Македонија
Дипломатите тропнаа и на вратата на Црвенковски
Дали ќе го бојкотирате референдумот за името што го најавува премиерот Никола Груевски? Тоа е главното прашање што амбасадори од држави-членки на Европската Унија му го поставуваат изминативе два дена на претседателот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски
Тие тропнаа на вратата на опозицискиот лидер откако упатија јасни пораки до премиерот Никола Груевски дека референдум за решението кое ќе биде постигнато во преговорите со Грција за името нема да биде најплодно и дека одлуката треба да ја донесе политичкиот врв. Груевски, пак, децидно им одговори дека референдум ќе има без разлика што би можело да го одложи целиот процес во спорот со јужниот сосед. Веднаш потоа, се загрижија дали извесниот референдум ќе успее со оглед дека опозицијата почна да најавува бојкот.Црвенковски денеска се сретна со Ларс Петер Фреде, амбасадор на Кралството Шведска која е актуелен претседавач на Унијата, додека пак вчера во својот кабинет ги прими амбасадорите на Унгарија, Холандија и Норвешка – Ференц Кекеси, Симоне Филипини и Кјетил Паулсен. Странците, според дипломатски извори, од опозицискиот лидер барале да ги допрецизира своите позиции во однос на преговорите меѓу Македонија и Грција во спорот со името. Конкретно, тие се интересирале колку е искрена неговата конструктивност во однос на позициите на Македонија по последното интензивирање на преговорите со јужниот сосед, и дали ќе повика на бојкот на референдумот. Странските дипломати отворено му соопштиле на Црвенковски што можеме да очекуваме како држава, од состанокот на Советот на министрите на ЕУ на 7 декември на кој ќе се расправа околу датумот за почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ доколку не се отворат преговорите и на повидок не видат решение во спорот.„Од страна на СДСМ беше истакнато дека клучната фигура за градењето на државните позиции во преговорите е премиерот Груевски и дека се надеваме дека тој на одговорен начин ќе ги донесе вистинските одлуки во насока да се искористи оваа историска шанса за нашата земја“, стои во вчерашниот соопштение од СДСМ за тоа што се случувало на средбите.Но, странските дипломати, како што велат изворите, побарале конструктивноста на Црвенковски да биде покажана на дело: ако референдум има и Владата води позитивна кампања, тогаш СДСМ да не биде таа што ќе го запре ваквиот процес.Според аналитичарите, ваквите средби помеѓу амбасадорите и лидерот на опозицијата биле вообичаени и редовни и најлесен начин директно да се информираат за ставовите на политичките актери во државата. Не препознаваат дипломатски притисок за да не се бојкотира референдумот со името, но сметаат дека од средбите дипломатите ќе добијат слика за спорните точки кои би довеле до нова блокада на преговорите со Грција, а со тоа и на евроатланските процеси.„Станува збор за редовни средби. Вообичаено е дипломатите да се запознаат со тоа кои се ставовите на сите чинители на политичкиот живот во државата. Средбите се начин тие да ги лоцираат точките од интерес и за тоа каде постои, а каде не расположение околу преговорите што се водат за името. Се среќваат со оние кои го дизајнираат политичкиот амбиент, вклучително и Црвенковски како претседател на најголемата опозициска партија“, вели Звонимир Јанкулоски, професор по меѓународно право. Македонија по интензивирањето на преговорите и новите средби помеѓу преговарачите и медијаторот Метју Нимиц што се најавуваат за втората половина од месецов, на 7 декември очекува датум за почеток на преговорите, а до Нова година и реализирање на одложената покана да стане членка на НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
До 15 февруари трае трката за „Млад инженер на годината“: повик до младите таленти до 35 години да се пријават
Инженерската институција на Македонија информира дека повикот за пријавување на инженери за избор за наградата Млад инженер на годината трае до 15.02.2026 година (недела). На овој повик може да се пријават сите млади инженери до 35 години (вклучувајќи и 35 години) на следниот ЛИНК.
Како што потврдуваат од ИМИ, освен возраста, новиот Млад инженер ќе се избира согласно постигнатите инженерски резултати во 2025 година, лидерството и инспирацијата за младите; креативноста и иновативноста; споделувањето знаење, ангажирањето во заедницата и општествено и етичкото влијание на околината.
Свеченото прогласување на новиот млад инженер ќе се одржи на 31.03.2026 година во Холидеј ин. Повод за доделување на признанието е 21 март – Денот на македонските инженери. Целта на оваа иницијатива е да се промовираат младите инженери на национално и меѓународно ниво што ќе придонесе младите луѓе да се насочуваат кон инженерска професија.
Новиот Млад инженер ќе учествува на Европската конференција на млади инженери. Согласно правилата, од сите пријавени кандидати, во потесна селекција ќе бидат избрани 5 лица за кои гласа Комисија на ИМИ и од нив се избира победникот.
Минатата година со ова Признание се закити Филип Попоски од Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Партнер на настанот е Друштвото за комуникациски менаџмент Чептер 4.
Македонија
Мицкоски: Заедничка изјава и рамка за договор за балансирана трговија со САД и за царински тарифи на одредени производи и индустрии до 0%, ова е политика на конкретни резултати
Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија.
По договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Оваа изјава, додава тој, претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД. Таа, како што вели, го трасира патот кон сеопфатен договор кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст.
„Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција.
Ова е политика на конкретни резултати. Чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници“.
Македонија
Ова е веќе ВМРО-ОКГ, нема демократија ниту во името, велат од СДСМ
Сопруга на градоначалник на ВМРО назначена за член на Судски совет. Советник на Мицкоски во Уставниот суд. Татко на министер е советник во Владата Мицкоски, истакнуваат од СДСМ.
„161 тендер за семејната фрима на Томовски, каде е неговиот татко но и негов близок роднина.
51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините. А тендерските шеми со поврзани фирми водат до таткото на Нелоски, шефот на кабинет на Мицкоски.
Во Алта Банка цела структура на ВМРО. Од Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО па до баџанакот на Тошковски.
Во Народна банка, за Гувернер, наместо експерт – Трајко Славески, поранешен министер во времето на Груевски.
На чело на АНБ, претседателот на Градскиот комитет на ВМРО.
Томовски назначен за втор организациски секретар во ВМРО, да организира тендери.
Сменети сите потпретседатели во ВМРО, останат е само чуварот на фотелјата Мицкоски“.
Ова, додаваат од СДСМ, не е само непотизам и партизација, ова е ОКГ – Организирана криминална група.
„ВМРО-ОКГ. Нема демократија ниту во името.
Македонијо, 2016 ни чука на врата, ни се враќа Никола Груевски“.

