Македонија
Патниот сообраќај се одвива отежнато, а авиосообраќајот нормализиран

Интензивните врнежи од снег што од вчера попладне ја зафатија целата држава го отежнаа сообраќајот
Аеродромот во Скопје „Александар Велики“, како и охридскиот аеродром „Св Апостол Павле“ денеска се отворени за сообраќај. Сите летови се одвиваат навреме и без проблеми.Меѓуградскиот автобуски и железнички превоз денеска се одвива во нормални услови, без задоцнувања.Што се однесува на патниот сообраќај, забраните за тешки товарни возила на патните правци Гостивар-Кичево, преку планинскиот превој Стража и на патниот правец Маврово-Дебар и понатаму важат.На овие патни правци има поголеми остатоци од снег на коловозите и за патничките возила се препорачува исклучително внимателно возење и прилагодување на брзина на движење, поради можноста од пролизгување, информираат од АМСМ.Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци утринава се одвива отежнато и во зимски услови поради врнежи од снег кои се со слаб интензитет.Коловозите се влажни и со остатоци од снег особено на повисоките планински превои, каде движењето на возилата е забавено и отежнато. На превоите Пресека, Буково, Ѓавато и Плетвар засега нема забрани за движење на возилата, но и таму снегот се задржува на коловозот.Се препорачива внимателно возење и низ клисурите поради појавата на поситни одрони, особено на патните правци Маврово-Дебар, Катланово–Велес и Демир Капија-Удово.Од Хидрометеоролошката управа и за денеска најавуваат врнежи од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Промнеливо облачно време со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер (над 60 километри на час). Кон крајот на денот облачност ќе се намали.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачност ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во четврток времето ќе биде посвежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 километри на час). Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.
Македонија
(Фото) „Не умираме од несреќи, умираме од корупција“, „Шест месеци без правда за Кочани“: на плоштадот во Скопје одбележани шест месеци од трагедијата во „Пулс“

Вечерва во 20:16 часот, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, со ѕвездено небо и молк, како симбол на солидарност и граѓанска одговорност, се одбележаа шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани, каде загинаа 62 жртви, а над 200 беа повредени.
„Не умираме од несреќи, умираме од корупција“, „Шест месеци без правда за Кочани“, се дел од пораките што беа упатени од скопскоот плоштад.
„Ова не беше несреќа. Не беше трагедија. Беше масакр. Свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел. Не смееме да отрпнеме. Болката мора да ја почувствуваме сите заедно . таа болка треба да не разбесни и да не поттикне на акција. Вистинската борба за живот или смрт е токму борбата за Кочани“, велат организаторите.
Обвинението, поднесено во јуни, сè уште не е оценето од надлежниот суд, поради обемноста на предметот и бројните приговори од страна на обвинетите. Вкупно 34 физички и три правни лица се соочуваат со обвиненија.
Семејствата на загинатите преку „Марш на ангелите“ во Кочани секоја сабота веќе шест месеци бараат одговорност и правда за нивните деца, а протести се организира и во други градови.
фото: „Кој е следен“ – Инстаграм
Македонија
ИЈЗ смирува: Нема тешки метали во почвата и водата не е радиоактивна

Институтот за јавно здравје изврши вонредно испитување во засегнатото подрачје, и во неделата беа земени примероци, мостри од страна на професионален експертски тим од ИЈЗ за испитување на радиоактивност во вода, почва, и воздух како и примероци за испитување на тешки метали во почва, земја и испитување на тешки метали во вода.
Во текот на вчерашниот ден, ИЈЗ извести дека според резултатите и направените анализи, во земените примероци не е утврдено присуство на радиоактивност во воздух и почва, исто така не е утврдено присуство на тешки метали во вода.
Во текот на денешниот ден ИЈЗ ги заврши анализите и испитувањата на примероците за испитување на тешки метали во почва како и испитувањата за радиокативност во вода.
Од добиените денешени резултати, ИЈЗ информира за следното. Земени се мостри од повеќе локации од засегенатото подрачје за испитување на тешки метали во почва, и тоа: Pb, Cd, As, Ni, Hg Cr, Cu, Zn, Sn, Ba, Be, Co, V, Tl, Mo, Sb.
По анализата на резултатите од сите земени примероци, може да се заклучи дека нема отстаптување од референтните вредности за сите испитани 16 тешки метали (Pb, Cd, As, Ni, Hg Cr, Cu, Zn, Sn, Ba, Be, Co, V, Tl, Mo, Sb). Се забалежува зголемување на 2 параметри Cu (бакар) и Zn (цинк) само од едно испитано место, а тоа е површинскиот слој каде што гореле литиумски батерии и истото е во рамките на очекувањата, соопштуваат од ИЈЗ.
Во сите останатите места нема отстапување од референтните вредности за испитаните 16 тешки метали.
Исто така, во текот на денешниот ден, ИЈЗ информира дека е испитана и радиоактивноста во примероците од вода и според добиените резултати, нема радиоактивност на земени примероци од вода.
Институтот за јавно здравје во најкус можен рок успеа да ги направи потребните анализи. Истите ќе бидат повторени согласно протоколите во времето предвидено за тоа.
ИЈЗ останува во понатамошна координација со Министерството за здравство и со сите надлежни државни институции, и за секоја наредна активност јавноста ќе биде соодветно информирана.