Македонија
Милошоски: Верувам дека шпанското претседателство со ЕУ ќе одреди датум за преговори
На денешната 31-ва седница за надворешна политика се обрати министерот за надворешни работи Антонио Mилошоски и даде отчет за она што Министерството го сработи во годинава што изминува и план за идните насоки
Министерот Милошоски зборуваше за надворешната политика на Република Македонија и за приоритетите на кои се работи, како и за проекциите и насоките за 2010 година.„Остваривме дел од агендата за 2009 година. Препораката за отварање на датум за преговори и визната либерализација, се значајни сегменти кои ги остваривме во надворешната политика. Сметам дека со чинот на безвизен режим ќе се доведе до суштинска европеизација“, рече Милошоски.Позитивниот извештај, визната либерализација и децентрализираното управување со помош на ИПА фондовите, се клучните приоритети според Милошоски кои Владата ги остварила во изминатиов период.„Сметам дека со извештајот на Европската комисија ја зацврстивме нашата позиција за приближување кон ЕУ. Верувам дека шпанското претседателство ќе го отвори прашањето за Република македонија и дека ќе одреди датум за преговори“, истакна Милошоски.Министерот Милошоски истакна дека контактите со Шпанија се интензивирани, а дека Министертвото за надворешни работи работи на зацврстување на дипломатските односи со Мадрид.Во врска со одредувањето на датум за преговори и пристапувањето на Македонија кон ЕУ, Милошоски подвлече дека Македонија има политички и административен капацитет. Тој смета дека со засилувањето на мисијата во Брисел, на што во моментов се работи, потпирањето на туѓите искуства, но и на сопствените ќе доведе до што поскоро остварување на макдонската цел.Според Милошоски визната либерализација е силен иструмент во процесот на евроинтеграција.Во врска со спорот со името Милошски смета дека не треба да има разочарување и дека во наредниот период Владата ќе остане посветена на прашањето за името.„Сметам дека дипломатските односи на ниво на амбасади со Грција ќе доведат до подобри услови за разговори во однос на прашањето за името. Ние ќе ја разгледаме секоја иницијатива за продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји. Моментално нема никаков прогрес во суштината на позициите на Грција кон Македонија“, подвлече Милошоски.Според Владо Бучковски, пратеник од СДСМ и член на комисијата за надворешна политика изминатава година Милошоски и Владата на република Македонија не постигнале ништо значајно. Тој смета дека ако сака нешто да се промени треба да постои доза на самокритичност.„Се доведовме во безизлезна ситуација, благодарение на политиката на Милошоски. Го изгубивме угледот во меѓународната политика. Ова што ни се случува е со некоја цел“, рече Бучковски.Визната либерализација според него е девалвирање на успехот на повеќе влади.„Покрај неисполнувањето на работата, оваа година ја карактеризира катастрофален извештај на ревизорската комисија и катастрофални пропусти во меѓународната политика“, смета Бучковски.Според него добивањето на позитивниот извештај било подарок со налог, односно со услов.Тој му порача на Милошоски да не го губи времето сега, бидејќи позицијата кон ЕУ и НАТО не е зајакната, туку дека сега повторно се почнува од нула.Бучковски пшотенцираше дека власта не е далеку од опозицијата и го покани Милошоски сите во Собранието заедно да разговараат за ова прашање и да постигнат консензус, затоа што нивните политики се блиску во врска со ова прашање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.

