Македонија
Делегацијата од Дижон во посета на Скопје
Во рамките на дводневната посета на Скопје, официјална делегација од францускиот град Дижон, предводена од заменикот градоначалник Пјер Прибетиш и шефот на одделот за меѓународна соработка Филип Сартори, се сретна со скопскиот градоначалник и со претставници од градската администрација
„Навистина ми е драго што дојдовте сега кога се одржува Саемот на општини во Скопје и мислам дека имавте можност не само да го видите Скопје, туку да ги запознаете и сите општини во нашата држава собрани на едно место. Би сакал да ја искористам нашата средба за да ги пратам моите срдечни поздрави до Градоначалникот на Дижон и да ви се заблагодарам за досегашната добра заедничка соработка. Чест ми е што Градот Скопје е дел од мрежата на градови на Франкофонијата“, истакна скопскиот градоначалник Коце Трајановски заблагодарувајќи им се на гостите од Дижон за досегашната, како што ја оцени, одлична соработка меѓу двата збратимени града.Од своја страна, пак, заменикот градоначалник Пјер Прибетиш нагласувајќи ја добрата соработка меѓу Дижон и Скопје, изрази желба и надеж дека со ваквите средби таа ќе се продлабочува.„Нашето збратимување трае веќе педесетина години, и тоа е резултат на желбата на нашиот поранешен градоначалник Кир, кој уште во 1961-та сакаше да ја отвори границата на Франција за државата од источна Европа. Се надевам дека во 2011-та свечено ќе го прославиме педесетгодишниот јубилеј од нашето збратимување“, рече Прибетиш.На средбата присуствуваа и вршителката на должноста амбасадор во Скопје, Изабел Гуиснел и Бранко Чобанов, аташе за култура во Француски центар за соработка.Во средата ден двочлената делегација од Дижон одржа состаноци со претставници на неколку сектори од Град Скопје, на кои присуствуваа и Корин Далансон, аташе за институционална соработка како и Јохан Урес, директор на Францускиот центар за соработка „Жан Моне“ и советник за култура и соработка во Амбасадата на Р. Франција во Република Македонија. На состаноците се разговараше на теми од меѓународната соработка, од областа на културата, заштита на животната средина, планирањето и уредувањето на просторот, а беа потенцирани и можните начини на продлабочување на соработката на овие полиња, со што Скопје и Дижон активно би работеле на издигнување на културната размена на едно повисоко ниво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

