Контакт

Македонија

Владата решила да го ублажи законот против пушењето

Објавено пред

Владата, како последица на реакциите на угостителите, решила да го ублажи Законот за забрана за пушење, потврдија за Макфакс владини извори

Пушењето ќе биде дозволено на јавни собири, на стадиони, на тераси и дворни површини на угостителските објекти, како и во ноќни клубови и дискотеки, кои работат на отворено.Како последица на ова,  веќе 70 отсто од локалите во Скопје во моментов нормално функционираат, а се очекува сите ноќни клубови и кафулиња вечерва нормално да работат.Ваквите измени на Законот следат по реакциите на угостителите по неговото стапување во сила на 1-ви јануари. Откако пушењето беше целосно забрането, тие се пожалија на драстично намален промет.

Македонија

„Левица“: Без пожарникари не можеме, без Шилегов сигурно можеме

Објавено пред

Самоволието и арогантниот однос од страна на функционерите на СДС од ден во ден стануваaт се почести. Наместо да се решаваат проблемите со коишто се соочуваат работниците, тие се соочуваат со неспособноста на градоначалникот на Град Скопје – Петре Шилегов, којшто пак соочен со притисокот од сериозноста на ситуацијата, полека но сигурно го губи допирот со реалноста, обвини „Левица“.

„ Последниот испад на Шилегов се однесува на реалните и очекувани барања на противпожарната бригада од Автокоманда, коишто единствено го бараат она што им следува согласно ризичноста на работното место – надомест за ризик на работно место!

Наместо да наидат на разбирање кај „таткото“ на Град Скопје, работниците беа пречекани со крајно несериозен и игнорантски однос. Имено, Шилегов не понуди никакво решение, туку напротив, тој ги нападна и уцени работниците. Шилегов очигледно заборави на ветувањата на премиерот Заев од минатата година на средбата со претставниците на Независниот синдикат, кадешто соопшти дека се обезбедени финансиски средства за плати на сите пожарникари согласно закон и дека има зголемување на средствата за 70 милиони денари за 2020 година.

Доколку градоначалникот тврди дека одговорноста е во централната власт, која трансферира блок – дотации, тогаш нека праша во својата партија, зошто има средства за платите на советниците на Заев, кои се двојно поголеми од платите на пожарникарите! Додека коалициониот партнер ДУИ и новиот министер за финансии, Фатмир Бесими тврдат дека нема ингиренции кои можат да спречат да се исплаќа плата на вработените во администрацијата, кои патем не одат на работа и дека ова нема фискални импликации, од друга страна пожарникарите не можат да си ги добијат ниту платите за коишто работеле и им следат по закон.

Ние како политичка партија, којашто се залага за правата и интересите на работничката класа, најостро го осудуваме однесувањето на градоначалникот Шилегов и бараме од него, конечно да започне да ги решава проблемите со коишто се соочуваат овие работници, како и проблемите општо во градот, во спротивно, нека си признае дека е неспособен и нека си даде оставка.

Воедно упатуваме целосна поддршка за противпожарната бригада од Автокоманда и им порачуваме дека им стоиме на располагање со нашите капацитети во процесот на решавање на нивниот проблем“ велат од партијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пауновски: Нови вработувања ќе има следната година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Објавено пред

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека следната година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на инспекторатот Стојко Пауновски вели дека дотогаш, ќе се снаоѓаат како умеат.

„ Молиме бога инспекторите да бидат живи и здрави и да ги завршат работните задачи. Се што ни е дадено како задача максимално се трудиме да го испочитуваме. Нема место каде што требало да се направи контрола, а не сме ја направиле. Дваесет нови вработувања ќе имаме следната година и претежно ќе бидат инспектори“, рече директорот Пауновски.

Тој минатата недела се пожали дека Владата им го одбила планот за нови вработувања и им порачала да преземат вработени во администрација од другите институции, но неговиот став е дека за пазарен инспектор потребно е искуство и обука и преземањето не е решение на недостигот инспектори.

Директорот Пауновски вели дека бројот на кривични пријави за непочитување на мерките за заштита од коронавирусот почнал да опаѓа, а на терен забележале дека и граѓаните и економските оператори повеќе ги почитуваат мерките споредено со периодот досега.

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 19 д 25 октомври направил 2523 контроли и 613 вонредни надзори за непочитување на мерките и прекршување на Законите. Поднесени се 19 прекршочни пријави и 8 кривични пријави.

„ Од кривичните пријави, три се за организираните свадби и веселби во Тетово, Боговиње и Гостивар. Останатите пет кривични пријави, од кои четири се за угостителски објекти во Гостивар, еден во Скопје, се поради непочитување на протоколите за работа на угостителски објекти особено во делот на бројот на поставени маси, растојанието меѓу масите и носење маски од вработените“, соопшти Магдалена Филиповска – Грашкоска, претседателка на Инспекцискиот совет.

Дополнително инспекторите, во истиот период, донеле 66 решенија и 29 прекршочни платни налози за прекршување на Законите за забрането пушење, угостителска дејност и заштита на потрошувачи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Вицепремиерот Димитров во Париз на сесија во францускиот Сенат

Објавено пред

Клучните приоритети од ЕУ агендата за периодот што следи, предизвиците на евроинтегративниот пат, регионалните здравствени и политички случувања, заедничкиот геостратешки интерес за приближување на Регионот кон ЕУ, беа темите на кои денеска во Париз заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров разговараше на сесијата во проширен состав во францускиот Сенат, со која што претседаваше Жан-Франсуа Рапен, претседател на Комисијата за европски прашања.

„Поддршката и пријателството од еден од моторите на Унијата, токму во овој одлучувачки период за нашата европска иднина е потврдена. Северна Македонија ѝ припаѓа на Европа не само географски, ние сме дел и од планот за нејзината подобра иднина”, изјави Димитров.

Зборувајќи за актуелните случувања во нашиот регион и пошироко, вицепремиерот Димитров и француските сенатори констатираа дека Северна Македонија претставува една од најдобрите шанси за пробив во регионот, пример кој ќе покаже дека преговарачкиот процес може да успее.

„На Франција и на ЕУ ѝ се потребни партнери кои се залагаат за стабилност, добрососедски односи и регионална соработка. Позитивната траекторија на Северна Македонија не само што може да претставува поттик за останатите, туку и своевиден гарант на стабилност”, порача Димитров.

На сесијата во францускиот Сенат учествуваа претседателката на групата за пријателство Франција – Западен Балкан, Марта де Сидрак и претседателот на групата за пријателство Франција – Северна Македонија, Арно Базен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Пауновски: Нови вработувања ќе има следната година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека следната година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија40 минути

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице кое било во контакт со министерот за...

Македонија54 минути

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија2 часа

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија2 часа

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија3 часа

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет3 часа

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија4 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет5 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Македонија6 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет6 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет6 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет6 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Европа7 часа

Ватикан најави божикна прослава на папата на интернет

Божикната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет17 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија18 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа19 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија20 часа

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија21 час

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Македонија22 часа

Одобрена набавката на лекот „ремдесивир“, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет...

Досие