Македонија
Два нови пензионерски огранока во Аеродром
Неодамна на територијата на Општина Аеродром покрај пензионерскиот дом „Јане Сандански“, како и веќе постојните „Вардар“ и „Лисиче“, се формираа два нови ограноци на Здружението на пензионери „Кисела Вода“
Огранокот „Аеродром“ кој минатата недела свечено беше пуштен во употреба, се наоѓа во населбата Јане Сандански кај ресторанот „Златна виљушка“, додека вториот огранок се наоѓа во Ново Лисиче. Со тоа вкупниот број на пензионерски ограноци на територијата на Општината се искачи на пет клубови, каде што пензионерите можат да се дружат и да се забавуваат. Вкупниот број пак, на пензионери кои членуваат во овие ограноци изнесува околу 10.000 членови.Пензионерските клубови на своите членови им нудат дружење, разонода, играње карти, шах, домино, гледање телевизија, како и разни други културни активности.Во рамки на пензионерските ограноци, функционираат и неколку клубови и здруженија, меѓу кои Клубот на читатели на книгата, Актив на жени кои спроведуваат поучни предавања на разни теми, Здружението на филателисти и други.Пензионерските ограноци се отворени за своите членови по четири часа за време на работните денови, освен пензионерскиот дом „Јане Сандански“ кој работи и во сабота. Подетални информации околу активностите и функционирањето на пензионерските ограноци на територијата на Општина Аеродром, можат да се добијат кај претставникот од Домот за пензионери „Јане Сандански“ Јаким Заовски, на телефоните 2460 583 и 071/400 300.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

