Македонија
Македонија успешно се справува со свинскиот грипот
Два нови случаи со симптоми на грипот A(H1N1) се регистрирани во текот на викендов , но се прават дополнителни испитувања да се утврди дали навистина станува збор за новиот грип
Ова во недела го изјави министерот за здравство Бујар Османи, по одржувањето на состанок со Комисијата за пандемски грип на која се разговараше за последните препораки на Светската Здравствена Организација(СЗО) во врска со вакцинирањето против грипот. Тој рече дека Македонија досега успешно се носи со предизвикот да се справи со последиците од новиот грип. “Вакцинирањето ќе биде еднодозно за лицата над десет годишна возраст, а за децата ќе оставиме и резервни дози во случај да има потреба. СЗО исто така потврди дека вакцината е безбедна за бремените жени и покрај шпекулациите дека може да и наштети на бременоста”, истакна министерот Османи.На Комисијата била донесена и одлука за засилена контрола на училиштата од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат како средина која е критична за ширење на грипот Х1Н1.Министерот Османи најави ригорозни мерки против сите училишта што не ги почитуваат препораките на Министерството за здравство, па дури и нивно затворање.На крајот упати апел до сите државни институции, но и до граѓаните, и натаму активно да земаат учество во справувањето со новиот грип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

