Македонија
Талер до крајот од месецов доаѓа во Македонија

Известителот на Европскиот парламент, словенечкиот пратеник Зоран Талер, најави дека од ноември ќе почне изготвувањето на Извештајот за следната година, а за таа цел тој на 29 октомври ќе допатува во Скопје
Делегацијата на собраниската Комисија за европски прашања, Миле Пачемски, Талат Џафери и Емилијан Станковиќ, во рамки на посетата на Европскиот парламент денеска имаа средба со Зоран Талер, известител на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) за Република Македонија. На средбата македонската делегација го известила Талер за главните приоритети на Република Македонија: добивање на датум за преговори за ЕУ членство, визна либерализација и добивање на акредитација за децентрализирано управување со средствата од ИПА програмата до крајот на оваа година.Известителот Талер им го честитал позитивниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, постигнатиот политички консензус за ЕУ прашањата, како и успешно исполнетите услови за добивање на визна либерализација. Македонската делегација имала средба и со Норика Николаи, европратеник, која е известувач во сенка за Република Македонија, информираат со собраниската прес-служба.Македонскиата апрламентарна делегација ќе се сретне со европратеникот Елмар Брок, координатор на најголемата пратеничка група на Евроспките народни партии во Европскиот парламент и копретседателот на мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија – Европска Инија, како и со грчкиот европаатеник Јорго Шацимаркакис и други европратеници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.