Контакт

Македонија

Уште двајца починати од свинскиот грип

Објавено пред

Двајца пациенти починаа во изминатите 24 часа на Клиниката за инфективни болести во Скопје како резултат на масивна бронхопневмонија и со потврден грип А(H1N1), соопшти Министерството за здравство, со што вкупната бројка починати се искачи на девет

dobivaj vesti na viber

Првиот пациент, роден 1974 г., бил примен на Клиниката на 5-ти месецов, во тешка општа состојба и веднаш бил ставен на респоратор. Но, по два дена дошло до влошување на неговата здравствена состојба и синоќа на полноќ е констатирана смрт. Вториот починат пациент, роден 1982 г., завчеравечер бил примен во изразито тешка општа состојба, веднаш бил ставен на кислородна поддршка, но вчера нагло му се влошила состојбата и во доцните попладневните часови била констатирана смрт.  Со последните два случаја, бројот на жртви од новиот тип грип достигна девет. Во текот на последните 24 часа на Клиниката за инфективни болести во Скопје се хоспитализирани уште 13 нови пациенти, а на инфективното одделение во Воената болница е згрижен само еден нов пациент, со симптоми на новиот грип.Министерството информира дека сите новопримени се во стабилна состојба, освен еден пациент, кој веднаш е ставен на континуирана поддршка со кислород.На Клиниката во моментов се хоспитализирани вкупно 112 болни, додека во Воената болница се лекуваат 42 пациента со симптоми на новиот тип свински грип. На Клиниката за детски болести во Скопје во изминатото деноноќие се хоспитализирани 15 нови пациенти и таму во моментов болнички се лекуваат 56 пациенти со симптоми на грип, на возраст од шест месеци до пет години. Сите новопримени пациенти се со полесна клиничка слика, освен две деца, кои имаат потешка форма на пневмонија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Без струја делови од Илинден, Кисела Вода и Карпош

Објавено пред

Од

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· од 08:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите од населба Јака, ул. 103, 3, 10, како и од 10:30 до 12:30 ул.1, 2, 5 и 20 ( општина Илинден)

· од 09:00 до 13:00 часот, дел од ул.Лазар Димитров, Спиро Гулапчев, ул.Кузмановска и дел од ул. Добромир ХРС ( општина Кисела Вода)

· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од ул.Козле 2 (општина Карпош)

Прикажи повеќе...

Македонија

Многу топло време: температури над 40 степени, УВ индексот ќе биде 9

Објавено пред

Од

Денеска и во петок ќе се задржи многу топло време. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да надмине и 40°C. Вредноста на UV индексот ќе
биде 9, информира УХРМ.

dobivaj vesti na viber

Во петок попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на
град.

Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за 5-7 степени во споредба со денешните.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кочоска: Владата успеа за три последователни квартали да обезбеди стапка на раст од 3 проценти

Објавено пред

Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ, беше дел од панелистите на трибината која што се одржа во општина Прилеп, на тема ,,Економски раст и дигитална трансформација“. Таа истакна дека по преземањето на Министерството за финансии бил затекнат катастрофален буџетски дефицит и необезбедени средства за основни обврски, но со ребаланс и одговорни политики успеале да стабилизираат финансии и да обезбедат економски раст. Таа нагласи дека е постигнат значителен раст на капиталните расходи, бруто-инвестициите и градежништвото, зголемени се платите во образованието и здравството, а бројот на вработени е значително зголемен.

dobivaj vesti na viber

,,Во периодот кога го преземавме или влеговме во министерството за финансии состојбата беше катастрофална, буџетскиот дефицит беше веќе 70% потрошен, или парите беа повеќе од 70% реализирани заклучно со 23 јуни, а во однос нели на целата година. Она што беше исто така вознемирувачко во тој момент беше состојбата на девизната сметка која што беше едвај 47 милиони евра притоа однапред знаејќи од претходната влада дека следи период а тоа е месец јули кога требаше да се сервисира една обврска за јавното претпријатие за државни патишта отприлика во тој износ што значи дека ќе останевме речиси и без средства на девизната смeтка“, рече Кочоска.

Кочоска истакна дека со навремен ребаланс и одговорен пристап, успеале да ги покријат сите необезбедени средства и да поттикнат економски раст. Таа потенцираше дека голем дел од законските обврски на претходната влада не беа обезбедени.

,,Успеавме преку прераспределби и делумно зголемување на буџетскиот дефицит да обезбедиме 4,1 милијарда денари за плати согласно колективни договори кои што требаше а не ги обезбедија, притоа и во време на избори се потпишуваа колективни договори без притоа да се има обезбедено средства за истото. 5.5 милијарди денари за пензии иако во тој период. Многу често коментираа дека имало доволно средства за пензиите заради нашата променета методологија биле потребно дополнително средства. Не беше точно“, вели Кочоска.

Кочоска истакна дека претходната влада немала предвидено доволно средства дури ни според својата методологија, недостигале 800 милиони денари за загарантираната минимална помош, милијарда и 700 милиони денари за здравството, 1 милијарда за ТИРЗ, 437 милиони за студентски оброк и 207 милиони за студентски стипендии. Таа додаде дека не биле обезбедени ниту 300 милиони денари за блок-дотации, ниту 330 милиони за изборни активности, а биле потребни околу 5 милијарди денари за гаранции и покривање на обврски на јавните претпријатија, кои се наоѓале во сериозна финансиска криза поради неодговорно управување.

