Македонија
Македонија ќе има побрза и поефикасна размена на податоци меѓу институциите

Размената на податоците меѓу државните институции ќе биде побрза и поефикасна со нивно поврзување во систем за интероперабилност, со што нема повеќе да има дуплирање на податоци и правење на грешки, а институциите ќе бидат поефикасни и поажурни
За имплемантацијата на системот за поврзување на регистрите и базите на податоци Министерство за информатичко општество денеска потпиша Договор со ИТ компанијата „Виста“, чија услуга беше избрана на јавен тендер.Со проектот кој чини 49 милиони денари меѓусебно ќе бидат поврзани регистрите и базите на податоци меѓу државните органи и институции, со кој во пилот-фазата се опфатени Царинската управа, Министерството за внатрешни работи, Централниот регистар, Управата за јавни приходи и Катастарот.„Тие пет институции во рок од шест месеци ќе бидат поврзани при што ќе ја забрзаат меѓусебната размена на информации и веќе ќе нема дуплирање на податоци и грешки, А граѓаните ќе бидат посреќни затоа што ќе нема повторно враќање за дополнителни информации и чекање на редови пред шалтерите“, истакна на прес-конференција по потпишувањето на Договорот министерот за информатичко општество Иво Ивановски.Со системот за интероперабилност како што истакна Ивановски се поставуваат темелите за заживување во напредна фаза на поглавјето електронска влада. Според министерот Ивановски, ефикасноста на услугите кон граѓаните ќе се зголеми бидејќи тие при меѓусебната размена на податоците ќе трошат помалку пари, ќе станат минато, размената на податоците меѓу институциите по УСБ и ЦД и ќе нема потреба од курири, посочи Ивановски. Навдувајќи примери, министерот за информатичко општество укажа дека ако досега на Управата за јавни приходи и биле потребни три дена за да добие имотен лист од Катастарот со системот за интероперабилност таа услуга станува достапна за само три секунди.По завршување на шестмесечниот пилот-проект тој ќе се имплементира и сите останати државни институции. Според Ивановски, за натамошен развој на проектот ќе се овозможи приклучување на системот и на бизнисот во државата пред се на банкарскиот, телекомуникацискиот и осигурителниот сектор. За овозможување на таа меѓусебна размена на податоци меѓу институциите, Министерството за информатичко општество подготвило Предлог-закон за електронско управување кој моментно е во собраниска процесуда. На тој начин ќе се уреди дејноста на државните органи и институциите при работењето со електронски документи, доставувањето административни услуги по електронски пат и меѓусебната размена на електронски документи и податоци. Законски ќе биде регулирано која институција има право да чува податоци и да ги дава на располагање на барање на друга институција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење, ветувам силна и одлучна битка да го вратиме во рацете на кумановци“, најави Костовски

„Огромна чест ми е да бидам кандидат за градоначалник на нашето Куманово од СДСМ и коалицијата на претстојните локални избори. Му благодарам на раководството и на претседателот Венко Филипче за довербата, и на сите оние кои застанаа зад мене. Ме радува што огромен број граѓани ми ја дадоа поддршката овие денови, што е јасен сигнал дека Куманово бара промени“, напиша на социјалните мрежи, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски.
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење. Работите веќе четири години одат во погрешна насока и тоа знам дека сите вие го чувствувате и гледате. Максим Димитриевски не заслужува реизбор – ги изневери сите ветувања дадени пред граѓаните. Куманово се дави во смет и пропадната инфраструктура, се случува урбанистички хаос кој го креира Димитриевски заради сопствените бизнис интереси. Куманово во 2025 сè уште кубури со вода, а паркинг место нема ни за лек.
Димитриевски ги изневери сите кои гласаа за него. Наместо коректор на власта, стана пион на Мицкоски и тројански коњ кој треба да ја дели опозицијата и СДСМ. Човек кој ги погази сите наводни принципи и молчи пред криминалот на неговите коалициски партнери. Човек кој ведне глава пред патронот Мицкоски. Единствено нешто што Максим добро го прави тоа неговиот бизнис со оние за кои до вчера велеше дека се криминалци.
Куманово може подобро! Ветувам силна и одлучна битка да го вратиме Куманово во наши раце, во раце на кумановци. Ветувам дека ќе одам од човек до човек за да ја пренесам мојата идеја за подобра и пофункционална општина која ќе работи во интерес на сите граѓани на Куманово. Ветувам дека СДСМ во Куманово ќе се обедини и дека СДСМ ќе се врати многу силно! Одиме на победа!“, додаде тој.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода делови од Гази Баба и Кисела Вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( четврток) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул. Михаил и Евтихиј бр. 33 во населба Кисела Вода, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Михаил и Евтихиј. ( општина Кисела Вода).
Од таму со соопштение дека поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. 30 во населба Трубарево, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населба Трубарево. ( општина Гази Баба ).