Контакт

Македонија

Ноќна трка низ Скопје за Денот на ослободувањето

Објавено пред

Трендафилов Ѓорѓи од АК Струмица „Ава“ и Кристиан Ефремов од Велес, се победници во машка конкуренција на првата “Ноќна атлетска трка низ улиците на Скопје”, на 3.600 и 1.200 метри, што се трчаше, по повод ослободуивањето на Скопје

dobivaj vesti na viber

Во женска конкуренција победнички беа Христина Ристеска и Александра Митроска на 3.600 односно 1.200 м.

Трендафилов е најдобриот атлетичар на државно ниво и осми на балканот, а неодамна ја истрча и патеката долга 42 километри што се трчаше во Подгорица. Ефремов има 19 години, а веќе е најдобар младинец-спринтер, државен првак на 400м, четиристотини метри со пречки, на 100 и двесте метри.

Со старт од истото место, од плоштадот Пела, Градоначалникот Трајановски го означи почетокот и на првата Ноќна велосипедска трка низ улиците на Скопје.

Во категорија сениори мажи на велосипедската трка победи Есан Хасановиќ, велосипедист со босанско потекло кој вози професионално за еден италијански клуб. Во категорија јуниори (мажи), прв беше Стефан Петровски, од клубот ВЕЛ-М од Куманово, а во  категоријата Мастерс (повозрасни од 35 години), првото место му припадна на Дејан Тодоров од скопскиот клуб  Енерџи. Во категорија катедети до 16 години, прв се пласираше Александар Атанасовски од ВЕЛ-М- КУманово. Од жените велосипедисти прва беше Ивана Ананиева од клубот „Поскок“ од Кочани.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски им ги врачи дипломите и медаљите на победниците.

Овие спортски манифестации се во организација на Сојузот на спортови на Скопје, се одржуваат во рамките на одбележување на денот на ослободување на Скопје, 13 ноември, а како покровител се јавува Град Скопје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Јанчев: Под плашт на законски измени за евиденција на трудот ФЗО додава Северна во името

Објавено пред

По измената на повеќе од 16 закони со кои се цементиташе „Северна“ во името на Република Македонија, власта на ДПМНЕ повторно протнува закон, овојпат за Фондот за здравствено осигурување, само за да го смени името на институцијата.

dobivaj vesti na viber

„Повторно имаме закон за домашна употреба, конкретно Законот за евиденции во областа на трудот, со којшто Фондот за здравствено осигурување на Македонија го менува името во ФЗО на Северна Македонија.

Преспанскиот договор вели: ‘Mенувањето на документите и материјалите коишто се за домашна употреба ќе се менуваат при отворање на секое поглавје на релевантно поле во преговорите со ЕУ’. Ние преговори немаме почнато со ЕУ! – Не знам зошто менуваме документи и закони за внатрешна употреба?, истакна Сашко Јанчев на комисиската расправа во Законодавно-правната комисија за Предлог-законот за изменување на Законот за евиденциите во областа на трудот.

Јанчев исто така нагласи дека Преспанскиот договор има многу правни основи за негова ништовност и наведе дека власта целосно го спроведува до таа мера што со закон се преземаат поголеми обврски од договорот.

Со ова ДПМНЕ уште еднаш потврди дека нема намера да работи во насока на ублажување на последиците од предавничкиот Преспански договор, а уште помалку да се залага за негово укинување. Она што го започнаа СДС и ГРОМ сега го продолжува ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Јаневски: Да сме набавеле нови автобуси, па вие и овие што ги имате не можете да ги сервисирате

Објавено пред

Дали вие знаете дека минатата година за субвенции за Јавното сообраќајно претпријатие, Градот Скопје одвои 685 милиони денари, 11 милиони евра и со цел памет директорот на ЈСП и вие коишто го браните со тоа дека не бил почитуван возниот ред, 11 милиони евра и возниот ред не е почитуван, вели советникот од ВМРО-ДПМНЕ Филип Јаневски, на денешната Седница на Град Скопје говорејќи за предлог-одлуката за именување на линискиот превоз на патници во градот.

dobivaj vesti na viber

Тој појаснува дека оваа година во овој буџет на ЈСП му е доделена можност за 800 милиони денари или 13 милиони евра што претставува рекордна сума. Притоа истакнува дека и покрај овие енормни суми ЈСП е доведено до дереџе да не може да се испочитува ниту возниот ред.

