Македонија
Да се прошири истрагата за смртта на Трајковски во БиХ и СФОР

Истрагата да се прошири на Босна и Херцегоцина и на силите на СФОР за утврдување на околностите на загинувањето на претседателот Борис Трајковски, предлага Анкетната комисја во Извештајот што ќе го достави до Собранието
Анкетната комисија за утврдување на околностите на загинувањето на претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски денеска го усвои Извештајот за својата работа и ќе го достави до Собранието.„Извештајот е донесен едносгласно, со согласност на сите пратенички групи кои учествуваа во неговата изработка“, рече Оливер Шамбевски, претседател на комисијата.Со Извештајот се даваат насоки за понатамошно дејствување на сите релевантни институции.„Еден од поважните заклучоци е дека Анкетната комисија му предлага на Бирото на парламентарното собрание на Советот на Европа да го прошири мандатот на Андреас Грос, којшто ќе ги опфати во својата наредна истрага и Босна и Херцеговина и силите на СФОР, со коишто до сега од овие или оние причини, ниту македонските органи, ниту пак Советот на Европа до сега немаше можност да стапи во директен непосреден контакт со нив“, рече Шамбевски Како што појасни Шамбевски, истрагата за случајот не е завршена, односно завршени се две од три фази. Останува третата, според него, клучна фаза која се однесува врз Босна и Херцеговина и силите на СФОР. Тој не сакаше да каже одредени детали кои би можеле да фрлат нова светлина врз случајот, затоа што како што рече истрагата е се уште во тек и тие податоци се класифицирани.
Анкетната комисија, како што стои во Извештајот, смета декадополнително треба да се испитаат нелогичностите околу пронаоѓање на остатоците од авионот 26 часа по несреќата, да се испитаат тврдењата дека припадниците на босанската полиција и спасувачките екипи биле спречени од СФОР да пристапат до местото на несреќата, неможноста да се испитаат војниците на СФОР во контролната кула, недостатокот од 18 секунди разговор од црната кутија, степенот на изгорност на телата, а полесно запаливи предмети се пронајдени цели, брзината на завршување на истрагата во Босна.
„Анкетната комисија ги охрабрува сите надлежни институциии органи да продолжат со истрагата до нејзино конечно завршување, бидејќи не е се уште завршена истрагата во целост и не е затворен случајот Борис Трајковски“, рече Шамбевски.Анкетната комисија за утврдување на околностите на загинувањето на претседателот на Р. Македонија, Борис Трајковски е првата анкетна комисија од сите формирани во Собранието, која со денешното донесување на Извештајот ја завршува својата работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на фабриката Самоков, соопшти Центарот за управување со кризи.
Од РЦУК Македонски Брод претходно стигна информација дека е настанат пожар во населбата Самоков, во фабриката „Сувенир“, а опожарен е магацин со хемикалии. Во информацијата беше наведено дека електричната енергија во фабриката е исклучена.
Македонија
„Седи Боби, кец!“, му рече Арсовска на Стефковски за проблемот со водата, па доби одговор

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук, му возврати на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој претходно ги прозва Градот и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, за прекините во водоснабдувањето во неколку скопски населби. Тој побара итна интервенција од Градот, предупредувајќи на можни протести ако состојбата не се реши веднаш.
Арсовска му одговори на Стефковски дека и по три години на функција сè уште не прави разлика што е во надлежност на Градот, а што на Општина Гази Баба. Таа појасни дека жителите на Црешево и Смилковци не се корисници на ЈП „Водовод и канализација“, туку на ЈКП „Гази Баба“ – претпријатие под општинска надлежност.
„Ова по три години ќе го знаеше ако паузираше еден ден од сликање по фолклорни манифестации за да сработиш нешто“, напиша Арсовска, посочувајќи дека со средствата добиени од владите на Ковачевски и Мицкоски, Стефковски можел да изгради нова водоводна мрежа за тие населби.
Во продолжение, Арсовска рече дека Град Скопје во изминатите три години не добил ниту еден денар од централната власт, а дека Владата ѝ должи на ЈСП Скопје осум милиони евра.
Градоначалничката ја заврши објавата со саркастичен тон: „Седи Боби, кец!“
Ситуацијата дополнително ја заостри реториката меѓу градоначалниците на Скопје и Гази Баба, отворајќи нова рунда меѓусебни обвинувања. По објавата на Арсовска, повторно се огласи Стефковски кој и’ одговори дека надлежноста за Смилковци и Црешево ја знае многу добро, па ја повика да каже зошто жителите од Автокоманда, Железара, Триангла, Маџари и Ченто немаат вода? За крај по однос на делењето оценки, Стефковски на социјалните мрежи напиша дека граѓаните и’ дале оценка на парламентарните избори на Арсовска. Тогаш таа освои вкупно 3.438 гласови.
Македонија
Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес – пресек на состојбата со пожарите

На територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири, соопшти Центарот за управување со кризи.
Во Општина Прилеп, гори кај селото Бешиште. Се работи за приземен пожар во квалитетна мешана шума. Активен е пожарот и кај Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка беснее шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел). Во Општина Велес пожарот избувна во ниска вегетација.
Изгаснати се 4 пожари: Општина Врапчиште, с. Врањовци – ниска вегетација, ѓубриште; Општина Липково, с. Лојане – ниска вегетација и стрниште; Општина Карбинци, с. Радање – блок (површина) посеана со жито и ниска вегетација и ОпштинаАрачиново, с. Орланци – ниска вегетација и отпаден материјал.