Македонија
Стејт-департментот ги поздрави дипломатските односи меѓу Македонија и Косово
Владата на САД попладнево ја поздрави одлуката на Република Македонија за воспоставување дипломатски односи со Република Косово и го оцени чекорот како многу значаен за стабилноста на целиот регион на Западен Балкан
„САД ја поздравуваат одлуката за воспоставување дипломатски односи меѓу Република Косово и Република Македонија, како и завршувањето на демаркацијата на нивната заедничка граница. Им честитаме на владите на двете држави за решението и за тоа што презедоа битен чекор во нивната евроатлантска интеграција за воспоставување добрососедски односи и за зголемување на регионалната стабилност. Исто така, честитаме и на Меѓународната канцеларија за нејзината клучна улога на медијатор во процесот на демаркација на границата, што е значаен дел од планот на Ахтисари“, изјавил Иан Кели, портпарол на Стејт-департментот на САД.Македонија и Косово, откако парламентите на двете држави вчера го ратификуваа Договорот за физичка демаркација на границата меѓу нив, доцна синоќа воспоставија дипломатски односи. Документот со Косово беше потпишан во Скопје и во Приштина, од страна на министрите за надворешни работи на двете држави, Антонио Милошоски и Скендер Хисени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

