Македонија
Почна расправата за Предлог-буџетот за 2010-та
Владината проекција за 2010 година е дека растот на БДП ќе биде два отсто, а на максимум два отсто е планирана и годишната стапка на инфлација
Ова денеска пред Собранието на Република Македонија го истакна министерот за финансии, Зоран Ставрески на првата расправа за предлог буџетот за 2010 година.Приходите се планирани на 143 милијарди и 257 милиони денари, што е зголемување од 3,4 проценти во однос на 2009, а расходите на 153 милијарди и 720 милиони денари или за 2,8 отсто повеќе од годинава. Дефицитот е проектиран на 2,5 проценти од БДП и ќе изнесува 10 милијарди и 460 милиони денари.„Буџетот ќе изнесува 37,3 проценти од БДП што е помалку отколку во 2009 година кога тој изнесуваше 37,7 отсто од БДП“, рече Ставрески додавајќи дека политиката на намалување на јавната потрошувачка постепено се спроведува и таа тенденција ќе продолжи и во идните години.Ставрески истакна дека падот на македонското стопанство на крајот на 2009 година ќе биде најмало во Европа, по Полска и Албанија и тоа како што рече се должи на реформските и антикризните мерки.„Владата во 2010 година ќе продолжи со политиката на стрикна дисциплина за вработувањата во јавниот сектор“, рече Ставрески додавајќи дека не е предвиден и пораст на платите во јавната администрација, но неисклучувајќи го тоа ако економските остварувања бидат подобри од планираните. Но, сега во оваа ситуација кога Македонија се уште не е излезена од рецесија, како што посочи, реално е да се планира на разумен начин и во овој дел не се предвидува пораст на платите.Ставката за платите во владиниот предлог е намалена за 2,8 отсто во однос на буџетот за оваа година, и според Ставрески, тоа заедно со предвидениот помал износ за ставката за стоки и услуги за 9,8 отсто, претставува прв пат една влада да предложи такво сериозно намалување на овие две ставки во буџетот.Владата планира во 2010 година поблага динамика на намалување и на социјалните придонеси, така што пензиското ќе се намали од 19 на 18 отсто, а кај здравственото осигурување намалување ќе биде од 7,5 отсто на 7,3 отсто.Според владиниот предлог, пораст ќе има кај субвенциите за 10,9 отсто, кај социјалните трансфери за 1,8 отсто, а предвиденото зголемување на капиталните расходи е 16,2 процента или 51 милион евра повеќе јавни инвестиции за 2010 година. За образованието и науката се предвидени 21,285 милијарди денари, за здравството 19,756 милијарди денари, за социјална и детска заштита 49,920 милијарди, за инфраструктура и економски развој 18,983 милијарди и за земјоделството 7,940 милијарди денари. За евро и евроатлантските интеграциски процеси, според Ставрески, се предвидени доволно средства при што за одбраната се предвидени 4,7 отсто од вкупните расходи односно 7,328 милијарди денари, а за евроинтеграцијата 1,935 милијарди денари.На приходната страна, даночните приходи се проектирани на 77,049 милијарди денари. Кај приходите од ДДВ е планирано зголемување од 4,7 отсто.Според Игор Ивановски пратеникот од СДСМ со овој предлог буџет Владата покажала дека е расипничка и неспособна.Тој рече дека парите оваа Влада ги троши на се освен на нужни работи. „Ги трошите парите за реклами, партиски вработувања, споменици и прослави. Макдонската економија е во колабс“ истакна Ивановски. Тој и порача на Владата да ја прекине војната со Народна Банка, затоа што според него не е нормално во една држава Владата да води расправи со таква институција.Министерот Ставрески демантираше дека македонската економија е во колабс, а во врска со прославата на плоштад за визната либерализација тој истакна дека тоа било прослава за сите граѓани.Пратеникот Јован Манасиевски од ЛДП смета дека Владата со овој предлог буџет го крши член 16 од Законот за буџет.„Вие сте колонијална инкубаторска сила и немате никакво чуство за претпријатијата и фирмите“, потенцираше Манасиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Советниците од Левица во скопските општини со иницијативи за меѓуопштинска соработка со Град Скопје за рушење на дивоградби
Советниците од Левица во скопските општини поднесоа иницијатива за воспоставување меѓуопштинска соработка со Градот Скопје, со цел поефикасно и економично спроведување на надлежностите на општините во делот на градежната инспекција и отстранувањето на бесправно изградените објекти.
Со овие иницијативи, како што велат од таму, би се воспоставил системски пристап кон проблемот со бесправните градби на ниво на целиот град.
