Македонија
Гостилницата „Лира“ најдобра во Скопје
Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, во Музејот на Град Скопје ги додели наградите на најдобрите угостителски објекти за 2009 г. За најдобар во големата конкуренција е избран ресторанот „Лира“
„Многу ми е драго што Градот покажа ваква иницијатива за оценување на работата на угостителските објекти, а ми се допаѓаат и критериумите под кои беше оценувана таа работа. Постоиме веќе 14 години и ова е втора година како ја добиваме оваа награда“, изјави Влатко Милев од ресторанот Лира.Покрај наградата за најдобра гостилница што ја доби гостилницата Лира, во категоријата ресторани наградата ја доби Три бисери, а покрај него и мексиканскиот ресторан Амигос и ресторанот Гурмет се најдобрите за оваа година, а во категоријата гостилници, првите три плакети им припаднаа на гостилниците Лира, ИВ и Идадија.Истражувањето од страна на тајни клиенти било спроведено од 15 октомври до 15 ноември оваа година, а биле опфатени 50 ресторани и 50 гостилници во Скопје. Спроведени биле вкупно 300 посети, по три во секој угостителски објект.Во просториите на Музејот на Град Скопје денес беа доделени наградите за „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите“. Наградите беа поделени во две категории: гостилници и ресторани. Оваа традиционална манифестација е во организација на Град Скопје, а е поддржана од SWOT Research.„Мислам дека ова е најдобриот начин со објективно оценување да се одреди најдобрата услуга на угостителите во нашиот град. Ваквите манифестации се полезни, зашто служат како начин на вреднување на квалитетот на услугата, но воедно значат и поттик и мотив за натамошно подобрување на изгледот на објектите, но и подобрување на квалитетот на услугата. Странците кои го посетуваат нашиот град, треба покрај другите нешта да го паметат токму по добрата храна и услуга, специфична само за нас“, истакна скопскиот градоначалник Коце Трајановски. Раководителот на Секторот за локален економски развој, Слободан Ќосев, смета дека ваквите манифестации имаат единствена цел, да се издвојат најпрестижните угостители во Скопје, коишто пак би претставувале пример за сите останати. „Објектите се испитуваат во текот на еден месец, од 15 октомври до 15 ноември, а се испитуваат понудата и квалитетот на угостителите во градот. Испитувањата се спроведуваат според неколку критериуми, меѓу кои: прв впечаток или контакт, изглед на објектот, изглед на внатрешниот простор, изглед на барот, услугата на келнерите, квалитетот на храната и завршен контакт“, рече Ќосев. Манифестацијата „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите 2009“ се одржува вторпат, во организација на Градот Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Илинден и Кисела Вода
ЕВН извести дека денес без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.25 до 15.30 часот, корисниците од улиците број 10, 513, 517, 529 и 532, како и објектите на фабриката Хавеп и Агрома во село Марино. ( општина Илинден )
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. Томе Арсовски и ул.474.( општина Кисела Вода )
Македонија
Променливо облачно со дожд и снег на планините, од утре стабилизирање на времето
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови од земјата. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег, а попладне врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат од 2 до 6 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 3 до 9 степени.
Во Скопје се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд во претпладневните часови и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Од петок следува стабилизирање на временската состојба. За време на викендот, а особено во првите денови од следната седмица, утрата ќе бидат ведри и студени, со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нулата.
Македонија
Апелација ја зголеми затворската казна за двајцата директори поради пожарот во модуларната болница во Тетово
Апелационен суд Гостивар ја преиначи пресудата за случајот со модуларната болница во Тетово и на двајцата обвинети им ја зголеми затворската казна од една и пол на по три години. Истовремено е зголемена и паричната казна што треба да ја плати обвинетото правно лице – ЈЗУ Клиничка болница Тетово.
Осудените директори Фљорин Бесими и Артан Етеми се огласени за виновни за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“. Судот оцени дека изречените санкции соодветствуваат на тежината на делото и последиците.
Во пожарот во Модуларната болница во 2021 година загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти кои се лекувале од Ковид-19, и двајца роднини на хоспитализираните.

