Македонија
Македонија го празнува Свети Климент

Македонија денес го празнува „Свети Климент Охридски“ во чест на основачот на Охридската архиепископија, основоположникот на охридската книжевна школа и творецот на кириличното писмо, свети Климент
Со денешниот празник се одбележува делото на првиот оригинален словенски писател и просветител и првиот словенски епископ. Заедно со Наум Охридски, Свети Климент е најистакнат ученик на творците на словенската писменост, светите браќа Кирил и Методиј, и најверен продолжувач на нивното дело. Ги придружувал дваесетина години во просветителската мисија за одбрана на словенскиот јазик во Велика Моравијa.
По повод празникот, денеска ќе биде врачена наградата „Св. Климент Охридски“, највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.Свети Климент починал во Охрид, во 916 година. Неговите мошти, за кои се верува дека се чудотворни, почиваат во некогашниот храм на „Пресвета Богородица“, којшто подоцна се нарече „Свети Климент“. Свети Климент Охридски е патронот на Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Азески и Рафуна разговараа за проблемите со камионите на македонско-косовската граница

Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна, денеска престојуваше во Комората во Скопје на разговори околу проблемите со подолго задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи.
На заедничката средба со претседателот на Стопанската комора и потпретседател на КИФ Бранко Азески, по согледување на состојбите беше констатирано дека трговијата помеѓу двете земји како докажни трговски партнери, мора да се одвива непрекинато.
Исто така, констатирано е дека за конкретниот застој, да се надминат проблемите преку забрзување на протокот на камионите и наместо на меѓуграничниот простор тие да се насочат согласно законската регулатива во магацините и таму да се чека исходот од лабораториските анализи, да се примени принципот на проценка на ризик при спроведување на физичка контрола на граничниот премин, а не да се врши контрола на секоја пратка поединечно и да се иницира двете Влади преку надлежните институции (Агенциите за храна и ветеринарство), да работат на усогласување на сертификатите и нивно заемно признавање зашто е потребно усогласување со европската регулатива.
„Заеднички заклучок од состанокот на Рафуна и Азески, е дека мора да се применат конкретни активности во согласност со политиките на Европската Унија и меѓународните договори, затоа што само така и двете држави ќе покажат дека се сериозни во однос на патот кон кој се насочени, а тоа е членството во Европската Унија“, соопштија од Стопанската комора.
На состанокот, двајцата претседатели на коморите на Косово и Северна Македонија разговарале и за протокот на стоки и услуги кои со изградба на автопатната инфраструктура на Косово добија на интензитет и побрза диманика, а со зголемената функционалност на граничните премини на двете страни се потикнува зголемена ефективност.
Според Стопанска комора, останува да се заокружи уште патната инфраструктура на територијата на нашата држава, каде поради сеуште активните градежни работи се создаваат долги колони возила што го успорува протокот.
Македонија
Манасиевски: Лицемерно е СДС и Филипче да поднесуваат закон за Кочани

Лицемерно и исмевање на народот во лице е СДС и Филипче да поднесуваат закон за Кочани, исто како да поднесеа за Модуларната или за враќање на името, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и Филипче 7 години беа власт во Македонија. 7 години ја уништија државата до степен на непрепознатливост. СДС и Филипче се причина за разурнатиот систем. Поднесување на предлог закон за настраданите во Кочани е исмевање на народот во очи. Што е следно? СДС и Филипче поднесуваат закон за враќање на името? Закон за Модуларната? Или закон за Онкологија? Дали можеби Филипче е на ум да поднесе закон за потекло на имотот на Зоран Заев? Или закон за поништување на законските измени на Кривичниот закон, со кои се спасија од прогон“, праша тој.
Според Манасиевски, трагично и апсурдно е колку СДС и Филипче мислат дека народот не ги гледа нивните намери.
„Но исто така приодот во СДС и тој на Филипче покажува дека таму ништо се нема сменето. Тоа е истата онаа партија која смени име, беше причина за Беса транс, Ласкарци, Модуларната, Онкологија и десетици други трагедии, и не чувствуваа никаква одговорност за истите“, рече Манасиевски.
Македонија
„Да, виновен сум“ – Васил Јованов призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина

Васил Јованов на денешното прво рочиште призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина Кулакова.
Одговарајќи на прашање на судијката Снежана Марковска дали го разбира делото и дали се чувствува виновен, тој изрази сочувство до семејството на Кулакова.
„Никогаш не сум мислел дека ќе се случи вакво нешто. Да, виновен сум!“, рече Јованов.
Во завршните зборови тој рече и дека има големо гризење на совеста.
„Ова ќе ме прогонува до крајот на мојот живот“, рече обвинетиот.
Адвокатот на Јованов, Сашко Дуковски, во одбрана на својот клиент ги наведе неговите студии, успесите и наградите во боксот. Побара да биде изведена и снимка, која покажува дека младиот Јованов веднаш по настанот покажал огромно каење.
Несреќата се случи на 29 јануари, кога Јованов, без возачка дозвола, под дејство на алкохол и на црвено светло на булеварот Партизански одреди во Скопје, на пешачки премин, удри во Фросина Кулакова, која почина на самото место.