Македонија
Втора жртва од свински грип во Македонија
Седумдесет и седумгодишен маж е втората жртва на свинскиот грип во Македонија, во четврток официјално потврдено од Инфективната клиника
Пациентот починал пред три дена на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), а денеска официјално е потврдено дека причина за смртта е новиот грип.Станува збор за пациент со хронично опструктивна болест на срцето, кој на КАРИЛ бил примен на 21-ви месецов, по што здравствената состојба нагло му се влошила и тој за два дена починал.На Инфективната клиника во критична состојба се уште е 55-годишната жена, како и друга пациентка, префрлена исто од КАРИЛ.На Инфективната клиниката во изминатите 24 часа се примени шест нови сомнителни случаи, а на Инфективното одделение во Воена болница е примен еден нов пациент.Првата жртва од свински грип беше 32-годишен маж од Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

