Контакт

Македонија

Отворена поддршка за Македонија од Полска за ЕУ и НАТО

Објавено пред

Полска и’ дава отворена поддршка на Македонија за интеграција во ЕУ и НАТО, го признава нејзиното уставно име и смета дека е нефер да и’ се поставуваат посебни специјални услови, различни од другите земји, за членство во евроатлантските структури

dobivaj vesti na viber

Ова го истакна Анджеј Халицки, претседател на Комисијата за надворешна политика во полскиот Сејм (Парламентот) по денешната средба во Варшава со македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски.Претседателот на полската парламентарна комисија Халицки, за МИА изјави дека ставот за поддршка на Македонија соопштен и претходно од страна на полскиот претседател и Владата, за време на Самитот на НАТО во Букурешт, беше јасен. „Ние го користиме уставното име без некои други услови. Целосно е нефер да се поставуваат некакви специјални услови од други земји-членки. Членките кои сакаат да се чувствуваат посилни од други земји и општества, не ги исполнуваат фундаменталните европски стандарди. Правилата се исти за сите, и за оние што се внатре и за оние што се надвор, но сакаат да бидат внатре“, рече Халицки.Шефот на македонската дипломатија рече дека Македонија е задоволна од отворената поддршка што ја добива од Полска, како и од полската политика на отворени врати и вреднување на постигнатите резултати и оти кога тие се постигнати, секој кандидат треба да има шанса да стане дел од ЕУ и да придонесе за заедничките цели на модерната европска нација. Милошоски оваа порака ќе му ја пренесе попладнево и на неговиот полски колега Радослав Шикорски од кого исто така ќе побара Полска да ја поддржи Македонија и да ја следи препораката на Европската комисија за почнување преговори за пристап во ЕУ на декемврискиот самит на Унијата.  Македонскиот минстер за надворешни работи оцени дека билатералните односи меѓу двете земји се одлични и оти придонес за тоа дава и полскиот Параламент. Притоа тој најави дека се очекува во почетокот на следната година претседателот на македонското Собрание да биде гостин на полскиот Парламент. „Ќе се согласам со министерот дека нашите билатерални односи се навистина добри. Ние би сакале што поскоро Македонија да стане дел од Европската Унија, како и членка на НАТО“, додаде Халицки. За време на престојот во Варшава предвидено е министерот Милошоски да одржи предавање на тема „Перспективите за членство во ЕУ на земјите од Балканот – случајот на Република Македонија“, во организација на Центарот за источни студии и институтот „ДЕМОС – Европа“.Македонија и Полска имаат традиционално пријателски билатерални односи. Полска, која стана членка на Европската Унија во 2004 година, ја поддржува Република Македонија во евроатлантските интеграциски процеси и во 2005 година ја призна под уставното име. Полска е една од земјите од кои Македонија ќе црпи искуства за претстојните преговори за влез во Унијата во делот на јавната администрација, и тоа според Холандско-полскиот Утрехт модел. Се очекува во април идната година во Варшава да се одржи конференција на која главна тема ќе бидат токму овие полски искуства, поглавјата за заедничка надворешна и безбедносна политика и за правда и безбедност. Отворени прашања меѓу двете земји нема, но обострана оценка е дека од особена важност е развојот и интензивирањето на економската соработка.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски: Аеродром го заслужува најдоброто, започнува реализацијата на голем капитален проект

Објавено пред

Градоначалникот на Општина Аеродром, заедно со претседателот на советот, Дејан Митески и директорката на основното училиште „Блаже Конески“ утрово на работен состанок ја утврдија динамиката по која до крајот на оваа школска година треба да започне реконструкцијата и доградбата на основното училиште „Блаже Конески“.

dobivaj vesti na viber

„Станува збор за важен инфраструктурен проект, онаков каков што заслужуваат граѓаните на Аеродром. По неговото финализирање, Аеродром ќе добие модерно и современо училиште, направено согласно сите европски стандарди, училиште кое ќе биде пример за квалитетна градба, одржливост и енергетска ефикасност“, истакна градоначалникот Муцунски во својата објавата на Фејсбук.

Тој додаде дека најважно од се е што реконструкцијата и доградбата нема да го наруши нормалното функционирање на училишните активности, а нивната организација ќе биде направена во консултација и согласно барањата на родителите, со кои утрово Муцунски одржа состанок.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Ковачки: Со над 800 милиони евра владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решава проблемите на земјоделците

Објавено пред

„Благодарност за поканата на нашиот градоначалник Виктор Паунов, тука сме заедно и со кандидатот за пратеник Гордана Барбашка. Како што нашиот градоначалник работи и покрај опструкциите од централната власт, гледате дека се развива и се гради. Во иднина ние планираме да дадеме 250 милиони евра за сите општини во Република Македонија без разлика кој е на власт. Само во Карбинци ќе доделиме 1,8 милиони евра за сообраќајна и комунална инфраструктура, значи дополнително општините ќе се градат и дополнително ќе се развиваат“, рече Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.

dobivaj vesti na viber

„Како што работи нашиот градоначалник во Карбинци, така ќе работиме и ние на централно ниво. Дополнително за жителите од овој крај предвидуваме над 800 милиони евра во 4 годишен мандат за земјоделците што значи реконструкција на сите водоводни канали, да го решиме проблемот со водоснабдувањето, да го решиме проблемот со загарантираниот откуп, и да го решиме проблемот со загарантираната цена. Значи ќе отвораме и нови откупни центри.

