Македонија
Џенкинс: Лисабонскиот договор треба да биде вашата основна задача
Во собранието на Република Македонија денеска се обрати Хери Џенкинс,Претседателот на Парламентот на Австралија кој рече дека му претставува огромна чест што за прв пат во Македонија се обраќа претставник од австралискиот парламент
„Многу доселеници од Македонија го најдоа својот дом во предградијата на мелбурн. Електоратот кој ме избра за негов претсатавник е дом на 11 000 луѓе со македонско потекло“, рече на обраќањето Џекинс.Тој истакна дека Австралија и Македонија имаат топли и пријателски односи , кои се зајакнати од силните односи во заедницата и блиските меѓучовечки односи.„Нашите две заедници имаат значајни историски, мултикултурни и етнички различни народи со кои сите можеме да се гордееме“, потенцираше Џенкинс.Тој изрази особено задоволство што македонските мигранти го прифатиле австралијанскиот начин на живот, но зачувувањето на културното значење на минатото се гледало на многу начини.Денешното обраќање тој го искористи да ја поздрави и ратификацијата на Лисабонскиот договор и формирањето на нови дипломатски позиции во ЕУ.„Овој камен темелник за европската интеграција треба да послужи како основа за вашата задача да станете членка на ЕУ“, и порача Џекинс на Македонија во врска со евроинтеграциите.Тој подвлече дека многуте врски кои ги остварија Македонија и Австралија , даваат цврста основа за продолжување на политичкиот дијалог меѓу земјите и зајакнување на врските во многу сфери, како што се трговијата, инвестициите и образованието.„Австралија го вреднува значајниот напредок кој го направи вашата земја, како парламентарна демократија, од независноста до денес и верува дека сите пречки во моменталните демократски реформи и вашата понатамошна интеграција во евроатланските институции ќе биде решена на начин кој ќе ги задоволи двете страни“, потенцираше Џенкинс.Тој на крајот од своето обраќање го изрази своето лично задоволство од можноста да ја посети Република Македонија и да го искуси богатото културно наследство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

