Контакт

Македонија

Средба на Вељаноски и Макрадули со раководството на НДИ во Вашингтон

Објавено пред

На маргините на посетата на делегацијата од Собранието на Република Македонија во Вашингтон остварени средби со раководството на НДИ, соопшти собраниската служба за односи со јанвоста

Во петокот претседателот на македонското Собрание Трајко Вељановски и потпретседателот Јани Макрадули,се сретнале со уште неколку американски конгресмени, со претставници на македонската дијаспора, како и со претставник на Стејт Департментот задолжен за европски прашања.„Свесни сме за тоа колкави успеси постигна македонскиот парламент во изминатиот период, што придонесе Македонија да се споменува како модел за парламентарен развој“, истакнал претседателот на НДИ на средбата со  Вељаноски и  Макрадули. Од присутните било искажано заемно задоволство од досегашната соработка, како и волја истата да продолжи, се вели во информацијата.Спикерот во петокот се сретнал и со конгресмените Бил Паскрел и Кристофер Смит, при што ја искористил можноста да ги запознае со последните случувања во Република Македонија, како и да им се заблагодари на досега искажаната поддршка. „Граѓаните на Република Македонија се цврсто определени за интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, што нам политичарите ни дава дополнителна одговорност и обврска да работиме се додека тој интегративен процес не ја достигне целта. Граѓаните на Република Македонија, особено ја ценат поддршката која САД ни ја укажаа во Букурешт и почитувањето може само да се продлабочи во иднина“, реколе претседателот Вељаноски.Конгресмените Паскрел и Смит искажале на средбата подготвеност за целосна поддршка на Република Македонија.„Препознаен е напредокот кој го направи Македонија и може да биде добар пример како се прават резултати во нестабилен период“, истакнал конгресменот Паскрел на средбата.Делегацијата се сретнала и со претставник на Стејт Департментот, главен заменик помошник на Секретарот на Бирото за европски и евро-азиски прашања Ненси Мек Елдонеј, која изрази задоволство од посетата и искажа признание за стратешката определба на Република Македонија за евро-атланското интегрирање. Направивте одлична работа за вашата држава, за нејзините граѓани и во исто време добивте вистински пријател. Сметајте дека вашите цели за вашата држава се и наши цели за вашата држава, истакна Мек Елдонеј.Во рамките на посетата на САД, Амбасадата на Република Македонија беше домаќин на средбата на делегацијата на Собранието на Република Македонија со претставници на Обединета македонска дијаспора.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Шекеринска: Скопје не е веќе мрачен вилает каде полицијта брка студенти по библиотеки

Објавено пред

Вицепреиерката Радмила Шекеринска во обраќањето пред присутните на последниот настан од караванот на СДСМ насловен „На прав пат“ говореше за успесите на власта за НАТО, за политиките на градоначалникот Петре Шилегов.

„Напишавме историја. Имаме право да бидеме и задоволни и горди. По 30 години мечта и сон, нашиот рад ќе биде главен град на членка на НАТО. Нашиот град кој ги пречека и Меркел и Столтенберг и Туск… Дојдоа да му дадат поддршка на нашиот народ и на овој Град. Скопје не е веќе мрачен вилает каде полицијта брка студенти по библиотеки“, рече Шекеринска.

Таа кажа дека не може да се види Шилегов скриен во канцеларија, како молчи и како седи и чека што да му каже некој „од горе“. „Петре како опозиционер им се спротистави на Груевци и Мијалковци. Петре покажа и дека знае да сослуша“, рече Шекеринска.

„Петре не е аргонатен, туку храбар и упорен и не бега од проблемите кои му ги оставија. Скопје има многу непријатели. Моторџиите, зградите кои никнуваат, кафеанџиите кои со гласна музика, загадувачите, но ние за тие непријатели не молчиме, туку зборуваме“, говореше Шекеринска пред присутните.

„Кога пред 10 дена за првпат го видов нашето знаме за Лондон во центарот на светот во тој свет, до знамето на Велика Бритнија јас мислев дека нема човек кој не го погледна тоа со солза во око. За жал имало. ВМРО-ДПМНЕ“, рече таа во говорот.

Шекеринска дополни дека ВМРО-ДПМНЕ го блокира Законот за одбрана само затоа што го содржи уставното име на државата, но не им смета уставното име на протколот за НАТО и кога добиваат плати од државата.

„Не им смета уставното име за протоколот за НАТО, или кога добиваат плата со уставното име“, рече Шекеринска. „ВМРО-ДПМНЕ не се кае за злото кое го истури по нашите градови и села. ВМРО-ДПМНЕ не се менува. Игра делува и се менува по тактот на Груевски. ВМРО-ДМНЕ Зборува за чесност. Повикува на скромност, а чевлите им газат во дебелите персиски килими во белата палата“, рече Шекеринска.

