Македонија
„Форуми во заедницата“ за условите во училиштата во Аеродром
Граѓаните на Општина Аеродром ќе имаат можност во петок да дадат идеи за подобрување на условите во училиштата и градинките
Утре, петок 29 јануари, во холот на основното училиште Ѓорѓија Пулевски во Општина Аеродром со почеток во 18 часот ќе се одржи четвртата форумска сесија во рамки на програмата „Форуми во заедницата”, соопштуваат од Општината.Форумот е отворен за сите граѓани на Општината Аеродром со наполнети 16 години, кои имаат желба да се вклучат и да даваат идеи и предлози околу подобрување на условите во училиштата и во градинките. Програмата Форуми во заедницата во Општина Аеродром се спроведува во соработка со ЗЕЛС и финансиска помош од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). Програмата е можност жителите сами да одлучуваат кои се приоритетите за социо-економски развој на општината и кои активности може да се спроведат за подобрување на состојбата на локалната заедница.Проектите што ќе произлезат од форумотќе ќе се финансираат со буџет од шест милиони денари од кои два милиони ќе обезбеди Општината, а 4.000.000 денари се донација од Швајцарската агенција за развој и соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

