Македонија
Македонија мора да создава активно европско граѓанство
Вклучување на македонските граѓани во евроинтеграциските процеси, создавање активно граѓанство, охрабрување на општините да соработуваат со европските градови, да разменуваат искуства и да аплицираат со проекти до европските фондови
Ова се заклучоците од денешната конференција „Поттикнување на активно европско граѓанство на Балканот: Градење на Европа преку збратимување на градови и мрежа на граѓанско општество“.Конференцијата е дел од проектот „Европа за граѓаните“, предвидена за 2007-2013 година. Организатори на конференцијата се Асоцијацијата на агенциите за локална демократија (АЛДА) од Стразбур, во соработка со Град Скопје и Европскиот граѓански форум.Патрик Паке од Мисијата на Европската унија во Македонија рече дека државата е пред чекор да земе учество во ЕУ, а укинувањето на визите, како што рече, ја олеснува иднината на македонските граѓани.Тој додаде дека децентрализацијата е една од клучните работи во евроинтеграциските процеси и оти е потребноохрабрување на македонските општини да соработуваат и да се збратимат со европските градови.Давид Лопез, член на Европскиот граѓански форум, истакна дека е важно да се промовира активно граѓанство на Балканот бидејќи, како што рече, за нив врската со Балканот е од суштинско значење. Лопез изрази надеж дека Европа ќе се гради со волјата на граѓаните и со нивната ангажираност.Камиј Ганглоф, проект-менаџер од АЛДА, информираше дека во јуни во Албанија реализирале обука, каде учествувале и претставници од општините Битола, Чашка и Тетово. На обуката се дискутирало за апликациите и потребните документи за воспоставување соработка и збратимување меѓу градовите.„Сега сме на располагањае на градовите од Македонија, Албанија и Хрватска кои сакаат да покренат проекти во Европа“, рече Ганглоф.Таа додаде дека соработуваат со општините Аеродром, Велес, Прилеп, Битола, кои бараат партнери во Франција, преку програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Македонија.Проектот е отворен за целиот регион на Балканот, како што рече Ганглоф, но се изненадени од заинтересираноста на македонските општини и затоа конференцијата се реализира во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

