Македонија
Мерки за заштита од пренесување на инфекцијата со свински грип!
Mерки за заштита при лекување болно лице или лице со симптоми на новиот тип на грип А(Н1N1) во услови на домашно лекување, препорачани од Минситерството за здравство на Република Македонија
– Заболеното лице (или лицето со симптоми на новиот тип на грип А/Н1Н1) да се изолира во домашни услови во посебна просторија се додека симптомите на болеста не исчезнат или додека се добие негативен резултат од лабораториското тестирање на земениот материјал. Вратата на просторијата треба да биде постојано затворена.- Да се ограничи пристапот во просторијата каде што е сместено болното лице (или лицето со симптоми на овој грип). – Забранети се посети на болни или лица со симптоми на новиот грип. – Да се избегнува бремена жена да се грижи за заболено/сомнително болно лице.- Заболеното лице или лицето со симптоми да носи заштитна маска додека во собата престојува друго лице. Доколку не се располага со заштитна маска, да се покрива устата и носот со рака или со марамче за еднократна употреба, посебно при кашлање и при кивање.- Постојано да се одржува хигиена на рацете. Рацете да се мијат со сапун и со топла вода или да се користат влажни марамчиња на база на алкохол (посебно после кашлање и по кивање).- Треба да се оджува хигиена во просторијата каде што престојува лицето или во заедничката просторија. Пожелно е да се дезинфицира просторијата (посебно бањата). – Редовно да се мијат со топла вода и со детергент приборот за јадење, нечистите алишта, крпи, постелнина и други предмети (детски играчки), кои биле користени. Овие предмети не мора да се чистат одделно. – Често проветрување на просторијата во која престојува болниот или лицето со симптоми на новиот грип.- Заболеното лице (или лицето со симптоми на новиот грип) не треба да се вози во средствата за јавен транспорт. Доколку лицето мора да користи јавен превоз, задолжително треба да носи заштитна маска, или да ја покрива устата и носот со рака или со марамче за еднократна употреба при кашлање и при кивање- Заболеното лице (или лицето со симптоми на новиот вирус), може да се врати на работа или во училиште кога симптомите на заболување ќе исчезнат. Мерки за заштита кои се однесуваат на блиските контакти!- Задолжително е миење на рацете со сапун и со вода пред и по излегување од собата на пациентот, како и по секој контакт со заболеното лице (доколку имате користете и средства за дезинфекција). – Задолжително користете заштитна маска за време на престојот во собата на заболеното лице (или на лицето со симптоми на новиот грип).- Избегнувајте директен контакт лице во лице со заболениот или со лицата со симптоми на новиот грип – Користете ракавици за еднократна употреба при директен контакт со болниот или со предмети од неговата блиска околина- Најблиските членови на семејството на заболеното лице или лицето со симптоми на свински грип, треба да ја следат својата здравствена состојба и здравствената состојба на децата во семејството и веднаш да побараат лекарска помош, доколку се појават симптоми слични на грип (висока температура, кашлање, грлоболка, тешкотии при дишење, општа изнемоштеност) – Членовите на најблиската фамилија на заболениот често да ги мијат рацете со сапун и со вода (или да ги бришат рацете со влажни марамчиња на база на алкохол). * Дефиниција на близок контакт (СЗО):Близок контакт е лице кое се грижи за болниот или живее во исто домаќинство и имало директен контакт со секрет од дишните патишта или други телесни течности од лице кое е потврден или сомнителен случај на инфлуенца А/Х1Н1.Мерките за заштита треба да се почитуваат, посебно при директни активности поврзани со заболеното/сомнително болно лице, посебно во случаите кога е значително поголем ризикот за контакт со секрети од дишните патишта (на пр. капење, хранење, пресоблекување).Министерство за здравство на Република Македонија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.