Македонија
ЕУ го одложи почетокот на преговори со Македонија

Европската унија (ЕУ) го одложи донесувањето на одлуката за почеток на преговори со Македонија за наредната година
Ова во вторник го објави агенцијата Ројтерс, наведувајќи дека одлуката за одложување на преговорите била донесена откако Грција се спротивставила прегoварачкиот процес да стартува наскоро.Во коминикето усвоено од министрите за надворешни работи на државите-членки на ЕУ се вели дека прашањето за почетокот на преговорите со Македонија ќе биде разгледано од 1 јануари до 30 јуни наредната година.„Советот констатира дека Комисијата препорача започнување на претпристапни преговори со БЈРМ и ќе го разгледа тоа прашање во време на следното претседателство на унијата“, се вели во заедничкото соопштение.Македонија се надеваше дека лидерите на ЕУ ќе фиксираат датум за преговори, откако претходно Европската комисија даде зелено светло по ова прашање, наведува Ројтерс.Според непотврдени дипломатски извори, Атина најавила дека прашањето за деблокадата на Македонија ќе се разгледува по март 2010 година, откако ќе завршат претседателските избори во Грција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од општините Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од булевар Борис Трајковски – крак 20 во Усје. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Божидар Рајковиќ, дел од корисниците од улиците Горноврановска и Горно Лисиче (општина Аеродром ) како и дел од корисниците лоцирани околу улицата Брсјачка Буна бр. 163. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги информира граѓаните дека, денеска:
· Поради изведување на водоводен приклучок ф 100 мм на улицата Призренска 22 бр.46Е, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Призренска 22 од 10:00 часот до завршување. (Општина Бутел)
Македонија
Промнеливо облачно време со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер (над 60 километри на час). Кон крајот на денот облачност ќе се намали.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачност ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во четврток времето ќе биде посвежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 километри на час). Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.