„Лузните кои ги оставија траат. Оставија не само лузни, туку и многу отров кој сака да не труе и да не кара. Затоа не го поддрживаат нашето членство во НАТО“, кажа таа пред присутните.

Претходно говореше градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Со последната 26 трибина од серијата „На прав пат“ СДСМ го завршува караванот и ја заокружува изработката на изборната програма. Првиот драфт ќе биде промовиран кон крајот на декември.

Владејачката партија веќе најави нови настани кои ќе се темелат на клучните столбови на програмата. Кон средината на следниот месец партијата ќе излезе со финалната изборна програма.
Месецов завршува и кампањата „Од врата до врата“. Од партијата се пофалија дека 6000 партиски активисти посетиле приближно 70 илјади семејства.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шилегов: Презедовме 28 мерки кои видливо го намалуваат загадувањето

Објавено пред

„На многу пат сме од пред две години. Успеавме полека, полека, чекор по чекор, Скопје да го претвориме во успешна приказна. Најдоброто допрва следува. Покажавме дека не беше залудна бробата за промени“. Со овие зборови, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, го почна говорот во спортскиот центар „Борис Трајковски“, на завршниот настан од караванот на СДСМ, наречен „На прав пат“.

Шилегов во говорот се пофали дека системски почнале да ги решаваат проблемите кои со години биле ставани под тепих.

„Веќе се на пат 33 автобуси на гас, кој од февруари ќе ги гледаме на скопските улици“, рече Шилегов и кажа дека за две години ќе има повеќе патници во јавниот транспорт.

Градоначалникот на Скопје кажа дека системси го решаваат проблемот со хигината во градот.

„Се средува хаосот со комуналнот отпад во Градот. Го решивме проблемот со криминалното управување со Дрисла“, рече Шилегов.

„Влезени сме во војна, која не може да има поинаков крај, освен победа“, кажа тој во говорот и додаде дека работат на системско решавање на аерозагадувањето.

„За две години презедовме 28 мерки кои видливо го намалуваат аерозагадувањето. Инспекциите се засилени за загадувачите“, рече тој и додаде дека 13 од 23 средни училишта имаат енергетски фасади, Градот дал субвенции за оџачари, за набавка на инвертери, велосипеди, го обвновиле зеленилото во Градот, а градските улици и булевари се граделе побрзо и подобро од порано.

„Ми викаат многу работиш не ти чини пиарот, не знаеш да се фалиш. Ние не се фалиме, затоа што за нас тоа е редовна работа. Поважно од улиците, булеварите и објектите, Скопје се луѓето, Скопје е секој од нас што не е присутен во оваа сала“, рече Шилегов и кажа дека нема да дозволат Скопје да се врати, во како што рече, црното минато.

Претходно со скандирање „Зоки, Зоки“, присутните членови и симпатизери на СДСМ, го поздравија лидерот на партијата, Зоран Заев, кога влезе во спортската арена „Борис Трајковски“, по што следуваше интонирањето на химната. Присутните во салата по повикот на водителката ги кренаа картичките на кои пишуваше „На прав пат“, по што следуваше музичко-сценски перформанс.

Со последната 26 трибина од серијата „На прав пат“ СДСМ го завршува караванот и ја заокружува изработката на изборната програма. Првиот драфт ќе биде промовиран кон крајот на декември. Владејачката партија веќе најави нови настани кои ќе се темелат на клучните столбови на програмата. Кон средината на следниот месец партијата ќе излезе со финалната изборна програма.

Месецов завршува и кампањата „Од врата до врата“. Од партијата се пофалија дека 6000 партиски активисти посетиле приближно 70 илјади семејства

Прикажи повеќе...

Македонија

Демократски сојуз: Во шестата изборна единица со 7.000 гласови се обезбедува пратеник, а во првата со 10.000

Објавено пред

Демократскиот сојуз смета дека Македонија мора да биде една изборна единица за секој глас да има иста тежина.

„Анализата што ја направи Демократскиот сојуз, недвосмислено потврдува дека поделбата на шест изборни единици единствено е во корист на шестата единица каде со седум илјади гласови се обезбедува пратенички мандат или со 140.000 гласа се освојуваат 20 пратенички мандати, за разлика од другите изборни единици (прва,трета итн.) каде за пратенички мандат гласале 10.000 гласачи или со 200.000 гласачи се избрани 20 пратеници. Накусо, во шестата изборна единица со 60.000 гласа помалку имаме 20 пратеници“, велат од Демократскиот сојуз.

Демократскиот сојуз бара Макединија да биде една изборна единица, со цел, како што велат,  составот на Парламентот да биде реален одраз на волјата на граѓаните, а не непринципиелен политички договор, каде се фаворизираат партиите кои имат помногубројно гласачко тело во шестата изборна единица.

