Контакт

Македонија

Шеесет милиони евра издвоени од буџетот за високообразовните институции

Објавено пред

Шеесет милиони евра ќе бидат издвоени од буџетот во наредните четири години за опремување на лаборатории на државните високообразовни институции и на јавните научни установи

Ова денеска го најави министерот за образование и наука Никола Тодоров на прес-конференција во Владата на Република Македонија.Средствата кои ќе бидат распределени во текот на наредните четири години се издвоени со цел да се подобри научно-истражувачката структура и да се зајакне апликативната инфраструктура на државните високообразовни установи и на јавните научни институции. За таа цел е отворена посебна буџетска потпрограма во рамки на буџетот на Министерството за образование и наука.Заинтересираните универзитети и факултети може да аплицираат на јавниот повик што Министерството за образование и наука го распиша на 30 декември и ќе биде отворен до 20-ти овој месец.  „Вложувањата во научно-истражувачката работа, иако краткорочно се мошне тешко видливи и мерливи. Долгорочно гледано спаѓаат во групата на најисплатливи инвестиции. Оттука, вложувањето во науката веќе не се третира како потрошувачка, туку како влог во развојот на земјата“, рече министерот Тодоров.Тој  изрази очекувње дека скоро сите универзитети ќе бидат опфатени со оваа програма и надеж дека ќе покажат интерес за опремување на веќе постоечките или за создавање нови лаборатории.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Сончево време со мала до умерена облачност

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во утринските часови со услови за магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со услови за слаба утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 20 степени, јави УХМР.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Во среда, претежно во јужните делови ќе има повремени врнежи од дожд.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во моментов активни над 7.000 случаи на заразени со коронавирус

Објавено пред

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, откако вечерва беа потврдени нови 561 заразени.

Најмногу активни случаи има во Скопје – 3.562, од кои најголем дел се од Аеродром (699), Карпош (547) и Центар (519). Над 400 заразени во моментов во Скопје има во Гази Баба (450) и Кисела Вода (417). Зад нив е Ѓорче Петров со 286 активни случаи, и Чаир и Бутел со 166 односно 152 активно заразени лица. Останатите скопски општини засега бележат двоцифрени бројки.

Во другите градови, најмногу заразени има во Струмица(434), Тетово (408), Куманово (331), Прилеп (316), Кочани (212), Штип (201).

Битола, Велес, Охрид, Кавадарци, Гостивар, Гевгелија, Делчево и Кичево имаат над 100 заразени со коранвирус, а останатите се со двоцифрени бројки. Во моментов нема град без активен случај.

Според последните податоци на Министерството за здравство, во последните 24 часа се заразиле 561 лице, оздравени се 197 пациенти, а починале 22 лица на возраст од 35 до 88 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26954, бројката на оздравени пациенти е 18627, на починати е 919.

Прикажи повеќе...

Македонија

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Објавено пред

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-271, Куманово-29, Дебар-2, Штип-19, Прилеп-33, Тетово-26, Струга-3, Велес-20, Битола-17, Охрид-11, Кавадарци-18, Гостивар-10, Гевгелија-15, Струмица-32, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-8, Виница-1, Делчево-1, Кратово-3, Свети Николе-5, Кичево-6, Ресен-2, Неготино-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 197 оздравени пациенти од: Скопје-91, Куманово-7, Штип-8, Прилеп-18, Тетово-13, Струга-4, Велес-3, Битола-4, Охрид-3, Гостивар-3, Гевгелија-4, Струмица-16, Радовиш-2, Кочани-9, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Валандово-2, Свети Николе-4, Кичево-4.

Починати се 22 лица, 7 пациенти од Скопје (55, 78, 71, 35, 66, 71 и 64г), еден од Куманово (57г), двајца пациенти од Дебар (58 и 64г), еден од Прилеп (61г), еден од Струга (75г), двајца пациенти од Велес (61 и 64г ), двајца од Битола (74 и 70г), двајца од Гостивар (79 и 76г), двајца пациенти од Крива Паланка (56 и 88г), еден од Кочани (60г) и еден пациент од Делчево (81г). Од починатите, двајца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26954, бројката на оздравени пациенти е 18627, на починати е 919, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7408. Денеска се евидентира еден контролен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 11473, активни 3562
• Куманово 2124, активни 331
• Дебар 321, активни 57
• Штип 1548, активни 201
• Прилеп 1087, активни 316
• Тетово 1923, активни 408
• Струга 774, активни 78
• Велес 508, активни 151
• Битола 542, активни 182
• Охрид 604, активни 167
• Кавадарци 429, активни 176
• Гостивар 1105, активни 144
• Гевгелија 332, активни 180 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 47 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 736, активни 434
• Крива Паланка 204, активни 75
• Радовиш 201, активни 74
• Крушево 22, активни 2
• Кочани 644, активни 212
• Пробиштип 159, активни 29
• Демир Хисар 72, активни 10
• Македонски Брод 100, активни 4
• Пехчево 57, активни 9
• Берово 193, активни 57
• Валандово 92, активни 40
• Виница 163, активни 59
• Делчево 227, активни 128 (47 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 37, активни 11
• Свети Николе 452, активни 70
• Кичево 481, активни 124
• Ресен 224, активни 55
• Неготино 120, активни 62 (17 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1901 теста се преку: ИЈЗ-528, ЦЈЗ Скопје-37, Авицена-511, Биотек-229, МАНУ -110, Жан Митрев (Филип Втори) -93, Систина со PCR метода -139 , лабораторија Лаор –121, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-88, Инфективна клиника-2, ГАК-11, Синлаб-32, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 235.038 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 17 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 137 пациенти. На кислородна поддршка се 97 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 8 позитивни мајки, 3 деца и 1 мајка суспектни на ковид-19.
Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор е 1 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 57, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 281 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 166
• Гази Баба – 450
• Аеродром – 699
• Карпош – 547
• Центар – 519
• Кисела Вода – 417
• Ѓорче Петров – 286
• Бутел – 152
• Шуто Оризари – 26
• Студеничани – 7
• Сарај – 24
• Арачиново – 10
• Илинден – 63
• Сопиште – 30
• Чучер Сандево – 14
• Петровец –21
• Зелениково – 9
• Странец – 22
• Нераспределен- 100

