Контакт

Македонија

Груевски-Папандреу: Нема прогрес во спорот за името, остануваат разговорите

Објавено пред

Нема прогрес во разговорите за изнаоѓање решение во спорот за името што Грција и’ го наметнува на Македонија. Тоа е епилогот од денешната средба на грчкиот премиер Јоргос Папандреу и македонскиот претседател на владата Никола Груевски

dobivaj vesti na viber

Јоргос Папaндреу му порачал на Никола Груевски дека не отстапува од максималистичките барања во однос на името и македонскиот идентитет кои на последната средба во Њујорк ги соопшти грчкиот преговарач Адамантиос Василакис. Груевски, пак, од савојот грчки колега побарал не зависно од тоа што нема напредок во спорот да не го блокира влезот на Македонија во Европската Унија на следниот состанок на Европскиот совет на 7 декември.„Овој нов имплус што го имаме сега е добар, колку и да нема резултат од некој разговор, самиот разговорот придонесува на некој начин да се разменат мислење со кои едната и другата страна се соочува. Само со дијалог можеме подобро да се разбереме. Го поздравувам овој нов бран што го имаме од неодамна со владата од Грција. Во однос на позицијата во врска со нашето уставно име морам да ви кажам дека практично денеска ми беше соопштено дека грчаката странба останува на позициите кои ги презентираше нивниот преговарач во Њујорк, како поврзано со името, така поврзано и со идентитетот и во тој поглед не можам да кажам дека имаме некаков прогрес“, изјави Груевски веднаш по средбата со Папандреу.Груевски укажал на грчкиот колега дека букурешкото искуство и блокадата што беше ставена тогаш дополнително ги влоши односите меѓу државите и дека сега имаме поодалечени позиции отколку што имавме пред Букурешт.„Доколку некој смета дека тоа што ќе не’ блокира дека веднаш уште нарендиот месец ќе го реши проблемот се покажа како неточно и ја влошува атмосферата, а се надевам дека и Грција не сака. Така што, апеларивме тој уште еднаш да размили пред да се преземе чекор кој што ќе има негативни далекусежни реперкусии во односите меѓу државите. На некој начин не е европски пример некој некого да блокира и да не’ притиска и уценува. Разговорите треба да ги продолжиме и да најдеме решение. Тоа е наш државен интерес.  Со блокади и уцени не се постигнува прогрес“, рече Груевски.Иако се обидоа на македонските новинари не им беше дозволено да присуствуваат на изјавата што по средбата ја даде Папандреу. Тој изјавил дека едно прашање кое трае 18 години не може да се реши за неколку дена. „Изразувам надеж дека е можно решение во нардните неколку месеци или една година. Процесот продолжува во Обединетите нации. Меѓународната заедница ја цени ангажироноста на Грција по прашањето“, изјави Папандреу.Мала Преспа е втора по ред директна средба по онаа во Брисел на која македонската и грчката страна ќе се обидат директно, надвор од процесот на преговорите што се водат во посредство на ОН и Метју Нимиц, да дојдат до напредок во спорот. Средбите ги иницира Европскта Унија во пресрет на одлуката на Европскиот совет на 7 декември за тоа дали Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ.Се очекува, според дипломатски извори, двајцата премиери пред состанокот на ЕУ министрите да се сретнат уште еднаш, и тоа во Брисел. Веќе е испланирана, но не и потврдена средбата меѓу претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и Груевски во Брисел на 2 декември.Папандреу со широка насмевка и во лежарна атмосфера на брегот на Мала Преспа во Грција го прими својот македонски колега. Двајцата државници покажаа џентлменско однесување пред еко-центарот во Пили ракувајки се еден со друг. Папандреу во знак на доборососедство и темата за која беше организирана првично средбата меѓу грчката, албанската и македонската влада – за климатски промени и екологија, на Груевски му подари кочница со локални еко-производи. Нетипично за него, македонскиот премиер кој во минатото беше познат по тоа што доцнеше и на средбите со високи европки државници, на средбата со Папандреу и Бериша стигна 20 минути порано. Папандреу тоа време го искористи да му раскаже на Груевски колку е старо езерото, како и за тоа какви енергетски потенцијали има целиот регион. Потоа, го седна во еко-инфо центарот во Пили каде му ги повтори грчките позиции во спорот со името.Двајцата премиери пред средбата во Мала Преспа оценија дека на средбата нема да дојде до решение, но дека тоа е добар знак за напредок во преговорите и конструктивност.Пред денешната средба, државата вчера ненајавено ја посети шведскиот министер за надворешни работи и актулен претседавач на Унијата, Карл Билд. Тој доцна синоќа дојде во неформална посета на премиерот Груевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. На работната вечра, како што соопштуваат владините прес служби, на средбата се разговарало за евроинтегративните процеси на државата, но и за прашањето за името наметнато од страна на Грција. Шведскиот шеф на дипломатијата изразил надеж за негово решавање. Она што е интересно е дека Папандреу го покани Груевски на втора билатерална средба на која ќе говорат за отворените прашања околу умето во Егејскиот дел од Македонија, од каде потекнува и македонскиот премиер. Пили е мало место на брегот на Мала Преспа. Жителите се со мешан етнички состав. Има Македонци, Власи и Грци. Поголем дел од населенито го говорат македонскиот јазик. Она што е најголем проблем во меѓусебната комуникација помеѓу локалните жители на Мала Преспа и македонската страна е тоа што нема директен граничен премин. Токму затоа, премиерот Греувски на средбата со грчкиот колега, совен иметом го отворил и прашањето за граничниот премин Маркова Нога – Герман во близина на Мала Преспа. Македонија, Грција и Албанија во овој регион имаат соработка и во делот на искористување на водените потенцијали на Преспа. Груевски и Папандреу разговараа и за ревитализацијата на железничката линија Битола-Лерин, која во моментот не функционира, како и за граничниот премин Николич – Стар Дојран и Пулевац – Ардеа, со кој би се дефинирал еко-регионот меѓу Кавадрци и Ардеа.На конференцијата за климатски промени, тојцата премиери разговараа и се договорија за идните чекори во однсо на заштита на животната средна во регионот, како и за понатамошното искористување на енергетските потенцијали. Претходно, трите држави има соработка во овој дел при што реализирани се проекти во вредност од близу 12 милиони долари. Папандреу, Бериша и Груевски се договорија да потпишат Спогодба за заштита на паркот Мала Преспа на 2 февруари 2010 г. за поголема промоција и развој на овој регион. Премиерите со ова, како што велат во заедничката деклариција, сакаат да искажат заедничка подршшка  на Глобалниот самит на ОН за климатски промени во Копенхаген да биде усвоена декларација за реализирање на заеднички активности за мониторинг на водите, инвестиции за нови технологии во земјоделството и за механизми за чист развој.Средбата во Пили ја следат повеќе од сто новинари од Грција, Македонија и Албанија, кои за неа ќе треба да известуваат од локација оддалечена осум километри од местото каде што се состануваат премиерите, со кои ќе немаат директен контакт. Македонските новинари од граница до локалитетот и обратно беа водени со полициска придружба поради претходните предупредувања од грчката страна дека може да известуваат само акредитирани новинари и исклучиво од средбата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Мицкоски на средби со сопственици на компании и со претседателот на Европскиот совет во Минхен

