Македонија
Фуере: Позитивна година за развојот на Македонија
Изминатата 2009 г. беше многу позитивна за развојот на Македонија, а наоѓање решение за проблемот за името и подобрувања на меѓуетничките односи, се клучни работи на кои треба да се работи во претстојниот период
Ова го изјави денеска специајлниот пратеник на ЕУ, Ерван Фуере во обраќањато на едночасовната дебата во Европскиот парламент посветена на Извештајот за напредокот на Република Македонија.Според материјалот поставен на страницата ЕBS, амбасадорот Фуере ги поздравил визната либерализација, демаркацијата на границата со Косово, како и зачестената комуникација на македонскиот премиер Никола Груевски со неговиот грчки колега Јоргос Папандреу, посочувајќи го напредокот на Република Македонија.Специјалниот претставник на ЕУ за Република Македонија, Фуере нагласува дека од витално значење е изнаоѓањето решение за прашањето за името. Притоа, Фуере изразува надеж дека во најкус рок Македонија и Грција ќе најдат позитивно решение за спорот со името. Спроед него, иако преговорите за името официјално се водат под покровителство на Обединетите нации, сепак билатералните контакти можат значително да помогнат во решавање на спорот, пто според Фуеро е едно од клучните прашања за Македонија.Тој од Македонија побарал згоелмено ангажирање во сферата на меѓуетничките односи и апелира тие да се третираат со поголем чувствот, а повика и на поголема транспарентност и помала селективност во однос на медиумите.Фуере одбил директно да одговори на прашањето на грчки европратеник во врска со „Македонската енциклопедија“, одговорајќи дека Владата направила обид да се дистанцира од изданието запирајќи го финасирањето. Но Фуере нагласува тензиите околу Енцикплопедијата покажуваат дека во регионот на Западниот Балкан е потребно вложување големи напори за да се постигне меѓуетничко измирување.Во дискусијата известувачот за Македонија, европратеникот Зоран Талер ја повика Унијата целосно да ја помогне интеграцијата на Западниот Балкан. „Западниот Балкан е како велосипед. Кога се движи кон членство во ЕУ е добро. Стабилно е, има напредок. Процесот на визна либерализација беше јасен доказ за тоа. Ако застане, паѓа… Затоа да направиме се’ што е можно за да го задржиме движењето кон европската насока, тоа е нашата цел“, вели Талер. Европскиот парламент утре претпладне ќе гласа по амандманите на Извештајот за Македонија поднесени од словенечкиот европратеник Зоран Талер, со кои се бара во март оваа година Македонија да добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ и се повикува Брисел да помогне во надминувањето на спорот околу името.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дрога чувана под шанк во кафеана: четири лица под истрага за илегална препродажба на марихуана и хашиш во Валандовско
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничен кој во временскиот период од октомври 2025 година до 23.01.2026 година, во угостителски објект во валандовското село Јосифово, неовластено заради продажба држел 121,40 грама марихуана, 751,99 грама хашиш и 37,44 грама мешавина од хашиш и марихуана.
Дрогата била спакувана во најлонски и книжни омоти ставени во пластична кофа со капак под работната иноксна маса во објектот. Полициски службеници пронашле и една пластична вага со остатоци од наркотична дрога.
Од тие причини постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
За истото кривично дело се осомничени уште 3 лица, кои меѓусебно препродавале наркотична дрога марихуана во непосредна близина на плантажи со лозје во Јосифово. На 21 јануари едниот осомничен продал 679,97 грама марихуана на вториот осомничен, а тој потоа неовластено ја држел во штала.
Следниот ден дрогата ја однел кај третото лице во селото Пирава, кое требало да ја препакува и да посредува во купопродажбата на марихуаната на крајни корисници – зависници. При претресите полициски службеници ја пронашле дрогата, како и уште дополнителни 65,13 грама марихуана, 110 семки кои потекнуваат од растението канабис и вага со остатоци од наркотична дрога.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени дилери.
Македонија
Комисијата за одбрана и безбедност со претставници на Израел: нагласена важноста на соработката за зајакнување на националната и регионалната безбедност
Комисијата за одбрана и безбедност денеска одржа работна средба со претставник на Министерството за одбрана, Елај Калиф, и амбасадорката Вивиен Аисен на Државата Израел, на која се дискутираше за соработката во областа на одбраната и безбедноста. Посебен акцент беше ставен на соработката во рамките на НАТО, како и на размената на искуства и добри практики од областа на одбраната.
Претставникот на Министерството за одбрана на Државата Израел ги презентираше глобалните безбедносни тенденции кои влијаат врз Израел, како и можностите за соработка со земјите од Балканот и Балтикот. Во тој контекст, беше истакната потребата од започнување структуриран дијалог во областа на одбраната и безбедносната поддршка.
Претседателот на Комисијата, Павле Арсоски, ја нагласи претходната соработка со Центарот за обука на пилоти, посочувајќи ги придобивките и значењето на оваа соработка за унапредување на одбранбените капацитети.
Пратениците, во своите излагања, ја потенцираа суштинската важност на соработката со Државата Израел во областа на одбраната, како значаен елемент за зајакнување на националната и регионалната безбедност и стабилноста на Балканот.
Македонија
Појава на магла на Стража, државните патишта проодни и безбедни за сообраќај
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот премин Стража.
Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај, соопшти АМСМ.
Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

