Македонија
Кресал: Словенија ја сака Македонија во ЕУ
Министерката за внатрешни работи на Словенија, Катерина Кресал, на денешната средба со министерката за внатрешни на Македонија, Гордана Јанкулоска, потпишаа договор со кој на Македонија и’ подари три апарати за утврдување на оригиналноста на документите
„Словенија е заинтересирана Македонија што побрзо да влезе во Европската Унија и ќе ја поддржи на тој пат бидејќи местото на Македонија е во ЕУ“, рече по средбата министерката Катерина Кресал.
Главна причина за денешната средба беше визната либерализација, со која на граѓаните на Македонија им се овозможува слободно преминување на европските граници од 19 декември.
„Таа одлука беше согласна на сите три нивоа и целта беше да и се овозможи на граѓаните на Македонија поотворено да ги пречекаат претстојните празници“, рече Кресел.
Министерката Гордана Јанкулоска информира дека соработката на Словенија и Македонија се одвива на неколку нивоа, особено во областа на информациите, борбата против организираниот криминал, корупцијата и спречување на трговијата со луѓе.
„Република Словенија е наш голем поддржувач и токму како една од земјите кои и’ даваат несебична и безрезервна поддршка на Република Македонија во сите области посебно во областа на правда и внатрешни работи денес имавме исклучителна средба на која ги разгледавме сите проекти на кои соработуваме“, рече министерката Јанкулоска.
Двете министерки се договориле за продлабочување на соработката при размена на искуства за шенгенски акциски план каде Македонија може да учи од искуствата на Словенија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

