Македонија
Милошоски: Македонија не се откажува, напротив оди со нови реформи

По одлуката на министрите за надворешни работи на ЕУ за одложување на стартот од преговорите за членство, Македонија ја очекува уште повеќе работа, реформи, залагање без откажување, смета министерот за надворешни работи Антонио Милошоски
Шефот на македонската дипломатија, како што јави известувачот на МИА, посочи дека Македонија и покрај тоа што онеправдано беше спречена од Грција да го добие заслужениот датум за почеток на преговорите, нема да падне во малодушноста.„Имаме капацитет и поддршка во општеството и добри намери со конкретни ангажмани од сите области на живеењето секоја година да ги усвојуваме воспоставените европски стандарди, без разлика во која област тие треба да се постигнат“, изјави министерот Антонио Милошоски.Милошоски нагласува дека Македонија ќе продолжи и натаму да испраќа позитивни сигнали до Грција, и покрај нивната непринципиелност.„Сметам дека е на нас но и на Грција, како и другите европски партнери да ги увериме дека напредокот на Македонија и доближувањето до членство во ЕУ е полезно не само за нас, туку и за регионот и за Грција. Една напредна, развиена и стабилна Македонија ќе биде дополнителен придонес за мирот, стабилноста и економскиот развој на регионот. И порано, или подоцна, и самата Грција ќе ги увиди тие работи. Ќе успее да ги надмине своите ирационални, емоционални и внатрешно-политички предизвици што ги има во однос на Македонија“, рече шефот на македонската дипломатија.Министерот Милошоски, кој е на чело на македонската делегација на т.н. „Охридски разговори“, во германскиот град Постдам, смета дека по усвојувањето на Лисабонскиот договор повеќето европски држави сега повеќе време ќе им посвтат на процесите на проширувањето, а во тој контекст очекува уште позасилена поддршка од Германија. „Во Германија гледаме докажан партнер на Македонија и очекувам ова партнерство во иднина да се искаже со уште позасилена поддршка на процесот за евроинтегрирање. Сметам дека од наша страна досега имаме докажано дека Македонија е партнер на кој Германија може да се потпре, и обратно“, рече Милошоски од Потстдам, каде претпладнево имаше средба со министерот за внатрешни работи на сојузната држава Бранденбург, Рајнер Шпер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење, ветувам силна и одлучна битка да го вратиме во рацете на кумановци“, најави Костовски

„Огромна чест ми е да бидам кандидат за градоначалник на нашето Куманово од СДСМ и коалицијата на претстојните локални избори. Му благодарам на раководството и на претседателот Венко Филипче за довербата, и на сите оние кои застанаа зад мене. Ме радува што огромен број граѓани ми ја дадоа поддршката овие денови, што е јасен сигнал дека Куманово бара промени“, напиша на социјалните мрежи, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски.
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење. Работите веќе четири години одат во погрешна насока и тоа знам дека сите вие го чувствувате и гледате. Максим Димитриевски не заслужува реизбор – ги изневери сите ветувања дадени пред граѓаните. Куманово се дави во смет и пропадната инфраструктура, се случува урбанистички хаос кој го креира Димитриевски заради сопствените бизнис интереси. Куманово во 2025 сè уште кубури со вода, а паркинг место нема ни за лек.
Димитриевски ги изневери сите кои гласаа за него. Наместо коректор на власта, стана пион на Мицкоски и тројански коњ кој треба да ја дели опозицијата и СДСМ. Човек кој ги погази сите наводни принципи и молчи пред криминалот на неговите коалициски партнери. Човек кој ведне глава пред патронот Мицкоски. Единствено нешто што Максим добро го прави тоа неговиот бизнис со оние за кои до вчера велеше дека се криминалци.
Куманово може подобро! Ветувам силна и одлучна битка да го вратиме Куманово во наши раце, во раце на кумановци. Ветувам дека ќе одам од човек до човек за да ја пренесам мојата идеја за подобра и пофункционална општина која ќе работи во интерес на сите граѓани на Куманово. Ветувам дека СДСМ во Куманово ќе се обедини и дека СДСМ ќе се врати многу силно! Одиме на победа!“, додаде тој.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно сончево и многу топло

Времето денеска, претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.
Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.