„Кај 9 оператори со контролите утврдени биле незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите, кај 7 била пронајдена храна со поминат рок на употреба. Кај двајца оператори најдена била и храна со непознато потекло. Несоодветно означена била храната кај 18 оператори, а кај 23, вработените немале спроведено задолжитрелен здравствен преглед. Двајца од операторите немале воспоставени процедури за Добра производствена и Добра хигиенска пракса, или не воделе соодветни записи. Кај исто толку оператори не била извршена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите“, пишува во соопштението на АХВ.
Македонија
СДСМ: Наместо луксуз на власта со авиони, да се пренаменат пари за 600 евра минимална плата
Животот во Македонија станува сѐ поскап, работниците едвај врзуваат крај со крај, а власта сѐ луксузира врз грбот на народот, велат од СДСМ.
„Според последните податоци, синдикалната кошничка во февруари достигна 67.400 денари. На едно четиричлено семејство не му се доволни ниту 3 минимални плати месечно за да ги покрие основните потреби. Над 200 илјади работници земаат плата под 30.000 денари. Со сегашното ниско ниво на минимална плата не можат да се покријат трошоците за основни потреби, храната, сметки.. Тешкото секојдневие, високите сметки и поскапувањата ги доведоа работничките семејства на раб. И додека граѓаните се борат за корка леб, премиерот Христијан Мицкоски се луксузира на сметка на народот – со владини авиони, со скапи часовници од 60 илјади евра. Време е да се укине луксузот на власта, а работниците да добијат достоинствени плати, какви што заслужуваат. Бараме парите што власта ги планираше за нов авион да се пренаменат за минимална плата од 600 евра за сите работници. Нема повеќе оправдувања дека „нема пари“. Имало пари за нов авион, за мебел, за уредување кабинети, за службени автомобили. Нека направат ребаланс на Буџетот и нека ги пренаменат парите за плати. Доста е расфрлање со милиони за авиони – мали или големи – додека народот тоне. Доста е луксуз на грбот на народот“, стои во соопштението на СДСМ.