„Да сме набавиле нови автобуси, па вие овие што ги имате не можете резервни делови да набавите. Тие нови автобуси кој ќе ги сервисира, кој ќе плаќа за резервни делови? Овие што ги имате вие не можете да ги сервисирате, за овие нема шофери, ама нови автобуси да сме набавиле. Се истуривме пари давајќи во тоа претпријатие за да дојдеме до дереџе овде денес да ми велите вие дека ние ги лажеме граѓаните“, концизен е Јаневски.

Јаневски исто така посочи дека со приватните превозници на секои шест месеци се јавуваа проблеми, со вработените исто така, а паралелно секои два месеци беше и блокирана сметката на ЈСП, што поради долговите кон приватните превозници, што поради добавувачите на нафта.

„И вие мене ми велите да го смениме возниот ред, да не сме ги лажеле граѓаните, а до го смениме на пример директорот или градоначалникот тоа не ви текнува како решение можно. Затоа што може градоначалничката не ја бидува. Тука нас ни глумите дека се грижите за граѓаните дека немале автобус, можеби и се грижите да не грешам, па дајте да видиме зошто се потрошени 24 милиони евра во последните две години само за субвенции“, прецизен е Јаневски.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Зегин онлајн“ е најпопуларна е-продавница за убавина, нега и здравје за 2024 година

Објавено пред

Вчеравечер, по четврти пат се одржа настанот “E-commerce Awards” (Награди во е-трговијата)- годишна иницијатива на Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија чија цел е препознавање на најдобрите во македонската е-трговија.

dobivaj vesti na viber

Компанијата Зегин со е- продавницата www.zegin.com.mk беше номинирана во неколку категории, а го освои првото место во категоријата ”Најпопуларна е-продавница за убавина, нега и здравје”, што претставува уште една потврда дека квалитетот, професионалноста, вложениот труд и љубовта секогаш резултираат со успех.


Доказ за успешноста е токму оваа награда, четврта по ред, која претставува одлична мотивација за уште попосветена работа, поквалитетна понуда, како и позадоволни купувачи во иднина – велат од компанијата.

Во тој контекст , по барање и на задоволство на купувачите, оваа година услугите на онлајн продавницата www.zegin.com.mk се прошируваат. Компанијата ЗЕГИН најавува и новитет кој наскоро ќе биде лансиран, а тоа е мобилна апликација со која услугите на компанијата ќе станат уште подостапни за сите граѓани.

 

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

Јаневски: Да сме набавеле нови автобуси, па вие и овие што ги имате не можете да ги сервисирате

Дали вие знаете дека минатата година за субвенции за Јавното сообраќајно претпријатие, Градот Скопје одвои 685 милиони денари, 11 милиони...

Македонија58 минути

МНР со реакција на бугарското министерство: Политиката на условувања создава непотребни тензии, кои не одговараат на европскиот дух на соработка

Со жалење констатираме дека нашиот сосед повторно се обидува одговорноста за неисполнувањето на нивните меѓународните обврски да ја префрли врз...

Македонија2 часа

Дел од сегашните судии и обвинители е последниот штит на криминалот на поранешната влада на СДСМ и ДУИ, вели Мицкоски

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарското прашање поврзано со интерпелација на Судскиот совет и барањето на оставка...

Македонија2 часа

Институтот интерпелација во никој случај не може да се примени за уставните судии, тоа е упад во самостојноста велат од Уставниот суд

По медиумскиот интерес за став од Уставниот суд во врска со т.н. интерпелации на уставни судии, судот информира дека Уставот...