Земјоделците од овој крај заслужуваат внимание, заслужуваат да си ја работат земјата тие, а не земјата да ја поседуваат феудалци како Љупчо Николовски и сличните на него.

Македонија е одлучна за промени, Македонија сака да биде горда, и Македонија заслужува да биде повторно твоја.

Затоа ги повикувам сите граѓани на 8 мај масовно да ни се приклучат да излеземе заеднички, да ставиме крај на овие црнила и овие сивила кои ги донесоа СДС и ДУИ“, изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.

Прикажи повеќе...

Македонија

Oдбележување на 28 април – Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Објавено пред

Во организација на МТСП и Меѓународната организација на труд со конференција на тема: „Климатските промени и безбедноста и здравјето при работа„ го одбележавме 28 април – Светскиот ден на безбедност и здравје при работа.

dobivaj vesti na viber

Сведоци сме на очигледни глобални климатски промени кои се случуваат насекаде на планетата. Резултат на тоа се сè почестите временски и климатски екстремни појави – изразито силни и чести топлотни бранови, силни врнежи, шумски пожари, поизразени сушни периоди итн. Никако не смее да се занемари фактот дека ваквите појави сериозно влијаат врз безбедноста и здравјето на работниците, кои честопати се и првите кои се изложени на овие опасности и тоа обично со изложеност која е подолготрајна и поинтензивна отколку на општата популација.

На одбележувањето на 28 април- Светскиот ден на безбедност и здравје при работа, министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски потенцирајќи го значењето на безбедноста и здравјето при работа, рече дека добар дел од несреќите при работа и појавата на професионални болести и заболувања кај работниците, можеле да бидат превенирани и спречени, но се токму последица на недоволното и несоодветното преземање на превентивни и заштитни мерки, неопходни да го заштитат здравјето и животот на работниците на работното место.

Во овој дел, тој се осврна на анализите и проценките на Меѓународната организација на трудот објавени пред извесно време.

„Проценки кои даваат една навистина застрашувачка слика, според која секоја година повеќе од 2,3 милиони работници ширум светот умираат од несреќи или заболувања кои се поврзани со работата и работното место, а дополнителни 340 милиони работници се повредуваат во различни несреќи при работа’, рече Велковски и додаде дека овие повреди и несреќи при работа, за жал се случуваат и во нашата држава.

Според податоците од Државниот инспекторат за труд, во текот на минатата – 2023 година се случиле околу 2,250 посериозни повреди при работа, од кои 17 завршиле трагично, со смртни последици по вработените.

„И токму затоа, спречувањето на ваквите ситуации, намалувањето на можностите за појава и настанување на несреќи при работа, намалувањето на ризиците на работното место, спречувањето или намалувањето на влијанието на различни опасности со кои се соочуваат или доаѓаат во допир работниците при нивната работа, … сето ова е нешто на што сите мораме заеднички и координирано да работиме, уште поинтензивно отколку досега”, потенцираше министерот Велковски.

Секоја година при одбележувањето на Светскиот ден за БЗР, во фокусот на дискусиите е одредена актуелна тема од областа на безбедноста и здравјето при работа. Така е и оваа година. Одбележувањето е тематски посветено на „Влијанието на климатските промени врз безбедноста и здравјето при работа“.

Министерот Велковски на оваа тема акцентираше дека: „Мораме да сме свесни дека промовирањето и почитувањето на основниот принцип и право на работа во безбедна и здрава работна средина, исто така помеѓу другото, значи и соодветно справување со опасните влијанија од климатските промени на работното место”.

На конференцијата, воведни обраќања, покрај министерот Велковски имаа и Владанка Трајковска, Претседателка на ОРМ, Слободан Трендафилов, Претседател на ССМ и Националниот координатор на МОТ, Емил Крстановски.

На темата: „Климатските промени и безбедноста и здравјето при работа”, говореа Горјан Јовановски, софтверски инженер и еко-активист, основач на AirCare и EarthCare.ai, проф. д-р Драган Мијакоски од Институтот за медицина на трудот и Билјана Ставреска, стручно лице за безбедност при работа од Институт за техничко испитување и безбедносен инженеринг ИТИ – Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ35 минути

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија53 минути

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет3 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет3 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет4 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион4 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет4 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија15 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија15 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија16 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија18 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија21 час

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ21 час

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија23 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија1 ден

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија1 ден

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...