Македонија
Јавна презентација и анкета на ДУП-от за локалитетот „Индустриска зона урбана единица А“
Во рок од 10 работни дена, од 2 до 13 ноември 2009 г. секој работен ден од 12 до 19 часот во ОУ „Блаже Конески“ ќе се одржи јавна анкета за Нацртот на Деталниот урбанистички план за локалитетот Индустриска зона урбана единица А
За сето тоа време овој ДУП ќе биде изложен во просториите на основното училиште и за време на јавната анкета граѓаните ќе можат да ги изнесуваат своите забелешки преку анкетни листови.Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се добијат во просториите на училиштето, кај надлежното лице. Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје можат да достават писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови. Пополнувањето на анкетните листови се врши лично, при што граѓаните треба да покажат документ за идентификација. Во текот на јавната анкета во училиштето ќе има претставници од Општина Аеродром и други стручни лица, од кои граѓаните ќе можат да добијат подетални информации во врска со ДУП-от. Јавната презентација ќе се одржи на 4.11.2009 година (среда) со почеток во 17:30 часот во просториите на основното училиште „Блаже Конески“ во Општина Аеродром.Инаку, Нацртот на Деталниот урбанистички план за локалитетот ИНДУСТРИСКА ЗОНА урбана единица А опфаќа простор со површина од 19,53 хектари и со него се предвидени површини, меѓу другото, за семејно домување во станбени куќи, за образование и наука, комерцијални и деловни објекти, производство, дистрибуција и сервиси, како и зеленило и рекреација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово магла и облачно време, во текот на денот ќе биде сончево со температура до 15 степени
По котлините во поголем дел од денот ќе биде тивко со појава на магла или ниска облачност. Во останатите делови сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 6 до 15 степени, јавува УХМР.
Во Скопје претежно облачно и тивко со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Во петок кон крајот на денот и во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер, во сабота врнежите постепено ќе преминуваат во снег и во повисоките, а во недела и во пониските места. Локално се очекуваат пообилни врнежи.
Скопје
Дел од општина Зелениково без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваaт дека без електрична енергија ќе останат
– во периодот од 10.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од с.Пакошево, кон Ново Село (општина Зелениково)
Македонија
Во ек на сезона на пневмонии и грипови, нема рентген на државно – матичен лекар ја критикува состојбата на клиниките
Матичен лекар укажа на проблеми со упатите на клиниките во Скопје, додека амбулантите се преполни со пациенти болни од грип.
Д-р Драган Ѓоргиевски вели дека кога пациентот е со влошена клиничка слика потребен е ртг наод, но на клиниките апаратите за рентген не им работат, или пак ги блокирале итните упати поради гужвите.
„Почнувам со најблиската поликлиника: Јане Сандански (ртг апаратот не работел), Клиника за радиологија ги блокирала итните упати, инаку пнеумонии и плеврални изливи се итни состојби. ГОБ 8.Септември исто. Ги проверив сите поликлиники: Букурешт, Чаир, Бит Пазар, и итен упат не дозволува. Единствено даде во Ѓорче Петров и гледај чудо таму не работеле со итни упати имале гужва. Епа и матичните имаат гужва. Јас денес 90 луѓе во една смена прегледав и никој не ме прашал дали сум имал гужва. Епа нека ми објасни некој каде во Скопје на државно да се направи ртг наод“, прашува докторот во објава на социјалните мрежи.
Како што додава, во сезона на грип и пневмонии не е коректно сите поликлиники да бидат блокирани. Ни останува, вели тој, сите со наоди да ги пратиме на Инфективна, додека и тие не ги блокираат упатите.