Објавено пред

Од

Премиерот, Христијан Мицкоски, на првиот ден од 62. Минхенска безбедносна конференција имаше средби со претставници на компании и со претседателот на Европскиот Совет.

dobivaj vesti na viber

„Денешниот прв ден овде го започнавме со средба којашто е многу значајна со високи претставници на компанијата ‘Шварц’, една од најголемите во светот и една од најголемите овде во Германија, со годишни приходи повеќе од 180 милијарди евра. Компанијата ‘Шварц’ вработува повеќе од 605.000 вработени и е присутна во повеќе од 30 земји во светот, помеѓу нив е и нашата Македонија“, изјави Мицкоски.

Имал состанок и со сопственикот на „4iG“ којшто е веќе присутен во Македонија како сопственик на лиценца за трет мобилен оператор.

„Она коешто е значајно, а треба да се истакне и да го знае македонската јавност и македонските граѓани е фактот дека покрај постоечкото инвестициско портфолио и двете компании и компанијата „Шварц“ и компанијата „4iG“ планираат дополнителни инвестиции во Македонија во сосема поинаква, во сосема поинакво портфолио, а тоа е вештачката интелигенција, дата центрите и енергетиката, односно производството на електрична енергија“, рече Мицкоски.

Премиерот бил дел и од свеченото отворање на 62. Минхенска безбедносна конференција каде што свое обраќање имаше германскиот канцелар Мерц, а денот го завршил со состанок со претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта.

„На состанокот разговаравме за евроинтегративниот процес на Македонија и она коешто е важно за македонските граѓани, тој процес да не биде билатерализиран, да не биде понижувачки и да биде сочуван македонскиот идентитет и приоритетите на македонските граѓани“, рече Мицкоски.

Тој им честита на македонските граѓани за, како што рече, онаа убава вест којашто на почетокот на денот пристигна од САД од Вашингтон, а тоа е усогласената заедничка изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, а се однесува на договорот за трговија којшто понатаму двете држави ќе го потпишат, договор којшто овозможува подобра економија и повеќе можности за македонските компании.

„На овој начин покажуваме како Влада дека покрај она стратешко партнерство со Велика Британија, Обединетото Кралство, после избришаниот пост мониторинг од страна на Советот на Европа, овој трговски договор којшто ќе биде во рамките на оваа заедничка изјава којашто ја усогласивме со Белата Куќа потпишан ја заокружуваме дипломатската офанзива во овие први дваесетина месеци од оваа нова Влада и тоа се историски договори со историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава. Останете со нас следните два дена продолжуваме со многу убави вести и со успешни состаноци од овде од Минхен од 62 Минхенска безбедносна конференција“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари

Објавено пред

Од

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

dobivaj vesti na viber

СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.

Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.

На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.

Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.

Прикажи повеќе...

Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Објавено пред

Од

На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.

Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ7 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија8 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија9 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија10 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија10 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион10 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија11 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија12 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет12 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет12 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа13 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет13 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет13 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа13 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион22 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија23 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија1 ден

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...