Македонија
Собранието го усвои Буџетот за 2010
Собранието во четврток попладне со 66 гласа „за“, еден „против“ и без воздржани, го донесе Буџетот за 2010 г.
Според буџетската проекција приходите се планирани на 143 милијарди и 257 милиони денари, а расходите на 153 милијарди и 720 милиони денари. Дефицитот е проектиран на 2,5 проценти од БДП и ќе изнесува 10 милијарди и 460 милиони денари Кај приходите има зголемување од 3,4 проценти, а кај расходите за 2,8 отсто. Владината проекција за 2010 година е дека растот на БДП ќе биде два отсто, а на максимум два отсто е планирана и годишната стапка на инфлација. Буџетот според предлагачот е развоен, реален и со подобрена структура. Пораст е предвиден кај субвенциите за 10,9 отсто, кај социјалните трансфери за 1,8 осто, капиталните расходи ќе се зголемат за 16,2 отсто. За образованието се предвидени 21,285 милијарди денари, за здравството 19,756 милијарди денари, за социјална и детска заштита 49,920 милијарди денари, за инфраструктура и економски развој 18,983 милијарди денари, за земјоделството 7,490 милијарди. Со Буџетот не се предвидени зголемувања на платите на администрацијата, а ќе се води и стрикна дисциплина кај вработувњата во јавниот сектор. Расходите за плати се пониски за 2,8 отсто, а помал износ е предвиден и за ставката стоки и услуги за 9,8 отсто.Буџетскиот дефицит ќе се финансира од домашни и странски извори при што домашното задолжување ќе биде за 11 проценти помало од 2009 година. Проектирано е на 3,898 милијарди денари. Надворешното задолжување се планира да биде од Светска банка и ЕБРД за инфраструктурни проекти, договорената буџетска поддршка од Светска банка од 30 милиони долари, како и од други извори. Опозицијата во расправата го оцени буџетот за 2010 г. како нереален, неразвоен и штетенПратениците ја продолжија работата по дневниот ред на 83-та собраниска седница, со дебата за дополнетиот Предлог закон за извршување на Буџетот за 2010 г., по скратена постапка.
Собранието трет ден расправа за Буџетот за 2010 годинаВо Собранието продолжува расправата за предлог буџетот за 2010 годинаПочна расправата за Буџетот за 2010-та
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