Македонија2 часа

Жртвите на сексуално насилство ќе може да побараат помош и без да пријават во полиција силување или обид за силување

Сервисите за помош и поддршка на жртвите на сексуално насилство, кои сега се достапни само за жртвите откога ќе го...

Свет2 часа

Скандал го тресе Брисел: корупција во Европскиот парламент

Белгиското обвинителство денеска соопшти дека неколку лица се уапсени на сослушување, наводно вмешани во корупција во Европскиот парламент. Обвинителите соопштија...

Македонија4 часа

ОЈО ГОКК го обжали решението за куќен притвор за Јахоски

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција го разгледа решението со кое не се прифати предлогот на Обвинителството...

Македонија4 часа

За две години, државните институции набавиле нови возила за 8,5 милиони евра, според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за набавките на патнички возила на државните институции во 2023 и 2024 година...

Македонија5 часа

Трендафилов продолжува да дејствува како партиски портпарол на СДС и да одработува за нивни интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нелегално избраниот претседател на ССМ, Слободан Трендафилов продолжува да биде партиски портпарол на СДС и да одработува за нивните интереси,...

Македонија6 часа

„Доказите се кристално јасни, ОЈО веднаш да отвори истрага за тендерите на Стефан Андоновски“, бара СДСМ

„Државната комисија за спречување на корупција отвори предмет за судир на интереси, непотизам и корупција во врска со тендерите во...

Свет6 часа

Полскиот претседател: Им реков на Американците да го преместат нуклеарното оружје кај нас

Полскиот претседател Анджеј Дуда ги повика Соединетите Американски Држави да пренесат нуклеарно оружје на полска територија како одвраќање против идната...

Европа7 часа

Британија протера двајца руски дипломати

Откако во понеделникот двајца британски функционери беа протерани од Русија, Обединетото Кралство им ја укина акредитацијата на руски дипломат и...

Свет8 часа

Русија им ги претстави условите за прекин на огнот на Американците, пренесува „Ројтерс“

Русија им претстави на САД список со барања за договор за прекин на војната во Украина и ресетирање на односите...

Европа8 часа

(Видео) Путин ненадејно се појави во Курск: „Тој ѝ постави задача на армијата“

Рускиот претседател Владимир Путин постави задача конечно да ги порази украинските вооружени сили во регионот Курск во најкус можен рок,...

Македонија17 часа

Бугарското МНР за изјавите на Мицкоски: Демонстрира недоволно разбирање на одлуките на Европскиот суд

„Потсетуваме дека Европскиот консензус од 2022 година, одобрен од сите земји-членки на Евроспката Унија и Скопје останува валиден патоказ за...

Македонија24 часа

Има интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија: евроамбасадорот Рокас најави посети на европски лидери во Скопје

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека се работи и е во тесна соработка со македонската Влада со цел да се надминат...

Македонија24 часа

Очекувам да ги напуштат позициите, тие што ги избраа јасно кажаа дека повеќе немаат кредибилитет, вели Мицкоски по интерпелациите

Премиерот Христијан Мицкоски, по вчера изгласаните интерпелации за петтемина членови на Судскиот совет што ги назначува Собранието, очекува самите да...

Македонија1 ден

Мицкоски: Шокиран сум како се однесувал прв човек на едно обвинителство кога слушнал за акцијата на МВР и БЈБ

По акцијата за канцерогениот мазут, во која беа уапсени 11 лица, премиерот Христијан Мицкоски денес рече дека бил шокиран од...

Македонија1 ден

Палевски првин ја прашал Вања кои ѝ се родители за да им испрати фотографии, потоа ја застрелал преку перниче, сведочеше Манев

Обвинетиот Велимир Манев сведочеше во судот за грабнувањето на Вања тврдејќи дека Љупчо Палевски-Палчо им покажувал фотографии од возрасна жена...

Македонија1 ден

Манев за грабнувањето на Вања: Палевски ни рече дека ќе грабнеме возрасна жена, а не дете

Пред да биде грабната 14-годишната Вања, првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо на обвинетите им рекол дека ќе грабнуваат 38-годишна жена, ќерка на...