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 минути

Стејт департмент: Стапува во сила примирје во Нагорно-Карабах

Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан во заедничко соопштение наведоа дека стапува во сила хуманитарно примирје во судирот...

Свет20 минути

Над 8.000 новозаразени со коронавирус во Германија

Во последните 24 часа во Германија се потврдени 8.685 случаи со коронавирус. Според Институтот за заразни болести „Роберт Кох“, починале...

Економија24 минути

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.Минатата недела имаше...

Македонија12 часа

Во моментов активни над 7.000 случаи на заразени со коронавирус

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, откако вечерва беа потврдени нови 561 заразени. Најмногу активни случаи има...

Свет12 часа

СЗО: Три дена по ред бројките на новозаразени во светот се рекордни

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во саботата е соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на...

Македонија13 часа

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за...

Македонија15 часа

(Видео) Членството ќе избира претседател на СДСМ, црвената боја стана партиска

Конгресот на СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на статутот на партијата, информираше партискиот претседател, Зоран Заев на прес-конференција по...

Регион16 часа

Борисов позитивен на коронавирус

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот. „Иако РЗИ официјално го укина мојот...

Регион18 часа

Жртвите се скриле во „контејерот на смртта“ во Србија, планирајќи да стигнат до Италија или Белгија

Жртвите кои беа пронајдени во контејнер кој од Србија стигнал во Парагвај се скриле таму со цел да заминат во...

Европа19 часа

Шпанија прогласи вонредна состојба

Шпанската влада прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро. Со...

Регион20 часа

Од денеска во болниците во Словенија само пациенти со корона и итни случаи

Од денеска приемот на сите пациенти во словенечките болници ќе биде прекинат, освен за итните случаи и оние кои страдаат...

Топ21 час

Автомобил прегази 15-годишно дете во Скопје

Петнаесетгодишно дете вчера напладне било прегазено од автомобил на булеварот Александар Македонски во Скопје. Со возилото управувал Т.В. од Крива...

Македонија22 часа

Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат

На дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“ што ја организираше НВО Инфоцентарот, градоначалникот Петре Шилегов се...

Македонија23 часа

Во болниците се лекуваат 595 пациенти од коронавирус, капацитетите се прошируваат

Со вчерашните нови 404 случаи со Ковид-19 регистриани во земјава, во болниците низ Македонија се лекуваат 595 пациенти. Од нив...

Македонија24 часа

Маричиќ: Судството покажа дека може да функционира онлајн

Судството покажа дека може да функционира онлајн, вели министерот за правда Бојан Маричиќ по повод Европскиот ден на правдата. „Ова ново...

Македонија1 ден

Амди Бајрам бил позитивен на коронавирус, епидемиолозите ќе прават анкети со семејството

Министерството за здравство информира дека кај починатиот Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на Ковид-19. Од страна на...

Македонија2 дена

Починаа 14 лица, регистрирани 404 новозаразени

Денеска се регистрирани 404 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 182 пациенти, а починаа 14 лица. Министерството за здравство...

Регион2 дена

На Балакнот рекордни бројки на заразени со коронавирус

Дел од државите на Балканот денеска регистрираа рекордни бројки на заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата. Во Србија рекордни...

Свет2 дена

(Видео) Трамп гласаше на претседателските избори во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп гласаше на претседателските избори во САД. „Само што гласав! Голема чест“, напиша Трамп на социјалните...

Свет2 дена

Американските компании продолжуваат со тестирање на вакцината против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ ќе продолжи со клиничките испитувања на својата експериментална вакцина против Ковид-19 во САД, откако доби одобрение...

Досие