Македонија
Нови сообраќајни знаци на градските улици
Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот, екипите на ЈП „Улици и патишта“, по налог на Градот Скопје, деновиве поставија нови сообраќајни знаци на улиците Христо Татарчев, Народни херои, Огњан Прица, Салвадор Аљенде, Манапо и на булеварот 8 Септември
На улиците Христо Татарчев, Народни херои и Огњан Прица во населбата Кисела Вода се поставени три знаци за обележување пешачки премини. На улицата Салвадор Аљенде е наместен сообраќаен знак за забрането свртување во десно. На булеварот 8. Септември и на улицата Манапо во населбата Карпош поставени се 3 сообраќајни знаци – триаголник.Вертикалната сигнализација минатата недела беше обновена и во населбите Чаир и Ѓорче Петров. Во функција на регулирање на сообраќајот се поставија 8 (осум) сообраќајни знаци и тоа: на булеварот Босна и Херцеговина – 5, на улицата Кемал Сејфула – 1 и на улицата Ѓорче Петров – 2. За заштита од паркирање на возила на паркингот на црквата „Свети Спас“, на улицата Самоилова, екипите на ЈП „Улици и патишта“ во наредниве два дена ќе се постават два сообраќајни знаци, како и 20 столбчиња со висина од 1 метар и ф 100 милиметри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

