Контакт

Македонија

Со ладен асфалт се санираат ударните дупки на скопските улици

Објавено пред

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ по налог на Град Скопје деновиве вршат санирање на ударни дупки со ладен асфалт на градските сообраќајници

Во саботата, екипите на ЈП „Улици и патишта“ со асфалт пополнуваа ударни дупки на булеварите Кочо Рацин и Крсте Мисирков и на улицата Христо Татарчев. Во неделата се работеше на булеварите Александар Македонски, Јане Сандански и улицата Благоја Стефковски. За овие активности предвидени во програмата на Град Скопје за санирање на ударните дупки и прекопите на булеварите и собирните улици беа потрошени четири тони ладна асфалтна маса, а санирањето на ударните дупки ќе продолжи и во текот на оваа недела.

Македонија

Еко-свест: Властите носат плански документи за Скопје без да ги прашаат граѓаните

Објавено пред

Од еколошката организација Еко-свест ги обвинуваат градските власти дека се обидуваат да усвојат важни плански документи за градот без консултации со жителите на Скопје.

„Сакаме да посочиме дека преку медиумите дознаваме дека на седницата на советот на град Скопје закажана за утре, 27.10.2020 во 11:00 часот на прва точка на дневниот ред е донесување на Зелен Акциски план за град Скопје. Иако овој план треба да ја подобри состојбата со животната средина во градот и како таков ги засега сите негови жители, досега немало никакви јавни консултации ниту соодветно информирање за процесот“, велат од Еко-свест.

„Според член 65 од Законот за животна средина сите плански документи во оваа држава подлежат и на Стратегиска оцена за
влијание врз животната средина, документкој не е приложен како дел од документацијата заедно со Зелениот Акциски план за град Скопје. Не знаеме ниту дали Министерството за животна средина и просторно планирање како надлежен орган било консултирано и учествувало во изготвувањето на планот.

Ваквиот однос на локалните власти е сосема спротивен на заложбите на Владата која се стреми да обезбеди транспарентност во носењето на политиките од јавен интерес во насока на приближување на нашата земја кон ЕУ.

„Уште во јули 2019 година Еко-свест реагираше дека документот се работи без консултација и информирање на јавноста, што е обврска на институциите и локалните власти, но сега гледаме дека сме ставени пред свршен чин без никакво информирање на оние најзасегнати од планот – граѓаните“, велат од невладината организација.

Град Скопје се финансира од националниот буџет и постои за да им го подобри животот на жителите на градот, а притоа мора да соработува со граѓаните како би ги согледал нивните потреби. Сметаме дека игнорирањето и избегнувањето на јавното мислење се непотребни и недозволиви, особено бидејќи Градот не би требало да стравува од критика кога се работи за ваков позитивен документ.

Сепак, транспарентноста и учеството на јавноста мора да се приоритет. Затоа бараме Зелениот акциски план да биде соодветно објавен, ставен на располагање на граѓаните во тек на 30 дена и за него да се организира јавна расправа пред
неговото усвојување. Воедно, бараме Градот да поднесе барање за мислење од Министерството за животна средина за
потребата од спроведување на постапка за стратегиска оцена за влијание врз животната средина. Истовремено ги повикуваме советниците да го побараат истото на утрешната седница“, велат во реакцијата од Еко-свест.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Поднесен е предлог-закон за посебна комисија за справување со пандемијата

Објавено пред

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Обнова на Македонија денеска заедно со останатите опозициски партии Алијанса и Алтернатива и Левица, поднесе предлог-закон за дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести по скратена постапка.

„Бараме формирање на посебна комисија за заштита и справување со пандемија или епидемија, која ќе биде формирана од страна на Собранието и ќе треба да придонесе за ставање под контрола на ситуацијата со Ковид-19, којашто секојдневно се влошува“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се објаснува дека составот на комисијата на предлог на Владата ќе го избира Собранието, а истата се предвидува да биде составена од 11 члена, во која по функција ќе членуваат министерот за здравство и директорот на Центарот за управување со кризи, а останатите 9 членови би биле тројца инфектолози, двајца епидемиолози, двајца микробиолози, еден имунолог и еден интернист.

„Целта е да се формира комисија којашто ќе биде составена од професионалци кои се докажани во своите области и коишто со своето објективно работење и носење одлуки ќе придонесат за нормализирање на тешката состојба во којашто се наоѓа Република Македонија предизвикана од ковид-кризата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде порачуваат дека е очигледно оти Владата на СДСМ и здравствените власти немаат капацитет да се справат со проблемот.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Заев за новата рамка за соработка со ООН: Имаме стратешки документ за изградба на едно просперитетно и инклузивно општество

Објавено пред

Како дел од активностите по повод Денот на Обединетите нации и 75-годишнината од потпишувањето на Повелбата на ОН, претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, и постојаната координаторка на Обединетите нации, Росана Дуџак, како и со високите претставници на агенциите на ОН во нашата земја, учествуваше во засадувањето 75 млади садници во околината на велешкото езеро „Младост“, што беше зафатена од пожар пред повеќе од една година.

