Македонија
Одржана традиционалната 14-та Мичуринска средба
Во присуство на голем број граѓани во средата навечер на платото во паркот во населбата Мичурин по четиринаесетти пат се одржа традиционалната Мичуринска средба, што ја организира истоименото здружение на граѓани „Мичуринска средба“ со поддршка на Општина Аеродром
Во рамки на прославата на големиот православен празник „Свети Василиј“, меѓу народот познат како Стара нова година, се одржа богата музичка програма, а цело време на манифестацијата се послужуваше топол чај, сокови, греана ракија и сендвичи.Свештените лица од црквата „Св. Богородица“ заедно со присутните гости одржаа молитва за мир, по што се кршеше традиционалната погача, а потоа новиот кум на „Мичуринската средба“, кому му падна златникот од лепчето го запали василичарскиот оган.На средбата учествуваа и неколкумина пратеници, градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, претседателот на Советот на Општина Аеродром, Виктор Камиловски и други истакнати лица од политичкиот и стопанскиот живот во Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

