Македонија
Јанкуловска: Ова е историски момент за нас

Ова е голем момент за сите нас, славиме една голема придобивка, која има големо значење за слободата, движењето и достоинството на македонските граѓани, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска на парискиот аеродром, откако ја мина шенгенската граница
Сите 140 патници, кои се дел од еднодневниот излет организиран од Владата, без проблем и никакви ограничувања, ја минаа околу пладне европската граница само со пасош.
Како што јави репортерот на Макфакс, патниците се пресреќни и полни со импресии, што имаат можност, први со новите биометриски пасоши да влезат во некоја земја членка на Европската Унија (ЕУ).
Јанкуловска, истакна дека со овој промотивен лет македонските граѓани симболично имаа можност непречено и без ограничување да влезат во ЕУ.
„Симболично се отворија вратите на ЕУ и оваа прв, но голем чекор во патот кон евроинтеграциите. Македонија, е дел од Европа, а македонските граѓани припаѓаат кај нивните сограѓани од ЕУ“, изјави Јанкулоска.
Вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумовски задоволно констатираше дека веќе од денеска сите македонски граѓани, гордо и достоинствено ги пречекоруваат европските граници и влегуваат во заедничкото европско семејство и дом.
„Овој историски чекор се должи на конкретни резултати особено во областа на внатрешните работи“, рече Наумовски.
„Македонските граѓани сега се чекор поблиски до ЕУ, тие ќе може да се уверат како изгледа ЕУ и каков е начинот на живот, кој ние ќе го воведеме во Македонија“, рече Наумовски.
Предвидено е патниците од Македонија, да разгледаат дел од знаменитостите на Париз – Ајфеловата кула, црквата Нотр Дам, Лувр, Елисејските полиња, како и Триумфалната порта.
Враќањето на авионот од Париз е предвидено за доцна вечер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Милевски: Виница 4 години назадува, катастрофално владеење на Петков и ВМРО-ДПМНЕ

Така наречениот отчет на градоначалникот Миле Петков и ДПМНЕ е најдобар доказ за четири години катастрофално и досега невидено лошо владеење на една локална власт во Виница, изјави кандидатот на СДСМ за градоначалник на Виница, Гоце Милевски.
Наместо вистински отчет, додаде тој, видовме обид за замачкување на очите на јавноста и бегање од одговорност за неисполнетите ветувања.
„Затоа таканаречениот отчет беше во скап хотел а не на улиците, во градот и селата во Виница. Затоа што реалноста е разочарувачка. Ниту еден од капиталните проекти од програмата на Петков и ДПМНЕ за Виница не се реализирани“, рече Милевски.
Според Милевски, Петков се фалел со наследени проекти од претходната власт на СДСМ и неколку асфалтирани улици.
„Но фактите говорат: сегашната власт нема реализирано ниту 20 километри улици, наспроти 45 километри изградени во времето на СДСМ. Виница денес изгледа како мала депонија од не собереното ѓубре и смет, собирен центар за кучиња скитници, со небезбедни кратери од вода и хаос од неправилно паркираните возила, со запуштени зелени површини и ниту едно ново засадено дрво. Тоа сликата за Виница после 4 години неспособна локална власт на ВМРО-ДПМНЕ. Да не дозволиме оваа казна да продолжи уште четири години! Локалните избори се шанса за промени во Виница“, рече Милевски.
Македонија
Голема акција на Финансиската полиција: уапсени седум лица за даночни измами и перење пари, го оштетиле буџетот за 430 милиони денари

По двегодишна опсежна предистражна постапка, во текот на денешниот ден Управата за финансиска полиција спроведе акција во која беа извршени претреси на повеќе локации на подрачјето на општина Липково, Куманово и Желино.
Се работи за сложена предистрага, која опфаќа повеќе правни и физички лица, а целта е целосно разоткривање на криминална група, која дејстувала подолг временски период и имала цел вршење на кривичните дела злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама и перење пари и други приноси од казниво дело, со намера организаторите и припадниците на групата да стекнат противправна имотна корист во висина од над четиристотини триесет милиони денари, со што е предизвикана огромна штета на буџетот на Република Македонија.
По налог на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во акцијата со асистенција на САЕ „Тигар“ од слобода се лишени седум лица и тие се изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд, а едно лице не е достапно на органите на прогонот.
Македонија
Утре сончево време, со температура до 34 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во источните делови ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена.
До петок времето ќе се задржи претежно сончево и топло со постепен пораст на дневните температури. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. В сабота ќе дува умерен до засилен југозападен, а в недела ветерот ќе го смени правецот во северен.