Акцијата е организирана како симболична заложба за позелена, подобра и одржлива иднина на сите луѓе во Северна Македонија како еден од националните предизвици и приоритети вклучени во новата рамка за соработка за одржлив развој 2021 – 2025 за соработка меѓу нашата земја и ОН, што денеска ја потпишаа постојана координаторка на Обединетите нации, Росана Дуџак, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Рамката е наш стратешки документ што ја насочува работата на сите агенции на ОН што работат во земјата во наредните пет години, како и со сите засегнати страни вклучени во процесите. Во оваа пригода сакам да истакнам дека нашата држава останува посветена на спроведувањето на препораките на оваа меѓународна организација, како и на глобалните милениумски цели за одржлив развој“, истакна премиерот Заев во изјавата за медиумите од настанот.

Премиерот Заев во изјавата потенцира дека нашата држава во соработка со ОН и натаму ќе работи во насока на јакнењето на принципите на одржлив развој и изградба на едно просперитетно и инклузивно општество.

„Во сите овие глобални превирања Обединетите нации преку принципот на дијалог и почитување работеа во насока на превенирањето и решавањето на отворените конфликти. Преку начелата на соработка и солидарност оваа организација поттикна клучни иницијативи за надминување горливи светски проблеми, каква што е пандемијата на Ковид-19. Таа ја имаа централната улога во справување со оваа најголема закана за човештвото по Втората светска војна дејствувајќи преку Светската здравствена организација. Ги координира научноистражувачките работи, меѓународните активности за заштитата, развојот на тестови, лекови и вакцини“, нагласи претседателот на Владата, Зоран Заев.

Рамката за соработка е главен стратешки документ што ја насочува работата на сите агенции на ОН што работат во земјата во наредните пет години. Развиена е во блиска соработка со Владата по опсежен консултативен процес со организации и индивидуалци од разни сфери на дејствување и интерес.

„Новата рамка за соработка е повеќе од заложба. Тоа е обврска што ја преземавме и претставува јасна определба да се работи кон подобрување на животот и иднината на сите луѓе во оваа прекрасна земја, а при тоа никој да не заостане“, истакна во својата изјава постојаната координаторка на Обединетите нации, Росана Дуџак, на настанот по повод Денот на Обединетите нации и 75-годишнината од потпишувањето на Повелбата на ОН.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање...

Македонија4 часа

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да може да се тестираат на Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Европа4 часа

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази...

Свет4 часа

Во Мелбурн нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија...

Економија4 часа

Бензините поевтинуваат

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините и на екстра-лесното масло за домаќинство се намалуваат половина денар, а цената...

Свет5 часа

Мадуро тврди дека венецуелските научници создале лек против Ковид-19 без несакани ефекти

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека неговата земја дизајнирала високоефективен антивирусен лек, што го десеткува коронавирусот без никакви несакани...

Топ6 часа

(Видео) Пронајдени речиси 100 килограми хашиш во Охрид – пресечен меѓународен транспорт на дрога

Полицијата вчера пресече меѓународен транспорт на хашиш во количина од речиси 100 килограми. Уапсен е турски државјанин, кој дрогата требало...

Македонија6 часа

Домашните слави да се празнуваат исклучиво во кругот на семејството, апелира Комисијата за односи со верските заедници

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број семејства во државата ги чествуваат домашните...

Регион7 часа

Словенија ги заострува мерките, од вечерва нова забрана за движење – се затвораат општините

Поради големиот пораст на инфекции со коронавирус, Словенија ги заострува мерките, така што од вечерва стапува во сила забраната за...

Економија8 часа

Пандемијата ќе фрли во стечај дури 6.000 австриски фирми

Пандемијата на коронавирусот силно ја погоди австриската економија, па в година се очекува да доведе до банкрот на шест илјади...

Европа9 часа

Италија ги затвора баровите и рестораните во 18 часот

Италијанските власти издадоа одредба со која се бара сите барови и ресторани да се затворат до 18 часот, а спортските...

Топ9 часа

Стејт департментот: Стапува во сила примирје во Нагорно-Карабах

Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан во заедничко соопштение наведоа дека стапува во сила хуманитарно примирје во судирот...

Свет9 часа

Над 8.000 новозаразени од коронавирус во Германија

Во последните 24 часа во Германија се потврдени 8.685 случаи на коронавирус. Според Институтот за заразни болести „Роберт Кох“, починале...

Економија9 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати, кои ќе важат од полноќ. Минатата недела...

Македонија20 часа

Во моментов активни над 7.000 случаи на заразени со коронавирус

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, откако вечерва беа потврдени нови 561 заразени. Најмногу активни случаи има...

Свет21 час

СЗО: Три дена по ред бројките на новозаразени во светот се рекордни

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во саботата е соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на...

Македонија22 часа

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за...

Македонија24 часа

(Видео) Членството ќе избира претседател на СДСМ, црвената боја стана партиска

Конгресот на СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на статутот на партијата, информираше партискиот претседател, Зоран Заев на прес-конференција по...

Регион1 ден

Борисов позитивен на коронавирус

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот. „Иако РЗИ официјално го укина мојот...

Регион1 ден

Жртвите се скриле во „контејерот на смртта“ во Србија, планирајќи да стигнат до Италија или Белгија

Жртвите кои беа пронајдени во контејнер кој од Србија стигнал во Парагвај се скриле таму со цел да заминат во...

Досие