Македонија
Анкета на Институтот „Павел Шатев“: ВМРО-ДПМНЕ и Груевски со највисок рејтинг
Доколку утре се одржат парламентарни избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 25,2 проценти, а најголемата опозициска партија СДСМ би добила поддршка од 8,4 проценти од гласачите, покажуваат резултатите од истражувањето на Институтот „Павел Шател“ во периодот од 7 до 11 овој месец
Од вкупно анкетираните 1.112 испитаници, за ДУИ би гласеле 7,1 процент, за Нова Демократија 3,1, а за ДПА 2,1. Под еден процент би добиле ДОМ и ЛДП односно 0,2 отсто, како и СПМ, ВМРО-НП, НСДП и Обединети за Македонија со по 0,1 процент. Според истражувањето, 24,3 проценти од испитаниците одговориле дека не знаат или пак немале одговор за кого би гласале, додека 27,5 проценти не би гласале за ниту една политичка партија. На прашањето во кој политичар имаат најголема доверба, 26,1 процент од анкетираните граѓани го посочиле лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Никола Груевски, а 8,5 проценти најмногу му веруваат на претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски. Во Али Ахмети најголема доверба инмаат 6,7 проценти, во Имер Селмани, претседателот на Нова демократија 2,7, а за првиот човек на ДПА Мендух Тачи 2 проценти од анкетираните. Одговор на прашањето во кој политичар имаат најголема доверба, не знаеле или не понудиле 16,7 проценти, а 31,2 проценти рекле дека ниту еден од политичарите не ја ужива нивната доверба. Со анкета за рејтингот на политичките партии излезе и Институтот за социјална демократија Прогрес, спроведена врз 1100 испитаници на 12 и 13 овој месец. Според нивните резултати, највисок рејтинг има ВМРО-ДПМНЕ 19 проценти, СДСМ 13, ДУИ 7, Обединети за Македонија 1,5, а Нова Демократија 1 процент. Со рејтинг под еден отсто се ЛДП, НСДП, ДОМ и СПМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