„Ваквиот пристап е неопходен за заштита на јавната безбедност, јавниот простор, како и за спречување на понатамошна узурпација на заедничките површини и создавање небезбедна и нерегулирана урбана средина.
Со ваквата иницијатива, всушност, наместо склучување на тендери и испумпување на енормни суми од општинските буџети на приватни фирми за рушење на дивоградбите – оваа должност би ја презела ЈП „Улици и патишта” – Скопје.
Амандман за меѓуопштинска соработка на Градот Скопје со сите скопски општини беше поднесен на последната седница на Советот на Град Скопје од страна на советничката група на Левица, но, за жал, истиот беше одбиен од мнозинството поради неиздржани процедурални причини (наводна нужност општините да поднесат ваква иницијатива до Градот, што не секогаш е случај). Од таа причина, уште истиот ден од одбивањето на амандманот – советниците од Левица во скопските општини ја иницираа оваа соработка“.
Додаваат дека ваква меѓуопштинска соработка на последната седница на Советот на Градот се воспостави со Општина Центар, по иницијатива на советниците од Левица во претходниот мандат во Општина Центар.
Апелираат до градоначалниците и мнозинствата низ Советите на скопските општини, без одложување, оваа иницијатива да ја стават на Дневен ред и да се усвои.
„Безбедноста на луѓето нема простор за каприц и ароганција“, истакнуваат од Левица.
Македонија
(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише Резолуцијата на СДСМ, кажа Кузеска
„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот. Цела недела одбегнуваа да одговорат на нашите повици, одбегнуваа да ја потпишат Резолуцијата во којашто експлицитно стои дека нема да дозволиме да се носат мигранти“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Наместо да застанат заедно со нас поднесоа контра Резолуција. Контра протести, контра Резолуција, лажни вести, закани со кривични пријави, исто како во време на Никола Груевски.
Со контра Резолуцијата ДПМНЕ–ЗНАМ го потврди она што СДСМ со денови го говори: постои договор „мигранти за пари“. Државата е во тешка финансиска состојба, дупката моментално е 1 милијарда евра. Трезорот се затвора пред време, доцнат исплати за породилно, социјална помош, на ДДВ, нема пари за плати и пензии.
Но, парите не и требаат на власта за граѓаните, туку за пумпање пари преку наместени тендери и бизниси.
Сите ги видовме криминалните шеми, 161 тендер, 14,5 милиони евра само кај две фирми.
Затоа договараат мигранти за пари и скапи кредити што утре ќе ги враќаат младите и идните генерации.
Затоа во контра Резолуција нема ниту една јасна одредба што забранува носење мигранти од Британија за пари.
Има игра на зборови, мигрантите ги кријат зад термини како „економски работници“ или „нелегални мигранти“.
Ова е национално предавство. Владата на Христијан Мицкоски ја распродава иднината на Македонија.
Ние заедно со граѓаните ќе ставиме крај на овие предавнички и криминални политики на ДПМНЕ-ЗНАМ.
Крај на на предавството на Македонија. Крај на корупцијата и криминалот. Крај на тендерите за пумпање пари од граѓаните. Крај на катастрофалните економски политики.
Крај на изолацијата! Доаѓа вашиот крај. Тоа граѓаните ќе ви го испорачаат! Борбата за Македонија почна и нема да застане. Сите ќе одговарате!“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Македонија
Заедно со граѓаните ќе ставиме крај на предавничките ДПМНЕ – ЗНАМ, порачуваат од СДСМ
ДПМНЕ-ЗНАМ прават национално предавство, со договори-мигранти за пари ја продаваат Македонија.
Нема пари во буџетот, државата доцни со исплата на социјална помош, породилно, поврат на ДДВ, нема пари за поголеми плати и пензии. Дупката е веќе 1 милијарда евра, велат од СДСМ.
На власта, додаваат од опозициската партија во соопштението, и требаат пари ама не за плати и пензии туку да продолжи со криминалните тендери.
„161 тендер за една фирма, 14,5 милиони евра за две фирми, сите граѓани веќа видоа како се испумпуваат парите на граѓаните.
Затоа ја продаваат Македонија, за пари.
Нема да седиме со скрстени раце додека ДПМНЕ-ЗНАМ ја распродаваат Македонија.
Заедно со граѓаните ќе ставиме крај овие предавнички и криминални политики. Крај на предавството на Македонија“.
Порачуваат дека доаѓа крајот на, како што велат, предавничките ДПМНЕ-ЗНАМ.

