Македонија
Проф. Димчовски, координатор на соработката на Мaкeдонија со ЦЕРН

МОН назначи експертски тим за реализација на Спогодбата за соработка помеѓу РМ и Европската организација за нуклеарни истражувања. Професорот Златко Димчовски, кој работи во ЦЕРН од 1968 година, ќе биде координатор на овие активности
Во рамки на Спогодбата за соработка помеѓу Република Македонија и Европската организација за нуклеарни истражувања – ЦЕРН, во врска со научна и техничка соработка на полето на физиката на елементарните честички, потпишан помеѓу Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски и Генералниот директор на ЦЕРН, Ролф-Дитер Хоер, Министерот на образование и наука на Република Македонија, Никола Тодоров, назначи експертски тим за организирање на активности за реализација на програма за соработка. Во тие рамки, во Министерството за образование и наука е формирана Канцеларија за врски со ЦЕРН. Во текот на почетната фаза на програмата ќе се реализираат неколку активности, како што е избор на студенти за учество во академската летна програма на ЦЕРН за 2010 година, студиски престој на наставници во ЦЕРН, како и упатување на научници и инженери за учество во експерименталните програми на ЦЕРН, вклучувајќи ја и компјутерската програма ГРИД. Во втората фаза, започнувајќи од март 2010 година, ќе бидат преземени потребните активности за основање на Владина агенција, чија основна цел ќе биде проширено учество на Република Македонија во програмата за напредни научни истражувања на ЦЕРН, во соработка со надлежните министерства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека Скопје мора да се гради со дела, а не со празни зборови.
„Вечерва не сум тука само како кандидатка за градоначалничка на Скопје. Тука сум, пред сè, како човек што верува во овој град и во луѓето што го прават Бутел дом,“ изјави Шукова.
Таа се осврна на реалните проблеми со кои се соочува општината запуштеното корито на Серава, недоволната инфраструктура, недостигот на јавен превоз и дотраената водоводна мрежа и истакна дека решенијата веќе се подготвени.
„Серава ќе стане место на кое ќе се гордееме уредено корито, пешачки и велосипедски патеки, зелена зона за сите. Новите паркови и 10.000 засадени дрвја ќе го вратат сјајот што Скопје го имаше пред децении,“ нагласи таа.
Посебен акцент стави и на водоснабдувањето и инфраструктурата:
„Денес, 60 проценти од питката вода се губи во системот. Време е за модернизација и стабилно снабдување со вода за секој дом. Новите мостови, клучки и булевари ќе го поврзат Бутел со целиот град и ќе овозможат безбедно и побрзо движење,“ рече Шукова.
Таа потсети дека во изминатите години градот беше заложник на неработење и популизам:
„Четири години ВМРО-ДПМНЕ ги запоставуваше општините. Време е за резултати, а не за слики и празни зборови. Половина од нашите проекти може веднаш да се реализираат,“ додаде таа.
Во својот говор, Шукова повика на единство и одговорност:
„Бутел не смее да биде изолиран. Бутел е почетна точка на модерното Скопје место каде што се инвестира, се гради и се слуша секој граѓанин.“
Македонија
Претежно облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови, каде се очекува локално да наврнат и над 25 l/m²дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Потоа следува претежно стабилно време со потпросечни температури за овој период од годината.