Македонија
Независниот полицикси синдикат најавува протест во понеделник

Независниот полициски синдикат најави протести за во понеделник пред платото на ССМ, поради одлуката на Уставниот суд 940 полицајци, кои по Нова година требаше да заминат во пензија, да останат без регулиран статус
„Од една страна ќе го демонстрираме револтот на членовите на независниот полициски синдикат од ваквата одлука, особено од времето и начинот на носењето на ваквата мерка, а од друга страна до Уставниот суд ќе биде предадена писмена документација за одбрана на спорните одредби на законот за внатрешни работи“, рече Тихомир Климоски, претседател на Независниот полициски синдикат.Тие побараа од Уставниот суд ако не го разреши барем да се огради од својот портпарол. “Портпаролот на Уставниот суд по нашата прес – конференција од позицијата која што ја врши си дозволи да се служи со политички квалификации на полициксите службеници. Ваквиот однос во најмала рака е недоличен и недопустлив“ рече Климоски. Портпаролот на Уставниот суд Југослав Миленковиќ на овој повик одговори дека е „државен службеник во Уставниот суд, вработен на неопределено време и не бил носител на јавна функција туку овластувањето ми било дадено од страна на претседателот на Уставниот суд“.Неуставноста на законот за внатрешни работи, тој ја гледа во нееднаквоста на полициските службеници од МВР. Миленковиќ смета дека со овој закон полициските службеници се во нееднаков однос со оние кои заминале во пензија до 1 јануари 2010 г. и оние кои ќе заминат во пензија од 1 јануари 2015 г. Овој закон според Миленковиќ важи за полициските службеници кои кои ќе исполнат 40 години работен стаж од 1 јануари 2010 години до 31 декември 2015 г. без разлика на годините.„Тие заминуваат во услови кои се поинакви. Граѓаните кои се во еднаква правна положба, не можат да имаат различни права и обврски“ појасни Миленковиќ. Законот за внатрешни работи беше донесен во јули минатата година и со него се предвидува пензионирање на полициските кадри кои ќе навршат 40 години стаж.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Свадба во струмичкиот затвор – осуденик го кажа судбоносното „да“

Во струмичкиот затвор денес се одржа невообичаен, но длабоко хуман чин – законска регистрација на брак на осудено лице кое моментално ја издржува затворската казна.
Настанот се реализира под покровителство на директорот на установата, Зоран Ристов, и заменик-директорката, Наташа Лазарова Донева, како дел од заложбите за почитување на човековите права и обезбедување правна сигурност за сите, без исклучок, соопшти Управата за извршување санкции.
Со оваа регистрација, лицето се стекна со правен идентитет – важен предуслов за пристап до здравствена, образовна и социјална заштита, но и чекор напред кон успешна ресоцијализација.
Од Управата додаваат дека ваквиот чин е резултат на добра координација меѓу затворската управа, стручните служби и релевантните институции, и покажува дека и во пенитенцијарниот систем постои волја за хуманост, инклузивност и правичност.
Македонија
Нов ЕХО апарат на гинекологија во Чаир за побрза и попрецизна дијагностика

Специјалната болница за гинекологија „Мајка Треза“ во Чаир доби нов ЕХО апарат, со кој значително се подобрува дијагностиката кај бремените жени и пациентките со гинеколошки проблеми.
Апаратот, вреден над 3,5 милиони денари, е обезбеден со поддршка од АД МЕПСО, која донираше над 2,7 милиони денари, како и со сопствени средства на болницата во износ од 800 илјади денари.
„Со новата апаратура ја зајакнуваме грижата за здравјето на жените, токму таму каде што е најпотребно. Зад секој апарат стои грижата за секоја жена, за секоја бремена мајка, за секој нов живот“, изјави министерот Азир Алиу за време на денешната посета на установата, придружуван од директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи.
Оваа инвестиција претставува чекор кон унапредување на квалитетот на здравствените услуги и грижата за женското здравје.
Македонија
Со метален предмет го убил брата си, па го закопал во дворот од заедничката куќа: расчистено убиство во Кавадарци

Денеска (06.08.2025), ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.И.(43) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичнo делo „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.
Тој се сомничи дека на 27.07.2025 во семејниот дом во Кавадарци со метален предмет нанел повреди на неговиот брат И.И.(42) од Кавадарци, од кои тој починал, по што телото го закопал во помошен објект во дворот од заедничката куќа.
Имено, вчера (05.08.2025), нивната сестра В.О.(44) во 11:00 часот во ОВР Кавадарци го пријавила за исчезнат нејзиниот брат И.И.. Додека, во 13:00 часот пријавила дека во помошниот објект во дворот од куќата на нејзините браќа, каде што отишла со сопругот, забележале дека има ископ покриен со ровка земја, по што се посомневале дека е можно нејзиниот исчезнат брат да е закопан внатре.
Веднаш по пријавата, на местото излегле јавен обвинител, полициски службеници и претставници од Институт за судска медицина Скопје, а од погребално претпријатие откопана е дупката и било пронајдено телото на И.И..
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција и вештачење. Истиот ден во 14:40 часот, по извршени оперативни проверки и добиени сознанија и во координација со јавен обвинител, полициски службеници го лишиле од слобода С.И., по што го спровеле во јавното обвинителство, каде во службен разговор го признал делото.