Македонија
Џекинс – Австралија и Македонија се пријателски земји
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/ea571a9b-839e-4bea-b5af-9e311fb9cb7a.jpeg)
Австралија и Македонија имаат топли и пријателски односи, кои се зајакнати од силните односи во заедницата и блиските меѓучовечки односи.
Австралија и Македонија имаат топли и пријателски односи, кои се зајакнати од силните односи во заедницата и блиските меѓучовечки односи. Ова во понеделник го изјави претседателот на Парламентот на Австралија Хери Џекинс, во обраќањето пред пратениците во Собранието на Република Македонија. „Многу доселеници од Македонија го најдоа својот дом во предградијата на Мелбурн. Електоратот кој ме избра за негов претсатавник е дом на 11.000 луѓе со македонско потекло“, рече во обраќањето Џекинс. Тој изрази особено задоволство што македонските мигранти го прифатиле австралијанскиот начин на живот. „Нашите две заедници имаат значајни историски, мултикултурни и етнички различни народи со кои сите можеме да се гордееме“, потенцираше Џенкинс. Обраќањето го искористи и да ја поздрави ратификацијата на Лисабонскиот договор и формирањето на нови дипломатски позиции во Европската унија(ЕУ). „Овој камен темелник за европската интеграција треба да послужи како основа за вашата задача да станете членка на ЕУ“, и порача Џекинс на Македонија во врска со евроинтеграциите. Тој подвлече дека многуте врски кои ги остварија Македонија и Австралија, даваат цврста основа за продолжување на политичкиот дијалог меѓу земјите и зајакнување на врските во многу сфери, како што се трговијата, инвестициите и образованието. „Австралија го вреднува значајниот напредок кој го направи вашата земја, како парламентарна демократија, од независноста до денес и верува дека сите пречки во моменталните демократски реформи и вашата понатамошна интеграција во евроатланските институции ќе биде решена на начин кој ќе ги задоволи двете страни“, потенцираше Џенкинс. /крај/бд/ст
Фото: Филип Поповски/Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.