Македонија
Иванов: Меморијалниот центар на холокаустот е потстетник за ужасите на омразата
Меморијалниот центар посветен на жртвите од Холокаустот ќе биде постојан потсетник на ужасите на етничката, верската и расната омраза и ќе ги учи младите генерации на потребата од толеранција и меѓусебно разбирање, рече Претседателот Иванов на средба со високи еврејски претставници од светот
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов вечерва организираше прием за членовите на Меѓународниот комитет при Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија.Ова е уште една во серијата средби на Претседателот Иванов со претставници и истакнати активисти на еврејската заедница, вклучително средбите во Израел и во САД. Во делегацијата, меѓу другите, присуствуваа рабин Ендрју Бејкер од Американскиот Еврејски Комитет, почесниот конзул на државата Израел во Македонија, Виктор Мизрахи, Хедер Конли од американскиот Центар за Стратегиски и Меѓународни студии, др. Јирген Викерт од Фондацијата Фридрих Нојман, претставници на Меморијалниот центар Јад Вашем во Израел и американскиот Музеј на Холокаустот и други. Претседателот истакна дека Република Македонија отсекогаш ги негувала пријателските односи и соживотот со припадниците на еврејската заедница. Притоа македонскиот Претседател се заблагодари на поддршката која Република Македонија ја добива како од државата Израел така и од пошироката еврејска заедница во светот, во своите стратегиски определби.Рабинот Ендрју Бејкер на средбата се заблагодари на личниот ангажман на Претседателот Иванов, како и на вкупниот ангажман на Република Македонија за поддршка на еврејската заедница и зачувување на културата и традицијата на македонските Евреи. Рабинот Бејкер изрази надеж дека Меморијалниот центар на жртвите на Холокаустот во скопје ќе биде регионално средиште во кое ќе може да се изучува минатото на еврејската заедница на овие простори и да се едуцираат младите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на шибер Ф-80мм на улицата Јани Лукровски бб испред Т.Ц во населба Автокоманда, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Јани Лукровски, општина Гази Баба.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.

