Македонија
Почна зимскиот распуст за основците и средношколците
Околу 320 илјади ученици, од кои 225 илјади основци и 95 илјади средношколци, од денеска до 19 јануари се на зимски распуст, а од 20-ти јануари ќе продолжат во второ полугодие на учебната 2009/2010-та
Министерот за образование и наука Никола Тодоров, првото полугодие, од кога почна и неговата министерска функција, го оцени како тежок период на сложени проекти, посебно за објавување и дистрибуција на бесплатните учебници, кој почна на први септември. Тодоров посочи дека учебниците за четврто и за седмо одделение, по предметите музичко, ликовно и физичко и за граѓанско образование, доцнат зашто е потребен уште еден тендер кој законски не може да биде распишан во иста година со првиот. „Се соочивме со процедурални проблеми поради кои не можевме навреме да стигнеме да ги испорачаме сите учебници. Не можевме да распишеме уште еден тендер за иста работа во иста година. Жалам поради тоа. Тоа сигурно ќе се одрази врз квалитетот на наставата, но ќе направиме се во второто полугодие навремено да ги доставиме овие учебници“, истакна во средата минситерот Тодоров. Тој додаде деке во 201 г. во областа на образованието ќе се фокусира на квалитетот на програмите, учебниците, наставниот кадар и на квалитетот на просторните услови. Посебно внимание, како што рече, ќе има науката, за која буџетот за идната година првпат е двојно зголемен и наспроти 195 милиони денари во 2009 година, изнесува 415 милиони денари. „Очекувам наредната година да биде повеќе година на науката. Ќе се фокусираме на набавка на лаборатории, на превод на нови 500 наслови од врвните универзитети, на проекти и програми во областа на науката, на доделување стипендии на наши талентирани студенти да се школуваат на најреномираните универзитети во светот и на многу други проекти“, рече вчера Тодоров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“ – Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата!“, бара СДСМ
„Христијан Мицкоски тврди дека британските медиуми, кои објавија дека се договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, лажат. Исто така, тврди дека „нема легални и нелегални мигранти“. Значи, според Мицкоски, сите лажат“, велат од СДСМ.
„Ако е навистина така, тогаш зошто Мицкоски не ја потпишува Резолуцијата? Што чека? Зошто одолговлекува и бега?
Еве, нека ја потпише Резолуцијата на СДСМ. Со само еден потпис ќе ги расчисти сите сомнежи и дилеми.
Ние сме конструктивни и транспарентни од првиот ден. Резолуцијата е јавно објавена и сите ја видоа.
Граѓаните бараат дела – конкретен чекор од Мицкоски, а не празни зборови.
Затоа што за граѓаните неговите зборови одамна не важат, поради сите ветувања што не ги исполни. Како и ветувањето дека ќе се повлече од политиката ако се докаже поврзаност со Агенцијата за обезбедување во Кочани. А има и многу други неисполнети ветувања. Списокот е долг.
Мицкоски веднаш нека ја потпише Резолуцијата, а не да ја руши со контра Резолуции. Потпиши и нема мигранти. Толку е едноставно.
Ако одбива да потпише – тогаш сè е јасно: Мицкоски не ја зборува вистината, а договор за мигранти сепак има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.