Оттука сметаат дека доколку Македонија биде една изборна единица, ќе се сруши монополската позиција на големите партии и конечно ќе се демонтира “еднопартискиот систем” на владеење.

„Помалите и новите партии ќе бидат застапени во Парламентот и ќе можат да влијаат при донесување на закони и одлуки битни за владеење на правото, ефикасна борба против корупцијата и побрза евроинтеграција“, додава политичката партија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет50 минути

(Видео) Најмалку четири лица загинаа во земјотресот на Филипините

Најмалку четири лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,9 степени кој го погоди островот Минданао во јужниот дел на...

Топ3 часа

Седум возила учествуваa во сообраќајна несреќа што се случи утрово во Скопје

Утрово во 06.45 часот на крстосница од булеварот „Александар Македонски“, улицата „16-та Македонска Бригада“ и улицата„Интернационални Бригади“ се случила сообраќајна...

Регион4 часа

Нов земјотрес во Албанија, почувствуван во Црна Гора

Нов земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија доцна синоќа, јавуваат медиумите. Според Евромедитеранскиот сеизмолошки институт, епицентарот бил на 22...

Свет5 часа

Грета Тунберг се извини: Тоа се случува кога импровизирате говор на друг јазик

Шведската активистска за борба против климатските промени, Грета Тунберг, се извини за изјавата дека политичарите треба да бидат „турнати до...

Спорт5 часа

Македонец е светски првак во УФЦ–Александар „The Great“ Волкановски

Македонецот Александар „The Great“ Волкановски (31) е новиот шампион во УФЦ, во перо категорија. Волкановски утринава во Лас Вегас го...

Економија5 часа

Почнува наградната игра „Мој ДДВ #MojaНаграда“

Од денес со скенирање на секоја фискална сметка преку апликацијата МојДДВ, секој полнолетен граѓанин е потенцијален добитник на една од...

Свет20 часа

Уништувањето на шумите во Амазонија достигна највисоко ниво за месец ноември

Уништувањето на шумите во бразилската Амазонија го достигна своето највисоко ниво за месец ноември, откако почна да се бележи неславни...

Македонија22 часа

Заев за ДУИ ќе се консултира во СДСМ и со малите партии

Премиерот Зоран Заев најави внатрепартиски консултации како и разговори со помалите партии на кои ќе се одлучува за поднесувањето на...

Топ23 часа

Пожар во стан во Тетово – еден тешко повреден, десетина затруени

Еден маж е потешко повреден со изгореници, а 10 лица се затруени од чад, во пожарот што се случи денеска...

Македонија23 часа

Врховните судии потврдија дека Јован Врaнишковски перел пари

Врховниот суд го отфрли како неосновано барањето за вонредно преиспитување на пресудата против расчинетиот владика на МПЦ-ОА, Јован Вранишковски. Тројцата...

Македонија1 ден

(Видео) Русковска: На почетокот на јануари се надевам на второ обвинение за „Рекет“

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска рече дека втората истрага за случајот „Рекет“ е при...

Македонија1 ден

Николоски тврди дека со СДСМ имале договор: За изборниот модел требаше да преговараме по изборите

Преговорите за Изборниот законик практично влегоа во ќор сокак, по вина на власта којашто на подмолен и недемократски начин, сака...

Македонија1 ден

(Видео) Дескоска, Здравев и Џолев на примопредавање на златната метла

Министерката за правда, пред почетокот на денешната акција за чистење на претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев му ја подари...

Македонија1 ден

Коце Трајановски нема да биде гонет за конкурсот за Водовод, застарело делото

Ексградоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и уште три други лица нема кривично да одговараат за злоупотреба на службената положба...

Топ1 ден

Патнички воз удри во автомобил, жена со повреди заврши во болница

Вчера напладне на железничка пруга Велес-Кочани, на патен премин кај селото Лозово, се случи железничка незгода во која патничкиот воз...

Европа1 ден

Џонсон: Нема втор референдум за независност на Шкотска

Британскиот премиер Борис Џонсон и порача на шкотската лидерка Никола Старџен дека нема да има нов рефердендум за независност на...

Свет1 ден

Северна Кореја изведе нова нуклеарна проба

Северна Кореја ја инофмрира светската јавност за нов „важен тест“, направен на космодромот Сохе во земјата, пренесоа руските медиуми. „На...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева го злоупотребила буџетот на СЈО за роднини и пријатели

Катица Јанева , под заштита на Зоран Заев, била дел од милионска рекет шема, но и го злоупотребувала буџетот на...

Македонија2 дена

(Видео) Морачанин: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да не се вадат дека не биле информирани, од септември зборуваме за една изборна единица

По тензичниот ден во Собранието каде што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со поднесување на илјадници амандмани ја блокираа расправата за измени...

Топ2 дена

Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Скопје

Управата за финансиска полиција  поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Е.А., поранешна директорка на средното училиште „Браќа...

Досие