Македонија
Пушењето ќе биде казниво и на Нова Година
Пушачите, откако ќе си ја честитаат Новата Година, ќе треба веднаш да ги изгаснат цигарите, бидејќи од полноќ на 1 јануари ќе почне примената на Законот за забрана на пушењето
Државните инспектори се веќе на терен и ги предупредуваат угостителските објекти дека законот ќе биде стриктно применуван веќе во првите минути од 2010 година . „Државните пазарни инспектори во време на празници имаат одредено дежурства иако во намален број, така што не е исклучена можноста дека и од 1 јануари веднаш ќе бидат на терен“ изјави директорот на Државниот пазарен инспекторат, Сашо Јакимовски.За правните лица се предвидени казни од 2.500 до четири илјади евра, а за физичките лица од 150 до 300 евра. Во врска со укажувањата на угостителите дека со стапувањето на сила на законот, значително ќе се намали нивниот промет, Министерот за економија Фатмир Бесими вели дека овие импликации се краткорочни. „Секако дека има и свои економски импликации во индустријата врз одреден сектор од економијата, тие се краткорочни. Доколку се пресметува нето ефектот врз јавните средства, врз економијата, тој ќе биде позитивен“, изјави Бесими. Министерот за здравство, Бујар Османи уште еднаш ги повтори причините за донесувањето на овој закон и ја демонстрираше нивната решителност за негово доследно спроведување. „Медицинските факти и докази јасно и недвосмислено кажуваат дека пушењето е поврзано со 25 причини за смртност и е фактор број еден во шест од осумте клучни причини за смртност и факт е дека пушењето ќе ги убие половина од сегашните пушачи“ рече Османи. „Во Македонија се трошат 80 милиони евра годишно за лекување на болестите предизвикани од пушењето, а знаете дека тоа е вредност со која ние купуваме опрема за сите јавни институции во државата и вршиме реконструкција на пола од јавните објекти“ додаде Османи. Од идната година пушачите нема да можат да пушат во кафеани, кафе-барови, дискотеки, пабови, на стадиони, а во лето и во бавчите. Законот ќе дозволува пушење единствено на отворено, пред кафеаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.