Македонија
Општина Аеродром украсена од градоначалникот и граѓаните
Под мотото „Украси го своето маало“ во соработка со Т-Mобиле, вчера, на локацијата спроти ТЦ „Бисер“, градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, дел од општинската администрација и голем број деца и граѓани заеднички китеа новогодишни елки
„Вечерва нашата општина блесна и изгледа многу поубаво“, изјави градоначалникот Коневски, кој најави дека од сега општината ќе се украсува секоја година.
Беа украсени десетина елки од по 2,5 метри, а најмладите добија топол чај и новогодишни слатки.
Меѓу присутните имаше и пејачи, членови на Советот на Општината и други личности од јавниот живот.
Инаку, покрај заедничкото украсување на оваа локација, беа насадени 130 новогодишни елки по должината на главните булевари и беа украсени со лампиони и новогодишни светилки, со што општината за првпат доби новогодишен амбиент.
Под мотото Стоп за петардите во седумте училишта, Општина Аеродром ја спроведе кампања против петардите.
На учениците им се делеа летоци во кои се предупредуваат на опасноста од користењето на петардите и другите пиротехнички материјали во периодот пред и за време на новогодишните празници.
Општина Аеродром очекува дека со оваа кампања ќе се придонесе учениците помалку ги користат петардите и пиротехничките средства, а со тоа ќе се намали и можноста од несакани последици по нивното здравје и околината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

