Македонија
Премиерот Груевски ги повика израелските бизнисмени да инвестираат во Македонија
Македонија им нуди одлични можности на странските инвеститори, затоа ве повикувам да дојдете и да инвестирате, им порача премиерот Груевски во понеделник попладне во Тел Авив на израелските бизнисмени на бизнис-форумот на кој заедно ги презентираа економските можности за инвестирање во Македонија
– Нашата земја е кандидат за полноправно членство во ЕУ и НАТО и е потписник на три мултилатерални договори за слободна трговија со што се отвора пристап до пазар со 650 милиони купувачи. Покрај тоа Владата во технолошко-индустриските развојни зони нуди специјални поволности за странските инвеститори како што се ослободување од оданочување на данокот на профит во првите 10 години, 50 процентно ослободување од персонален данок на доход во првите пет години, ослободување од царини и ДДВ за извозно ориентираните производи, како и ослободување од данок на имот – рече премиерот Груевски. Тој истакна дека ММФ констатирала оти Македонија многу полесно ја надминала глобалната економска криза од повеќето земји во регионот. Нашата економија, нагласи Груевски, во последните 15 години нуди стабилни цени со годишна инфлација од околу 2,7 отсто и стабилен девизен курс што доведе до намалување на јавниот долг. Воведувањето на рамниот данок од 10 отсто и ослободувањето од оданочување на реинвестираната добивка доведе до зголемување на директните странски инвестиции во последните три години за околу 7,3 отсто од БДП. – Студијата „Doing Business“ на Светската банка ја прогласи Македонија за трет реформатор во светот и ја позиционира на 32-та позиција во светски рамки во годишното рангирање. Мотото на нашата Влада е „Помалку бирократија, повеќе бизнис“, како потврда на регистрирањето компанија само за четири часа. Ние ја воведовме регулаторната гилотина како проект кој ги елиминира административните потешкотии за водење бизнис – рече премиерот Груевски. Претседателот на македонската Влада нагласи дека во последните три години земјата од 105-то го подобрила своето рангирање на листата за перцепција на корупцијата на 71-то место, што, според него, е резултат на реформите во судството.- Во моментов се реализираат многу проекти за подобување на инфраструктурата како што се модернизацијата на енергетскиот сектор, аеродромите и автопатиштата каде што израелските компании можат да играат значајна улога. Затоа сакам да и’ посакам успех на новопромовираната Израелско-македонска стопанска комора. Се надевам дека таа ќе не’ охрабри да ги надминеме бирократските пречки за да се формализираат нашите економски врски со договор за економска и трговска соработка – рече премиерот Груевски. Директорот на Израелскиот институт за извоз и меѓународна соработка Ави Хефетц рече дека е горд што Израел е признат како глобален лидер во био и нано технологија, во безбедносните системи и модерната агрокултура. – Во изминатиот период соработката меѓу нашите две земји слабо се развива. Ние сакаме да ги зголемиме бизнис-врските и се надевам дека денешниот бизнис-форум ќе придонесе за тоа – рече Хефетц.Претседателката на новопромовираната Стопанска комора Израел – Македонија, Михал Грајевски, чии предци се од Битола, порача дека многу од израелските бизнисмени веќе се присутни во Македонија и додаде дека останатите дошле на Форумот за да се запознаат со условите што ги нуди државата за бизнис. – Планираме новата комора да биде активна со вклучување на бизнисмени и политичари од двете земји – рече Грајевски истакнувајќи дека е значајно што група израелски стопанственици во наредните шест месеци ќе ја посети Македонија на владина сметка. Македонскиот амбасадор во Израел, Пајо Авировиќ, порача дека двете земји создаваат најдобри можни услови за развој на економската соработка. Според него, доказ за тоа се и неодманешната посета на македонскиот претседател Ѓорге Иванов на Израел и денешната на премиерот Груевски. Економските услови за водење бизнис во Македонија на израелските бизнисмени им ги претставија вицепремиерот Пешевски и директорот на Агенцијата за странски инвестиции Мизо. Тие им порачаа дека македонските компании нудат добри можности за соработка. Според Виктор Мизо, се очекува израелските бизнисмени во Македонија да вложат во земјоделството, особено во откупот на квалитетни замјоделски производи и нивно пласирање во странство, во градежништвото преку изградба и продажба на недвижни објекти, во ИТ-секторот со изработка на софтвери, во менаџирањето со водата, продажбата на технологија поврзана со воени цели, како и во зголемувањето на туристичката размена меѓу двете земји, започната со организирањето чартер летови од Тел Авив за Охрид со израелски туристи. На денешниот бизнис-форум присуствуваше и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска која е дел од владината делегација што престојува во Израел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