,,Во еден многу краток временски период, Владата предводена од претседателот Христијан Мицкоски навистина успеа за три последователни квартали да обезбеди стапка на раст од 3% и тоа повеќе се должи на она што ние го најавувавме во континуитет, а тоа е дека ќе имаме посебно внимание посветено на инвестициите и бруто инвестициите забележаа раст од 18% односно тоа е ефектот од онаа наша мерка пред се 250 милиони евра кои што ги насочивме кон приватниот сектор преку развојната банка, коишто до овој момент се искористени половина од нив 125 милиони евра и во исто време раздвижување во делот на капиталните инвестиции“, кажа Кочоска.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион13 часа

Бугарскиот премиер: Целта на Северна Македонија е членство во ЕУ, а не освојувaње на Вавилон

Бугарскиот премиер Росен Жељазков разговараше со претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска за време на самитот на НАТО во Хаг,...

Македонија16 часа

Сиљановска-Давкова: Куса средба со Трамп – симболичен гест на почит и партнерство

Претседателктата Гордана Сиљановска-Давкова на маргините на самитот на НАТО во Хаг се сретнала со американскиот претседател Доналд Трамп. „Кратка средба...

Македонија18 часа

Институциите до работодавачите: Да се работи од далечина каде што е изводливо, работниците да не бидат надвор од 11 до 17 часот

Министерството за економија соопшти дека во согласност со усвоената Информација за спроведување на мерки од Фаза 3 на Акцискиот план...

Македонија19 часа

Адвокатот на Ѓорчевски: Нема одговор зошто беше киднапирана и убиена Вања, и зошто се инсистираше татко и’ да е дел од постапката

Владимир Туфегџиќ – адвокатот на таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски ја коментираше денешната ослободителна пресуда за неговиот клиент,...

Македонија20 часа

Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за таткото на Вања

Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, кој беше обвинет дека помагал...

Свет20 часа

Трамп: Ако не ги уништeвме нуклеарните комплекси на Иран, тие никогаш немаше да се согласат на мир

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на прес-конференција за време на самитот на НАТО во Хаг изјави дека американските воздушни напади...

Македонија22 часа

Доживотен затвор за убиството на Вања и Панче, таткото ослободен од обвинение

Кривичниот суд пресуди доживотен затвор за Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов за грабнување и за убиството  на 14-годишната Вања...

Свет22 часа

Белата куќа: Извештајот за нападот врз Иран на „Си-ен-ен“ му го даде анонимен губитник од низок ранг

Американските медиуми објавуваат дека првичната проценка направена од Агенцијата за разузнавање на Министерството за одбрана на САД (DIA) покажала дека...

Свет22 часа

Американски разузнавачки служби го открија извештајот: Нападите не ја уништија нуклеарната програма на Иран

Нападите на американската војска врз три ирански нуклеарни објекти минатиот викенд не ги уништија клучните компоненти на нуклеарната програма на...

Македонија22 часа

Евакуирани македонски државјани од Израел, мајка и три деца слетаа во Атина

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека вчера беше реализирана евакуација на четири македонски државјани, односно едно семејство...

Македонија23 часа

Филипче до Мицкоски: Најлошото допрва доаѓа

Во рамки на теренските активности, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, беше во Кавадарци каде што оствари средби со граѓани и...

Македонија24 часа

Изгаснат пожарот во Трубарево што ги труеше жителите на Гази Баба и Аеродром

По девет часа интензивна работа и посипување на повеќе од 40 камиони земја на локацијата во Трубарево, повеќе нема бел...

Македонија1 ден

Во Кривичниот суд ќе биде изречена пресуда за убиството на Вања и Панче

Во Кривичниот суд денеска треба да биде изречена пресудата за убиството  на 14-годишната Вања Ѓоревска и 74-годишниот Панче Жежовски, случај...

Свет1 ден

Иран објави крај на војната

Иранскиот претседател, Масуд Песекијан, денес објави крај на 12-дневната војна со Израел во порака до нацијата и рече дека не...

Свет1 ден

Лавров: Неправедно е да се каже дека конфликтот меѓу Израел и Иран е сличен на нашиот со Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека е погрешно да се споредува израелскиот напад врз Иран со конфликтот...

Свет2 дена

Нетанјаху му ветил на Трамп дека ќе се воздржи од понатамошни напади врз Иран

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, денеска му рече на американскиот претседател, Доналд Трамп, во телефонски разговор, дека ќе се воздржи од...

Македонија2 дена

Меџити: Вработувањата на Албанците станаа законска обврска за државата

Вработувањата на Албанците станаа законска обврска за државата, изјави вицепремиерот, Изет Меџити и додаде дека Владата на денешната седница го...

Македонија2 дена

Работа од дома и ослободување на бремените жени препорача Владата поради топлотниот бран

Владата ја разгледа и усвои информацијата за спроведување на мерки за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на...

Македонија2 дена

(Видео) Усвоен предлог-законот за правична застапеност, Мицкоски очекува администрацијата да биде вистински сервис на граѓаните

Од првиот ден на мандатот, Владата што ја предводам е посветена на унапредувањето на добрите меѓуетнички односи како еден од...

Македонија2 дена

Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените сојузници во европскиот парламент, велат од СДСМ

СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската народна партија (ЕПП), сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, е директен историски дипломатски пораз за...